Најмалку 16 лица го загубија животот, а повеќе десетици се повредени во две тешки сообраќајни несреќи што денеска се случија во Турција, во близина на Анталија и во провинцијата Бурдур. Во првата несреќа, патнички автобус излетал од патот и се превртел во турската провинција Анталија, откако возачот не успеал да ја совлада кривината. Според локалните власти, загинале најмалку девет лица, а голем број патници се повредени и се пренесени во ...

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според ...

Се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно со Албанија бил пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН, рекол министерот за култура Зоран Љутков. Посочи дека за една и пол година откога го презел ресорот направени се големи интервенции и големи заложби во Охридскиот Регион, но оти периодот е краток за да се донесат крупни одлуки. -Донесовме големи заклучоци на комисијата за УНЕСКО, формиравме кризен ...

Преговорите меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби на 4 и 5 февруари, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој вели дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија” и сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната (Москва-Киев). Ви благодариме на сите што помагате!“, рече тој. Ни Москва ниту Вашингтон не ги потврдија информациите што ги сподели Зеленски. ...

Од денеска почнаа градежните активности на Булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза. – Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македонија“, нешто за што се говори ...

Полициските билтени во Македонија се полни со откриени криумчарења на марихуана. Речиси и да нема ден МВР да не посочи некој нов улов на криминалци со цели пакети полни со лисјата, цветните делови и семето на ова растение. Пред два дена ,три лица од Скопје се уапсени, а транспорт на дури 150 килограми марихуана е пресечен од полицијата кај Свети Николе. Криумчарите биле сериозно организирани и подготвени. Ден претходно лишен од слобода е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе започне со купување нафта од Венецуела наместо од Иран, како дел од договор постигнат со САД. Изјавата ја даде синоќа пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, додека патуваше од Вашингтон кон својот имот во Флорида. – Веќе го постигнавме договорот, односно концептот на договорот – рече Трамп. Претходно, американски медиуми објавија дека Вашингтон го информирал Њу Делхи дека Индија ...

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски забележа одличен настап на митингот во Горзов, Полска, каде го освои третото место со скок од 7.82 метри. Натпреварот е со сребрена етикета во рамки на континенталните митинзи под покровителство на Европска атлетика, што дополнително ја нагласува вредноста на остварениот резултат. Со овој настап, Трајковски уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток од ...

Најмалку 87 лица досега ги загубиле животите како последица на силната снежна бура што ги погоди Соединетите Американски Држави. Причините за смртта, според американските медиуми, вклучуваат хипотермија, труење со јаглерод моноксид и различни несреќи, откако екстремните временски услови донесоа обилни снежни врнежи и исклучително ниски температури на источниот брег на земјата. Услови слични на снежна бура го зафатија југоистокот и поголемиот ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе присуствуваат на официјалното означување на почетокот на изградбата на првата фаза од булеварот Македонија. Проектот опфаќа изградба на пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“, во централното градско подрачје. Од Владината прес-служба информираат дека на настанот се ...

Од денеска започнува казнувањето преку електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово, како и на автопатските коридори 8 и 10. Системот автоматски ќе ги евидентира најчестите прекршоци, а возачите ќе добиваат известувања за сторените прекршоци преку СМС пораки и електронска пошта. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека „Безбеден град“ постепено ќе се прошири на целата територија на ...

Најмалку 14 лица загинале во напад врз полициска станица во населбата Шеик Радван, во северниот дел на градот Газа, изјави за агенцијата ДПА портпаролот Махмуд Басал. Според неговите информации, уште седум лица го загубиле животот во јужниот дел на Појасот Газа, откако бил погоден шатор во кој биле сместени внатрешно раселени лица. Од израелската армија соопштија дека биле извршени напади врз команданти и инфраструктура на, како што ги ...

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во скопската општина Ѓорче Петров, при што избувнал пожар, кој бил навреме изгаснат од членовите на семејството. Во инцидентот нема повредени лица. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен, настанот бил пријавен во 03:22 часот од 49-годишна жена. Според информациите, едното шише паднало во дворот, во близина на паркирано ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при вчерашна акциска контрола на СВР Тетово биле одземени ножеви и метален боксирач од малолетници во угостителски објекти на подрачјето на Тетово. Како што информира МВР, контролата била спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот. Во угостителски објект на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени повеќе ножеви и метален боксирач. Во исто време, при ...

Машката македонска ракометна репрезентација денеска го дозна можниот пат до пласман на Светското првенство во Германија во 2027 година. Македонија во баражот ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка. Бараж-натпреварите се закажани за 13–14 и 16–17 мај 2026 година, а репрезентацијата што ќе биде подобра во двата дуела ќе избори настап на Мундијалот. За Македонија ова би значело осмо последователно учество на светските ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна акција за чистење и уредување на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од целата држава. Тој информира дека во активностите се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, со цел да се среди, како што нагласи, срцето на македонското здравство, кое со години било запоставено. Акцијата, ...

