Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Бесплатни терапии за ментално здравје ќе бидат достапни за граѓаните во Драчево, како нова услуга што ја воведува Општина Кисела Вода. Услугата има за цел да обезбеди стручна психолошка поддршка и советување за лица кои се соочуваат со различни психолошки предизвици. Општината со оваа мерка ја проширува понудата на социјални услуги и најавува континуирана поддршка во оваа област. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Бесплатни терапии за ...
Бесплатни стоматолошки прегледи за деца и пензионери обезбедува Општина Центар, како дел од континуираните мерки за подобрување на здравствената заштита и превенцијата кај граѓаните. Услугата се реализира во соработка со Стоматолошкиот факултет во Скопје и опфаќа повеќе категории, вклучително ученици, деца од градинки и пензионери. Проектот има за цел рана превенција, подигнување на свеста за орална хигиена и обезбедување навремен пристап до ...
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Велковски, денеска ја посетија градинката „Росица”, каде се дружеа со децата и воспитниот кадар. Посетата е дел од активностите насочени кон унапредување на условите во предучилишните установи и поддршка на најмладите. Притоа беше истакната важноста од инвестиции во раниот детски развој и обезбедување квалитетни услови за ...
Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода реагира дека на улицата „Козјак” во моментов се врши сеча на повеќегодишни дрвја, со цел ослободување простор за изградба на нов објект. Од партијата изразуваат загриженост дали за оваа интервенција постои соодветна дозвола, согласно Законот за урбано зеленило, посочувајќи дека лицата на терен не знаеле да потврдат дали имаат одобрение. СДСМ поставува повеќе прашања до надлежните институции – ...
Општина Илинден започна пролетна акција за раззеленување и уредување на јавните површини, со цел подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. Во рамки на акцијата се врши засадување нови садници, хортикултурно уредување на паркови и зелени површини, како и разубавување на повеќе локации низ општината. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Општина Илинден започна пролетна акција за раззеленување и уредување на ...
Општина Кисела Вода отвори шелтер-центар за жртви на семејно насилство, информираше денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Центарот е наменет за привремено згрижување на лица во ризик. Во него ќе се обезбедуваат безбедни услови за престој, како и психолошка и социјална помош. Проектот има за цел да им помогне на жртвите да излезат од насилната средина и да започнат нов почеток. Надлежните посочуваат дека ваквите услуги се клучни за заштита ...
На влезот во Бардовци, од страната на Визбегово, пролетта знае да понуди слика што лесно те освојува. Расцветани дрвја, разеленето поле и мир што потсетува на живот надвор од градската бучава. Но, таа идилична глетка секоја година добива и своја темна сенка. Покрај патот никнуваат мали депонии што ја расипуваат целата слика. Расфрлан градежен шут, стари каучи и троседи, гуми и автомобилски делови – се тоа стои како доказ за човечката ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 ...
Во недела, на 22 март, во Скопје ќе се одржи атлетска улична трка, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во делови од градот, информира Министерството за внатрешни работи. Настанот ќе се реализира во периодот од 07:30 до 11:30 часот, со старт и цел на булеварот „Јане Сандански“. Трасата ќе опфати делови од овој булевар, од крстосницата со булеварите „Србија“ и „Видео Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир ...
Европската народна партија, најголемата политичка група во Европа, побара специјално сослушување во Европскиот парламент за комесарката за проширување Марта Кос за обвинувањата дека соработувала со УДБА, поранешната тајната полиција на федеративна Југославија. Кос во 2024 година ги негираше овие обвинувања за време на нејзиното сослушување, пред изборот во Парламентот. Но, обвинувањата повторно се појавија минатата недела, откако словенечката ...
Чак Норис, легендарниот мајстор на боречки вештини и неуништлив херој на акционите филмови и култната серија „Вокер, Тексашкиот ренџер“, почина на 86-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство во петокот, откако актерот беше хоспитализиран на Хаваи еден ден претходно. Холивудската икона, која беше синоним за боречка правда и непобедливост за генерации гледачи, почина во четвртокот на Хаваи на 86-годишна возраст. Чак Норис ...
Пентагон подготвува повеќе сценарија за можни воени активности, но засега нема донесена одлука за испраќање американски копнени сили во Иран, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Според информации на американски медиуми, воените претставници изработиле детални планови за евентуално распоредување трупи, со цел да му обезбедат на претседателот Доналд Трамп повеќе опции во одлучувањето. Сепак, Ливит нагласи дека ваквите подготовки ...
Хакери поврзани со руските разуранавачки служби целат на корисници на популарни апликации за размена на пораки како „Сигнал“, објави во петокто американското Федерално истражно биро и Агенцијатз за кибернетичка инфраструктурна сигурност. Во заедничко предупредување се наведува дека хакерите успешно пробиле илјада кориснички профили, пишува „Ројтерс.“ Според објавените инфомации, нападите се насочени на специфична група луѓе. „Активноста цели ...
Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека во моментов не постојат непосредни безбедносни закани за Италија, и покрај предупредувањата од Иран за можни напади врз туристички дестинации. Тој оцени дека заканите се прилично нејасни, но нагласи дека не смеат да се игнорираат. Тајани посочи дека безбедносните и разузнавачките служби во Италија веќе презеле засилени мерки на претпазливост од почетокот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака прекин на огнот во конфликтот со Иран. На прашањето за повторно отворање на Ормускиот теснец, тој рече: „Ние не го користиме. Во еден момент, сам ќе се отвори“. Додаде дека „би било добро“ земјите што го користат теснецот, како Кина, да се вклучат во неговото обезбедување. Ормускиот теснец е речиси блокиран од 28 февруари, кога започнаа судирите, поради напади врз бродови и ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на своите операции на Блискиот Исток, јавија американските медиуми повикувајќи се на објава на американскиот лидер на Truth Social. „Многу сме блиску до постигнување на нашите цели, па затоа размислуваме за постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток против терористичкиот режим во Иран“, напиша тој. Трамп напиша и дека целите на САД се ...
Романскиот конзул во Хаифа, Адријан Бринковеану, ги демантираше информациите што се шират на интернет за наводна забрана на велигденските богослужби и церемонијата на Светиот Оган во Црквата на Христовото Воскресение. Во објава на социјалните мрежи, тој нагласи дека станува збор за непроверени и неточни тврдења кои предизвикале вознемиреност кај верниците, апелирајќи јавноста да се информира исклучиво од официјални извори. Бринковеану истакна ...
Пратеничката група на Левица ќе поднесе предлог-измени на Законот за одбрана, со кои се воспоставува јасна правна рамка за учеството на Армијата на Република Македонија во операции надвор од територијата на државата. Пратеникот Амар Мециновиќ, информираше дека со предложените измени, учеството ќе биде дозволено исклучиво во меѓународни мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите Нации. Целта на партијата е да се обезбеди дека ...
Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Пролетта ...
Муслиманите во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан, деветиот ...
Утрово најстудено во Македонија е на Попова Шапка, каде се измерени -9 степени Целзиусови, а воедно таму е регистрирана и највисока снежна покривка од 59 сантиметри. По ниските температури следува Крушево со -4 степени, додека -3 се измерени во Берово и Маврови Анови. Температура од -2 степени е забележана во Битола, а -1 во Охрид и Претор. Во повеќе градови утрово температурата се движеше околу нулата, па така 0 степени се измерени во ...
Владата за утре најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се ...
Пожар избувнал на улицата „Дебарца“ во Прилеп, при што биле зафатени куќа и помошна просторија во сопственост на прилепчанецот Д.Р., информираат од полицијата. Настанот бил пријавен на 20 март околу 16:40 часот во ОВР Прилеп, по што на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица. Пожарникарите успеале да го локализираат и целосно да го изгаснат огнот. За време на интервенцијата, еден пожарникар се здобил со повреди. Станува збор ...
Осумгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Радовиш – Конче, на самиот влез во селото Конче. Настанот бил пријавен вчера околу 18:30 часот во ОВР Радовиш. Според информациите од полицијата, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.А. од Радовиш, удрило во детето. По несреќата, повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Штип, каде ...
Новите научни анализи покажуваат дека постојните лекови би можеле да понудат нови решенија во борбата против Алцхајмеровата болест, а меѓу најперспективните кандидати се издвојува и лекот за еректилна дисфункција „вијагра“. Експертски панел составен од 21 научник анализирал десетици лекови и вакцини, при што од вкупно 80 потенцијални кандидати, на врвот на листата се нашле три: силденафил („вијагра“), вакцината против херпес зостер ...
Македонија ќе ја пречека селекцијата на Германија во Скопје во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026. Натпреварот е закажан за 8 април со почеток од 18:00 часот и ќе се одигра во спортскиот центар „Борис Трајковски“. По четири одиграни кола во квалификациската група, Германија е лидер со максимални осум бодови и веќе обезбеди пласман на континенталниот шампионат. На второто место се наоѓа Словенија со четири бода, додека ...
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски настапи на Светското првенство во сала, кое се одржува од 20 до 22 март во Торун, Полска. Стојоски се натпреваруваше во шестата квалификациска група во дисциплината на 400 метри, каде го освои петтото место со време од 47,83 секунди, што претставува негов најдобар резултат за оваа сезона. Во вкупниот пласман, македонскиот атлетичар го зазеде 24. место од 25 учесници во оваа дисциплина. Поврзани вести: ...
Во соработка со Францускиот институт во Скопје, годинава е отворен конкурс за најдобар фил(м)ософски есеј, кој го поврзува филмот со филозофската мисла. Темата е инспирирана од култниот филм „Омраза“ од 1995 година, во режија на Матe Касовиц, и носи наслов: „Анатомија на еден пад: ‘Засега е добро…’ или зошто одбиваме да го гледаме распадот околу нас?“. Како дел од програмата, на 9 април во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се ...
Во последните 24 часа во земјава се регистрирани повеќе случаи на семејно насилство, при што пет лица се лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Вкупно се поднесени шест пријави, а осомничените се товарат за физички напади, закани и вознемирување на блиски лица. Првиот случај е евидентиран на 18 март во Кичево, каде 33-годишен маж бил приведен по пријава од неговата сопруга за физички напад. Истиот ден, во Тетово бил ...
Меѓународна поморска организација (IMO) усвои декларација со која повикува на воспоставување безбеден морски коридор за евакуација на трговски бродови блокирани во Персискиот Залив, откако Иран ја затвори Ормускиот Теснец. Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингес, истакна дека мерката е клучна за безбедноста на поморскиот сообраќај и има за цел да спречи хуманитарна и економска криза. – Одлуката за воспоставување хуманитарен ...