Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Денеска со почеток од 15 часот и 5 минути во Кочани ќе се одржи 28. протестен „Марш за ангелите“ за поддршка на семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, за правда за 63-те жртви од кочанската трагедија. Ќе започне од „Паркот на револуцијата“, преку трговскиот центар до зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција. Потоа поворката ќе продолжи кон кружниот тек кај двојниот мост каде ќе има кратко запирање-блокада од двете ...
По првиот панел во Скопје, одржан на 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците. Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ’Добро утро, деца‘“, ќе се ...
Американскиот државен секретар кој пристигна во Израел на разговори за продолжување на мировниот план, порача дека безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки. Рубио вети дека останките на заложниците ќе бидат вратени. Мировните напори на администрацијата на Трамп за Блискиот Исток ги нарече „историски и извонредни“. „Ќе биде потребна многу работа во идниот временски период. Напредокот што е ...
Во нашата програма, економскиот раст е меѓу првите приоритети, а проектите се точно дефинирани како тоа да го постигнеме, вели Бајрам Реџепи, кандидат на НАИ за градоначалник на Тетово. „Развојот на Попова Шапка е главниот проект што го сметаме за двигател на растот на тетовската економија, бидејќи во моментов целата индустрија е во застој и нема економски раст“, вели Реџепи. Реџепи вели дека ако ја добие довербата од гласачите ќе донесе нов ...
Средствата за смет и одржување на зеленилото, граѓаните да ги плаќаат на општините, кои потоа ќе ги исплаќаат економските оператори зависно од учинокот, предлага кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „Искуство за успех“, Стевче Јакимовски. Поради состојбата со сметот во Скопје, побарав прогласување на вонредна состојба, вели Јакимовски. Состојбата е недозволива и некоректна за сите граѓани, вели Јакимовски. Марија Котовска ...
Решавање на проблемот со сметот во Скопје е една од главните заложби на кандидатот за градоначалник од „Левица“. Амар Мециновиќ рече дека ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, ваквата слика ќе стане минато, оти како што вели, граѓаните заслужуваат да живеат чиста и здрава животна средина. „Ние сметаме дека независно кој ќе ја добие поддршката за Скопје, веднаш треба да почне со санирање на сметот. Ги повикувам сите ...
Секоја општина има обврска да се грижи за своите граѓани и не само со големи и долгорочни проекти, туку и со конкретни, секојдневни мерки кои го олеснуваат животот и го прават побезбеден. Затоа, вели кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ Лабудовиќ, доколку ја добие довербата на жителите на оваа општина ќе ја воведе мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти. Лабудовиќ најави и мерка за помош ...
Кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами ,најавува зголемена соработка со месните и урбаните заедници во градот. Нагласува дека заеднички со нив ќе се носат плановите за развој. Касами вели дека доколку ја добие довербата, во фокус на вториот мандат ќе биде водоснабдувањето во градот како и атмосферската канализација. Касами вели дека во неговата програма предвидува и изградба на училишта и ревитализација на жичницата до Попова Шапка. ...
Да го продолжиме прогресот и развојот на Валандово, бидејќи докажавме дека во изминатите осум години ја сменивме на подобро сликата како за градот Валандово така и за населените места. Вака ни изјави кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за општина Валандово Перо Костадинов кој влезе во вториот круг од локалните избори. Од нетранспарентна општина во која се закануваше отворање на рударско окно, успеавме Валандово да биде најотворената ...
И покрај натрупаниот смет, епидемиолошката состојба во главниот град е стабилна, но опасноста демне, постои инкубациски период, велат лекарите. Од Институтот за јавно здравје излегоа со препораки, работниците коишто го собираат сметот мора редовно да се вакцинираат од хепатит А, хепатит Б, тифус и други заболувања коишто би можеле да ги добијат на своето работно место и да бидат заштитени со маски и ракавици. Во училиштата и домовите да се ...
„33 општини избраа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, a СДСМ победи во само три. Сега, ја барам вашата доверба и за преостанатите 26 кандидати кои се во вториот круг, а голем дел од нив се во водство. Ние нема да се откажеме од ниту една општина. Ќе се бориме за секоја општина и секој глас каде што имаме шанса да имаме градоначалник“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на коалицијата, Христијан Мицкоски. Тој е убеден во победата на неговите ...
Европската унија со првична оценка за локалните избори. Конкурентни, во голема мера биле почитувани основните слободи, иако се одржале во високо поларизиран политички амбиент со некои процедурални недостатоци. Портпаролот на Европската комисија за проширување, Гијом Мерсие, ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на ОДИХР вклучително и измената на изборниот законик. До гласањето во вториот круг остануваат уште 8 дена. Во реториката на ...
