Февруари е еден од оние месеци кога астролошките настани не само што ги опишуваат чувствата, туку директно ги провоцираат. Наместо јасни одговори, месецот носи внатрешен притисок, шок, замор и потреба за преиспитување. Со Полната Месечина, Соларната еклипса, ретроградниот Меркур и големите планетарни поместувања, февруари 2026 се чувствува како период на психолошки и животен пресврт. Ова не е месец за брзи реакции. Напротив – нервниот систем ...

Јавноста чека дали денеска ќе има средба на познатиот кардиолог Сашко Кедев и министерот за здравство Азир Алиу околу оставката на кардиологот од Здравствениот совет. Оставката на Кедев, кој прв сигнализираше за можни злоупотреби со непотребни хируршки интервенции во приватните болници, од Комисијата за испитување на овие сомнежи ја отвори дилемата: дали процесот навистина оди кон целосно расчистување на случајот или, пак, се одвива ...

Највисоките американски и израелски генерали одржаа разговори во Пентагон на тема Иран. Нема детали за разговорите зад затворени врати, на кои присуствувале шефот на генералштабот на американската војска генералот Ден Кејн и шефот на вооружените сили на Израел, Ејал Замир. САД веќе испратија воени бродови и ја засилија својата противвоздушна одбрана на Блиски Исток, додека Доналд Трамп постојано му се заканува на Иран со воена акција. ...

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година кој започнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија. Министерката Сања Божиновска, денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати ...

Поранешниот британски министер Питер Манделсон се повлекува од Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите. Манделсон, кој, минатата година беше сменет од функцијата британски амбасадор во САД по откритијата за неговите врски со Епштајн, претходно беше клучен во изборната победа на Тони Блер кој ...

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото На 02.02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото ...

На црвениот тепих на Греми наградите 2026, најголемите имиња во музиката се обидоа да ја погодат совршената нота уште пред официјалната церемонија да започне. Од незаборавниот свилен шифон-фустан на Версаче што Џенифер Лопез го носеше во 2000 година — толку коментиран што директно доведе до создавање на Google Image Search — преку Лејди Гага, која во 2011 пристигна во „јајце-структура“ дизајнирана од Хусеин Чалајан, па сè до тиркизната шапка ...

Обвинители, судии и адвокати од Нови Сад ќе протестираат пред судот во Нови Сад поради усвојувањето на пакет судски закони предложени од владејачката Српската напредна странка. Законите беа изгласани од Парламент на 28 јануари, а претседателот Вучиќ ги потпиша на 30 јануари, и покрај предупредувањата од ЕУ тие да бидат ревидирани и усогласени со европските стандарди. На прекин на работата повикаа и дел белградски судии и адвокати. МОЖЕБИ ЌЕ ...

Филмот One Battle After Another на режисерот Пол Томас Андерсон ја освои главната награда — Филм на годината — на 46. издание на London Critics’ Circle Film Awards, што се одржа во неделата вечер, во лондонскиот хотел May Fair. Политичкиот трилер, во кој главна улога толкува Леонардо Дикаприо, доминираше на церемонијата, при што Андерсон беше награден и за режисер на годината и сценарист на годината, додека Шон Пен ја освои наградата за ...

Љубителите на The Devil Wears Prada конечно дочекаа. Објавен е најновиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на култниот филм, Ѓаволот носи Прада 2. Во прегледот, кој следува по краткиот тизер од минатата година во кој се појавија Миранда Присли (Мерил Стрип) и Енди Сакс (Ен Хатавеј) во лифт, гледачите се сведоци на повторната средба меѓу Енди и нејзината поранешна колешка, асистентката Емили Чарлтон (Емили Блант). Средбата открива што ...

Во денот кога целата македонска јавност е со вперени очи во тоа колку ќе се смират безобразните возачи откако се пушта во оптек системот „Сејф Сити”, во битолско уапсен возач кој возел навистина безобѕирно. Имено, вчера во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници лишиле од слобода 22-годишник бидејки при контрола на сообраќајот со радар, припадницитен на МВР констатирале дека возел со 139 километри на час, каде што брзината е ...

Милорад Додик изјави дека неговата цел останува иста: Република Српска, независна од Босна и Херцеговина, и е убеден дека кога би прогласила независност, ќе биде признаена од 15 земји во рок од неколку дена. Доналд Трамп лани ги укина санкциите врз Додик и неговите блиски соработници. Тој е поканет и на молитвен појадок во Вашингтон организиран од американскиот претседател. Во текот на оваа недела, Додик разговараше со премиерите на Израел, ...

Обвинителство во Косовска Митровица одредило притвор до 48 часа на 34 претседатели на избирачки места кои се осомничени за фалсификување на резултатите од гласањето на парламентарните избори одржани на 28 декември. Централната изборна комисија во саботата, по завршувањето на пребројувањето на гласовите, ги објави конечните резултати од изборите одржани на 28 декември, но не го одобри објавувањето на конечните резултати за Српската листа, ...

Најмалку 38 лица починале од хипотермија во Полска оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година, објави заменик министерот за внатрешни работи, Веслав Шчепањски. Се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од смрзнување би можел да се искачи на 40. Тој исто така истакна дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид. Ширум земјата се поставени специјални шатори со греење кои ...

