Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Тензиите меѓу САД и Иран растат. Вашингтон трупа многу оружје на Блискиот Исток, но Иран не прифаќа да му бидат наметнати ставови од САД. Пратеникот на Вашинтон за преговорите со Техеран Стив Виткоф истакна дека Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал” и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма. – Сепак, е тешко да се натераат да го сторат тоа, рече Виткоф. Инаку, Техеран истакнува дека ...
– Црната кутија за владеењето на ДУИ, конечно, се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа Мала Речица се тресе од страв бидејќи не знаат за што сè е подготвен да проговори Артан, се вели во денешното сооопштението од Коалицијата „Вреди“. Од таму велат и дека откако ДУИ катастрофално изгуби на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Владата, ...
Срамот кон британската кралска фамилија кој го нанесе принцот Ендру, братот на британскиот Крал Чарлс се зголемува. Истрагата покажала дека неодамна приведениот принц додека бил британски трговски претставник, наплаќал масажи и прекумерни патни трошоци на товар на даночните обврзници. Поранешен службеник од Министерството за трговија на Велика Британија потврдил дека трошоците кои ги правел принцот се губеле во разни буџети и ретко се знаело ...
Во реката Уна кај хрватскиот град Росуље утрово се превртел чамец во кој имало повеќе луѓе. Полициските службеници и припадниците на Хрватската крајбрежна стража веднаш притекнале во помош. Пронајдени се едно живо машко лице и едно безживотно машко тело. Интензивно се трага по исчезнатите. Од полициската управа во Сисак потврдија дека станува збор за мигранти. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Во реката Уна кај хрватскиот град Росуље ...
Синоќа во римскиот амфитеатар „Арена ди Верона” беа затворени Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, на кои настапија 2.891 спортисти од 92 држави. Олимпиското знаме му беше предадено на наредниот организатор – Франција. Четврти пат по ред на Зимските олимписки игри, Норвешка беше најуспешна нација со 18 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали. За многумина отсуството на руските спортисти ја намали силината на конкуренцијата и ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека постои растечка недоверба внатре во ЕУ поради Украина, поради тоа што раководството на Унијата продолжува да го поддржува Киев на штета на земјите членки. Фицо истакна дека проблем особено би било одобрувањето на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Тој континуираното финансирање на Украина го нарече „идеолошко лудило”. Фицо рече дека ЕУ мора да преземе иницијатива за мирно решавање на ...
Сообраќајна несреќа се случила на автопатот Штип – Миладиновци, во која учествувале повеќе возила, а сообраќајот се одвива по една лента. Според првичните информации, во судирот биле вклучени автомобили „Опел“ и „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, како и две возила „Сеат“ со скопски ознаки и едно „Голф“. На возилата им е причинета значителна материјална штета. Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во ТВ интервју дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „веќе ја започнал” Третата светска војна. Зеленски рече и дека неговиот став за конфликтот е различен од оној на американскиот претседател Доналд Трамп. Го прокоментира и поранешното укажување на Трамп дека е диктатор. -Јас не сум диктатор, јас не ја започнав војната, истакна Зеленски со насмевка. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Какви информации ќе даде во истрагата Груби за Заев, Ковачевски, Спасовски… Утрово, како што веќе информиравме, на Блаце уапсен Артан Груби. Се очекува да даде важни информации од работењето на Владата во која беше дел. Според информациите тој се очекува да каже повеќе за зделките на Оливер Спасовски, браќата Заеви, Зоран и Вице, Ковачевски и други луѓе од тогашната владина врхушка, случаи за кои веќе МВР работи. Инаку Груби од 9. декември ...
Денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел ќе останат без електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Марко Крале“, во близина на објектот број 51 во општина Бутел, додека од 08:35 до 11 часот прекин ќе има и на улицата Радишанска. Од 08:30 до 10 часот струја нема да имаат и жителите на улица „Козле“, зад фабриката „Реплек“ во општина Карпош. Во периодот од 12 до ...
Силна зимска бура го зафати североистокот на САД, поради што денеска се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови. Локалните власти предупредуваат на обилни врнежи од снег, силни ветрови и опасни услови за патување. United States Postal Service соопшти дека невремето, кое го погодува подрачјето од Вашингтон до Нова Англија, може да предизвика доцнење во обработката и доставата на пошта и пакети. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерка „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка. Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на ...
Немесио Осегуера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, водач на Картел на новата генерација Халиско, е убиен за време на воена операција за негово апсење, соопштија мексиканските власти. Шеесетгодишниот Осегуера важеше за еден од најбараните криминалци во Мексико и САД. Американските власти нудеа награда од 15 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење. Картелот ЦЈНГ е обвинуван за шверц на големи количини дрога, вклучително и ...
Според најавата на Управа за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 8 и 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и умерено облачно време со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 11 степени. Од ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени. Следува период на стабилно време, освен во вторник кога ...