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје “ да работи според еколошките стандарди зашто, порачаа тие – скопјани имаат право на здравје и живот. Протестниот марш почна од Владата преку Собранието и заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање, од кое побараа да одлучува според најдобрите европски стандарди кога на 12 ...

„Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата“, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на ...

Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза. Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка. Другите двојки за пласман на СП 2027 се: Победник Босна и Херцеговина / Косово – Фарски острови Чешка – Франција Швајцарија ...

Повеќето скопјани сакаат да спортуваат. Но, за жал Скопје нема доволно спортски терени или оние кои ги има не се доволно одржувани. Затоа и завчера жителите на Железара со одобрување ја примија веста дека премиерот и градоначалникот на Општина Гази Баба удрија камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев” во таа населба. Претходно низ Скопје се поправаа и некои игралишта, а се најавува и дека ќе се реконструираат други. Добро. ...

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои во тој момент се превезувале, јави државната телевизија ТРТ Хабер. Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време во областа Османгази, каде што се наоѓаат голем број хотели и капацитети за зимски туризам. Поради дефектот, десетици луѓе останаа заглавени во кабините на неколку метри над земјата. Веднаш ...

Жител на гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта пронашол починат член на своето семејство. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, С.Р. пријавил дека во шахта која се наоѓала во дворот на куќата на неговиот братучед го пронашол починат својот вујко А.Џ., на возраст од 75 години. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и екипи на криминалистичката полиција од Гостивар. По ...

Советот на Општина Кочани едногласно ја поддржа изградбата и уредувањето на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, како дел од иницијативата на здружението „16 март 2025 Кочани“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ на вчерашната 9. седница на Советот. Со одлуката, градоначалникот доби овластување да формира работно тело кое ќе го реализира проектот. Во составот ќе бидат вклучени претставник на Советот, претставник на ...

Прашањето за висината на минималната плата треба да се реши преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, а Владата во тој процес може да има само улога на посредник. Ова е ставот што денеска од Тетово го изнесе премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите. „Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во ...

Елена Рибакина е освојувач на првиот гренслем трофеј за оваа 2026 година и тоа на АО. Тенисерката од Казахстан, предмалку во големото финале успеа да ја победи големата фаворитка и прва на ВТА листата, Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и со тоа да дојде до својот втор шампионски трофеј на гренслемовите по оној на Вимблдон во 2022 година. Секако дека ова е голем удар за популарната Сабаленка, но сепак Рибакина беше подобра во ова финале и на ...

Против Романија е покрената правна постапка од страна на Европската комисија поради кршење на директивите за управување со отпад. Романија во неколку наврати била предупредувана од страна на ЕК дека има рок до 2017 година да затвори девет нелегални депонии кои не ги исполнуваат европските стандарди, но тоа не се случило. Вакви предупредувања добила и Чешка на која ѝ биле дадени два месеца да го реши проблемот со одлагање на необработен отпад ...

Документот издаден од страна на Президиумот на АСНОМ пред 81 години на денешен ден, 31 јануари 1945 година носи број 581/45, и по форма не е многу различен од бројните други кои што ги издавала оваа прва македонска влада во ослободената Македонија. Но, сепак, беше документот е многу важен акт. Односно – историски! Во него е впишано основањето на Македонски народен театар, акт со кој – театар на македонски јазик – стана реалност. Сонот и ...

Во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, кој е закажан со почеток во 12 часот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека маршот ќе започне пред зградата на Владата на булеварот „Илинден“, ќе продолжи десно по булевар „ВМРО“, потоа по улицата „Васил Главинов“, лево по „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11 Октомври“ до пред ...

Најновите податоци од „броењето” на водни птици, спроведен месецов од Македонското еколошко друштво, пак алармираат и го ставаат Охридското Езеро во фокусот на загриженоста за состојбата на неговиот екосистем. Бројот на водни птици годинава изнесува околу 14.000 единки, значително помалку во споредба со минатата година, кога биле изброени над 26.000 птици. Екологистите предупредуваат дека станува збор за подолгорочен тренд кој сериозно може ...

Од утре официјално полицискиот систем „Сејф Сити” почнува да казнува. На почетокот ќе се регистрираат прекршоците: надминување на дозволена брзина, поминување на црвено, непрописно паркирање и управување со нерегистрирано возило. Стравот од казните веќе го потсмири возењето низ Скопје. Парите од кои ќе треба да се опростат несовесните возачи не се мали. Најстого ќе се казнува поминувањето на црвено светло, со 250 евра, и одземање на возачката ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
88%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
0.51
47%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.89
70%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.16
98%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
71%
1014
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
1.34
57%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
6.71
72%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1016
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Платина

67516.57

Паладиум

49815.70

Калај

49.91

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.60

Цинк

3.44

Бакар

12.22

Родиум

324722.54

Рутениум

55395.74