Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:22 часот во областа на Егејското Море, во близина на турскиот град Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од Измир, а поради релативно малата длабочина, земјотресот можел да биде почувствуван во пошироката околина. Податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот се наоѓал на ...

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж осомничен за продолжено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Според информациите од Обвинителството, осомничениот во периодот од јануари до јуни годинава во повеќе наврати имал сексуални односи со 12-годишно девојче. Покрај ова, тој се сомничи и за кривично дело прикажување порнографски материјал на дете. Од ...

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце треба да започне во текот на летото, откако е завршена постапката за избор на изведувач на проектот, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според информациите што Министерството ги добило од Европската банка за обнова и развој, за реализација на проектот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“. Николоски оцени дека изборот на македонска ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа Икс оцени дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за првпат јавно изнела ставови кои според него СДСМ и граѓанскиот Фронт за вистина и правда ги застапуваат подолг период. Филипче се осврна на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку историски и идентитетски дебати, нагласувајќи дека ...

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не претставуваат крај на барањата, туку можен почеток на нови условувања што Бугарија би можела да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот може да доведе до дополнителни притисоци и нови предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и ДУИ со своите досегашни политики ја довеле државата во, како што велат, подредена позиција, со што се ...

Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански дронови кои се обиделе да нападнат трговски бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас. Според Централната команда на САД (CENTCOM), сите беспилотни летала биле уништени, а поморскиот сообраќај продолжил без прекин. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека американската морнарица спроведува ...

Обединетите нации соопштија дека во мај во Украина биле убиени најмалку 274 цивили, а 1.763 биле повредени, што е најголем месечен број жртви од април 2022 година наваму. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права, бројот на жртви е за 93 проценти поголем во споредба со април. Речиси половина од загинатите и повредените настрадале во ракетни и дронски напади врз градови далеку од фронтот, меѓу кои Киев и Днипро. Дроновите ...

Кина изрази остро незадоволство откако американското Министерство за одбрана на списокот на компании поврзани со кинеската војска ги додаде технолошките гиганти Alibaba и Baidu, како и производителите на електрични автомобили BYD и NIO. На списокот подоцна беа вклучени и водечките производители на соларни панели Trina Solar и JA Solar Technology. Пекинг оцени дека потегот е неоправдан и побара Вашингтон веднаш да ги повлече мерките. ...

Илон Маск стана првата личност во историјата чие богатство се проценува на повеќе од еден трилион долари, по силниот раст на вредноста на неговите компании, пред сè СпејсИкс. Според податоци засновани на документи на компанијата и пресметки на Ројтерс, најголемиот дел од неговото богатство сега потекнува од СпејсИкс, каде што Маск поседува удел проценет на околу 866 милијарди долари. Кога ќе се додадат уделите во Тесла и други средства, ...

Селекцијата на САД со убедлива победа од 4-1 над Парагвај го отвори Светското првенство пред својата публика. Американците уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и поведоа во седмата минута по автоголот на Бобадиља. До крајот на првото полувреме предноста дополнително ја зголеми Фоларин Балогун, кој двапати се запиша во листата на стрелците, во 31. и 45. минута, за високи 3-0 на паузата. Парагвај успеа да намали преку ...

Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација. Прекин во водоснабдувањето од 8:00 часот има за корисниците на улиците „Булевар Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“, поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршувањето на работните активности. Од истото време без вода останаа и корисниците на Кеј ...

Во тек е асфалтирањето на дел од улицата „3-ти Април“ во Пробиштип, при што се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде завршено поставувањето на новиот асфалтен слој. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека по завршувањето на оваа фаза ќе продолжат градежните активности со изградба на тротоари на преостанатиот дел од улицата. Со реализацијата на овој проект, како што посочи Тоневски, значително ќе се подобрат ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.06.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.755,07 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 4,47 поени, односно за 0,05%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски вечерва присуствуваше на свеченото отворање на фудбалскиот терен кој го носи името на нашата фудбалска легенда „Петар Упалевски-Упале“. Станува збор за донација на компанијата „Моцарт“ како дел од иницијативата „Фудбалот е повеќе од игра“, а досега вакви терени беа отворени во Охрид, Велес и Свети Николе. На теренот истрчаа младите фудбалери на ФК „Пелистер“ ( зелениот и белиот тим ), а првиот шут го ...

Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека вложувањето во образованието и воспитувањето претставува едно од најзначајните вложувања за иднината на ...