За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае седум седмици до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април. Велигденски пост, што завршува на Велигден значи подготовка на душата и телото за Великиот празник. Постот нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Строгиот пост предвидува постење на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува ...
Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на Доналд Трамп, што го натера да објави нови глобални тарифи од 15 проценти. Европската комисија го повика Вашингтон да биде „јасен“ во врска со мерките што се подготвува да ги преземе по пресудата на највисокиот ...
Американската машка репрезентација во хокеј на мраз го освои златниот медал на Зимски олимписки игри 2026 по драматична победа од 2-1 над Канада во финалето одиграно во Милано. Херој на триумфот беше Џек Хјуз, кој го постигна победничкиот гол во продолжението и ѝ донесе на својата селекција прво олимписко злато по 46 години. По израмнетите 1-1 во регуларниот дел, победникот беше решен во продолжение три на три. Канаѓаните ризикуваа во напад, ...
СВР Битола, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против четири лица – В.П. (40) од село Стење, ресенско, Г.М. (54) со престој во Скопје, едно засега непознато лице и В.М. (51) од Охрид – поради сомнение за сторени кривични дела измама и помагање. Против прво-, второ- и третопријавениот е поднесена пријава за кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, додека ...
Со учество на неколку стотини маскирани од земјава и странство, во Прилеп денеска по 25-ти пат се одржа карневалот „Прочка“, еден од најпрепознатливите настани посветени на празникот на простувањето. Централното дефиле низ градот традиционално го предводеа прилепските мечкари – заштитен симбол на карневалот и препознаена нематеријална културна вредност. Со обредниот ритуал на бркање на злите духови, тие ја потврдија вековната традиција, ...
Ограничувања за летови се воведени од безбедносни причини на четири московски аеродроми, објави денеска рускиот регулатор за воздухопловство „Росавијација“, по нападот со беспилотни летала врз руската престолнина. – На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението ...
Седумдесетгодишна жена од струшкото село Мислодежда починала синоќа во Медицинскиот центар во Струга, откако претходно била тешко повредена во сообраќајна несреќа. Од полицијата информираат дека несреќата се случила на 21 февруари 2026 година околу 16:30 часот на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга, кога товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во 70-годишната И.И. По несреќата, ...
Околу 400 деца и млади од повеќе градови низ државата денеска се собраа во Кичево за заеднички да го одбележат 22 февруари – Денот на извидниците, ден кога милиони извидници ширум светот го слават извидничкото движење, неговите вредности и мисија, соопшти Сојузот на извидници на Македонија. Под мотото „Биди подготвен!“, се вели во соопштението, извидниците во Македонија повеќе од седум децении се симбол на другарство, солидарност, лидерство и ...
Два автомобили се запалени во Струмица, а во настанот нема повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Едно од возилата, „ланд ровер“ е сопственост на поранешен инспкетор во СВР Струмица. Од МВР соопштуваат дека на вчера во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Н.М. (51) од Струмица, ...
Финската машка репрезентација во хокеј на мраз го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри 2026, совладувајќи ја Словачка со убедливи 6-1 (1-0, 1-1, 4-0) во натпреварот за третото место. Финците доминираа во текот на целиот меч и сосема заслужено стигнаа до својот осми олимписки медал во машкиот хокеј, од кои петти бронзен. Единственото злато го освоија пред четири години на Игрите во Пекинг. Словачка, пак, остана на својот единствен ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија увид на теренот каде се одвиваат градежните активности на булеварот „Македонија“, проект со кој Скопје ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница. „Се работи и навечер, скопјани заслужуваат модерен град. Десетици камиони и градежни машини се ангажирани дури и кога сообраќајот е намален, за да не се создаваат дополнителни гужви“, изјави Орце Ѓорѓиевски, ...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната власт на СДСМ го ставила судството под партиска контрола и вршела притисоци врз судии и обвинители. Од партијата наведуваат дека по насока на тогашното раководство биле избирани „подобни и послушни“ кадри, додека непристрасни судии биле разрешувани во кратки рокови. Како пример го посочуваат поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во телевизиско гостување изјавил дека бил ...
Една полицајка го загуби животот, а најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во серија експлозии во украинскиот град Лавов. Градоначалникот го опиша инцидентот како терористички чин. Според канцеларијата на регионалниот обвинител, полицијата била повикана по полноќ поради пријава за кражба во продавница во центарот на градот, јавува Укринформ. Кога пристигнала првата патрола, се случила експлозија, а втората следела во моментот кога на ...
Опозициската СДСМ ја обвини власта дека во време на економска криза и раст на трошоците за живот, троши средства за луксуз наместо за зголемување на платите на работниците. Од партијата посочуваат дека додека „граѓаните едвај врзуваат крај со крај“, а синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, функционерите се насочени кон набавка на авион, мебел, нови возила и уредување на кабинети. Од СДСМ нагласуваат дека нивниот предлог-закон за ...
Денес, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. И секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот… Ваков е начин на којшто денеска се одбележува еден од големите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади. По меѓусебното ...