Цела Германија е во голем проблем во јавниот превоз поради предупредувачкиот штрајк на синдикатот на транспортните работници. Автобусите, трамваите и возовите од подземните железници кај многу општински транспортни компании останануваат во депо поради штрајкот. Погодени се 15 сојузни покраини. Луѓето кои патуваат до работното место и учениците се соочуваат со големи проблеми. Синдикатот „Верди” во преговорите со здруженијата на работодавачи ...

Тренто приреди големо изненадување и славеше на гостински терен против фаворизираната Виртус Болоња со 85:87, во натпревар решен во драматична завршница, иако домаќините имаа предност во последните минути. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра одличен меч и повторно беше меѓу најважните алки во составот на Тренто. За 32 минути на паркетот постигна 12 поени, додаде 6 скока и 2 асистенции, давајќи значаен придонес во големата ...

Утрово, на првиот работен ден откако почна со казнување системот „Сејф сити” во Скопје беше видливо попрописното возење. -Се движиме поспоро од порано, но редот што се создаде ги намали ризичните ситуации па возењето е полесно, ни рече возач на крстосницата кај Тутунски. Повнимателното возење го потенцира и министерот Тошковски објаснувајќи дека вчера до 20 часот системот изрекол само околу 500 казни. -Укажувам огромна благодарност до ...

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија од 09 до 11 часот ќе останат жителите од булеварот „Јане Сандански“ број 30, во општина Аеродром, информираат од ЕВН Македонија. Во истиот временски период прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Поради планирани зафати на електродистрибутивната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека финансиските проблеми на Обединетите нации може многу лесно да се решат доколку земјите што не ја платиле членарината бидат натерани веднаш да ги подмират обврските. Во телефонски разговор за „Политико“, Трамп рече дека не бил запознаен со тврдењата дека САД не ги исполнуваат целосно своите финансиски обврски кон ОН. Тој изрази уверување дека може брзо да обезбеди финансиска стабилност на ...

Секогаш недостасува урбана опрема низ Скопје. Но, загрижува и фактот дека онаа поставената дел од скопјаните ја уништуваат или крадат. За да се надмине тоа, пред некој ден, скопскиот градоначалник заедно со министерот за спорт извршија обиколка на кејот на реката Вардар, каде што започнува реконструкцијата на спортските терени. А има бајаги потреба од реконструкција. Многу од спортските терени и фитнес зони се буквално силувани од неразбрани ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови од земјата. Во овие региони ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека во источните делови ќе има слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 9 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со слаб ветер ...

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на алтернативниот патен правец село Марвинци – Валандово. Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, каде видливоста е намалена до околу 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази надеж дека Вашингтон може да постигне договор со Техеран, откако претходно иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупреди дека евентуална војна меѓу САД и Иран би можела да прерасне во регионален конфликт. На новинарско прашање за негова реакција на зборовите на Хамнеи, Трамп рече дека не е изненаден. – Секако дека ќе го каже тоа. Се надевам дека ќе постигнеме договор. Ако не ...

Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер” – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет. Досегашните тврдења дека дислокацијата е „невозможна мисија” се должат на застарени економски модели. Светот веќе одамна ги трансформира тешките индустриски капацитети во нови, еколошки градски четврти преку самофинансирачки механизми. 1. Моделот: „Вредност на ...

Данската ракометна репрезентација е нов европски шампион, откако во финалето одиграно во Хернинг ја совлада Германија со убедливи 34:27. Со оваа победа Данска по четврти пат во својата историја го освои Европското првенство и првпат по титулата во 2012 година. Најефикасни во редовите на новиот шампион беа Симон Питлик со осум погодоци, како и Јохан Хансен и Матијас Гидсел со по седум гола. Кај Германија, најмногу се истакнаа Јоханес Гола, ...

Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров ќе се доградува и надградува, со што значително ќе се подобрат условите за настава и престој на учениците. Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно донел одлука училиштето целосно да се ослободи од плаќање комуналии за реализација на проектот, со цел побрза и поефикасна изградба. Од Општината информираат дека со оваа инвестиција ќе се обезбедат дополнителни просторни ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.М. (50) од Скопје, откако бил вмешан во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“. Несреќата била пријавена околу 16:15 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управуван од М.М., „тојота“, управувана од А.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Г. и ...

Кривична пријава ќе биде поднесена против 44-годишен жител на Охрид кој бил затекнат како управува моторно возило и покрај тоа што имал активна заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило“. Како што соопшти СВР Охрид, денеска околу 17 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (44) од Охрид. По извршените проверки било ...

На автопатот Скопје – Велес се случи сообраќајна несреќа како последица на одрон на карпи, камења и земја на коловозот, што го отежна и наруши одвивањето на сообраќајот на оваа фреквентна делница. Според првичните информации, до инцидентот дошло откако одрон од околната косина паднал на патот, при што товарно возило налетало на насобраниот материјал. На терен сеуште ги нема службите за итна помош и патните служби. Засега нема официјални ...

Поради врнежи од снег, сè уште е во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, воведена утрово во 9:20 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места во западните и југозападните делови од државата, на одредени делници има помали остатоци од кашест снег на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
0.89
73%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
90%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 4ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.2
77%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.58
98%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
77%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
58%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1012
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
72%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
72%
1016
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Родиум

324722.54

Сребро

2840.84

Рутениум

55395.74

Калај

49.91

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.60

Цинк

3.44

Кобалт

45.39

Паладиум

49815.70

Платина

67516.57

Злато

166450.52

Бакар

12.22