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), регионална организација што ги обединува стопанските комори од Западен Балкан. Одлуката е донесена едногласно на седницата одржана во Белград, каде на Азески му е доверен мандат за спроведување на структурни измени во КИФ и во Бизнис советот, кој го сочинуваат најголемите компании од регионот. Од Стопанската ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните проекти, развојните приоритети на општината, реализацијата на капиталните инвестиции и можностите за дополнително зајакнување на ...

Голем број корисници ширум светот вечерва пријавуваат проблеми со користењето на социјалната мрежа Фејсбук и апликацијата Месенџер. Според реакциите на корисниците, дел од нив не можат да се најават на своите профили, да ги вчитаат објавите и содржините на платформата или да испраќаат и примаат пораки преку Месенџер. Проблеми се забележани и кај дел од останатите сервиси на компанијата Meta. Иако Инстаграм во најголем дел функционира, некои ...

Град Скопје продолжува со активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини, а најновите зафати се реализираат во паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош. Од градските власти информираат дека во тек е поставување нова урбана опрема, меѓу која клупи и корпи за отпадоци, како и обновување и уредување на летниковците што секојдневно ги користат голем број граѓани. Целта на активностите е да се подобрат условите за одмор, ...

Од денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе можат да се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со најава преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што ќе треба да ја достават потребната документација во училиштето во кое конкурираат. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, првото електронско ...

Јужна Кореја стигна до важна победа на Светското првенство, откако со 2-1 ја совлада Чешка во натпревар од групата А, одигран во Гвадалахара. Чешка поведе во 59. минута преку капитенот Ладислав Крејчи, кој погоди со удар со глава по нафрлување на Владимир Куфал од аут. Иако поведоа, Чесите не успеаја да ја задржат предноста. Само осум минути подоцна, Јужна Кореја се врати во игра со погодокот на Хванг Ин-бом, кој постигна ефектен гол за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во работна посета на Истанбул, каде што учествува на бизнис форум посветен на зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција. Во рамки на посетата, предвидени се средби со претставници на турски компании и бизнис-заедницата, при што акцентот ќе биде ставен на можностите за нови инвестиции, продлабочување на трговската размена и отворање нови перспективи за економска ...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе се одржи јавна расправа по Предлог-законот за оружјето. Со предложените законски измени се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, деактивирање, промет и посредување со оружје, како и трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, неговите делови и муниција. Од Собранието ...

Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, е осуден на дополнителни 30 години затвор поради испраќање дронови во Северна Кореја со цел, според обвинителството, да создаде изговор за воведување вонредна состојба во 2024 година. Судот во Сеул го прогласи за виновен за злоупотреба на службената положба и загрозување на националната безбедност, оценувајќи дека бил директно вклучен во операцијата со дронови. Обвинителите тврдат дека ...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун му испрати честитка на рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на Русија, изразувајќи целосна поддршка за внатрешната и надворешната политика на Москва. Ким оцени дека односите меѓу Северна Кореја и Русија прераснуваат во силен сојуз заснован на сеопфатно стратешко партнерство и порача дека Пјонгјанг секогаш ќе стои покрај Русија. Во рамки на одбележувањето на рускиот национален празник, руски и ...

Американската војска била подготвена да започне масовни воздушни напади врз Иран, но претседателот Доналд Трамп во последен момент ја запрел операцијата, објави NBC News повикувајќи се на извори од Пентагон. Според информациите, борбените сили веќе добиле наредба за дејствување и биле на само три часа од почетокот на нападите. Трамп соопшти дека ја откажал акцијата поради напредок во дипломатските разговори и постигнување согласност околу ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително посвежо, со повремени врнежи од дожд, а локално и со појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На одделни места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, а долж Повардарието повремено и силен северен ветер со брзина над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат ...

Контролор на ЈСП бил физички нападнат додека извршувал работни задачи во автобус на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, на 10 јуни 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од 50-годишната Д.Ц., откако претходно утврдил дека таа немала платено билет за јавен превоз. Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде ...

Репрезентацијата на Мексико со победа го отвори Светското првенство 2026, совладувајќи ја Јужна Африка со 2-0 во натпреварот од првото коло во групата А, одигран на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Избраниците на селекторот Хавиер Агире ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до заслужени три бода, искористувајќи ги грешките на противничката одбрана. Првиот гол беше постигнат уште во деветтата минута. По недоразбирање во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07