Прилепскиот суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот до 30 дена за шестемина во случајот со болницата. Осомничените, четворица од болницата и двајца надворешни, остануваат во притвор во Битола и во Шутка. Според бранителите на притворените, нема основи за притворот. Прилепското основно обвинителство спроведува истрага за вкупно 32, од кои 7 правни лица, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба ...
На 24.10.2025 во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана. Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана. Тие ...
Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег, предупреди американскиот претседател. Вашингтон се противи на одлуките на Кнесетот и предупредува дека ќе го загрозат постигнатото примирје во Газа. Во Израел допатува американскиот државен секретар Рубио. „Имаме уште работа пред нас, но се чувствуваме многу позитивно во врска со тоа. Напредуваме добро. Неверојатно е што за само седум или осум дена се воспоставени работите и ...
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш. Лицето е задржано во полициска станица и во ...
Литванскиот претседател потврди дека руските воени авиони го нарушиле воздушниот простор на Литванија. Министерството за надворешни работи на Литванија ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус, во знак на протест. Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу Москва и балтичките земји, кои се стравуваат дека руската агресија врз Украина може да има пошироки безбедносни последици. „Остро го осудувам неодамнешното ...
Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на опозицискиот политичар Петер Мазар, лидер на либерално-конзервативната партија „Тиса“. Масовниот протест, наречен „национален марш“, се одржа на државниот празник со кој Унгарија ја одбележува годишнината од антикомунистичкото востание од 1956 година – симболичен момент на кој Мазар ја почна изборната кампања. Во говорот, го обвини Орбан дека е најверниот сојузник на ...
Судењето на Фатон Љјури кој со мотор го усмрти 68-годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачки премин на кеј во Скопје беше одложено. Судот неспоредно пред рочиштето беше известен дека обвинетиот не е во состојба да присуствува оти има стомачен вирус и морал да прима инфузија. 25-годишниот скопјанец Фатон Љјури кој призна вина дека го прегазил Николовски на пешачки премин, но не и дека избегал од местото на настанот, преку својата ...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, доктор Иван Кузмановски ќе треба да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор, за да може да ја обнови лиценцата за работа. Ваква одлука донесе Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора. Оттаму велат дека за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, д-р Кузмановски по обуката ќе подлежи и на испит за детална ...
Европската унија го поздравува тоа што локалните избори во Македонија беа конкурентни и што основните слободи во голема мера беа почитувани, вели портпаролот на Европската комисија за проширување, Мерсие. Кампањата продолжува, за вториот круг на локалните избори кои се закажани за втори ноември. Политичките партии секојдневно со активности се меѓу граѓаните. Дали овие избори можат да донесат предвремени парламентарни? Анализата ја има Викторија ...
Метрополата мака мачи со сметот покрај контејнерите. Непријатна миризба, комунален хаос. Сериозна закана за здравјето на жителите . Екипата на Mакедонската телевизија направи обиколка низ Скопје, сликата за нијанса променета низ булеварите. Преполни контејнери во и околу нив особено по споредните улици. Дел од локалните власти ги засукаа ракавите, дел во кампања, дел со обврските кои ги имаат. Камиони и механизација за расчистување на отпадот од ...
На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул. „Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. (30) од Скопје. При вршење на увид на сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Нов живот“, во која учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Б. и патничко возило „цитроен“, управувано од Е.Р.(22), при што сопатничката во возилото „цитроен“ М.С.(23) се здобила со телесни повреди, било ...
Ветуваме исчистено Скопје. На терен кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, со своите колеги кандидати од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ. Карпошани може да очекуваат дека нема повеќе да имаат проблеми со сметот, најави кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски. Вети дека во првите неколку месеци од мандатот ќе го реши проблемот со сметот. Лукровски потенцираше дека карпошани нема да имаат градоначалник што ќе ја распродава ...
Вкупно 57 приговори се доставени до Државната изборна комисија од повеќе изборни места. 37 приговори се за утврдени резултати, 20 за постапка при гласањето. Од вкупно 44 општини по првични официјални резултати на ДИК стигнале приговори од 11. А за 33 општини има конечни резултати за завршено гласање во прв круг на локалните избори. ДИК ги потврди советничките листи во 64 општини. За советничките листи поднесени се приговори од 17 општини. ...
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека Националната алијанса за интеграција е првата политичка сила во општина Струга. Ова на прес конференцијата го рече кандидатот за градоначалник на НАИ, Арсим Далипи, при што посочи дека изборот на осум советници е силен показател на довербата што граѓаните ја изразиле кон нив. Оваа победа во општинскиот Совет, заедно со 9.719 гласови за мојата кандидатура рече тој, не обврзува ...
Секој ученик во општина Центар ќе има можност за субвенција за таблет или лаптоп, е една од мерките за дигитална писменост, која ја предвидува кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ. Според Лабудовиќ ова не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, единица и еднакви шанси. „Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Затоа воведуваме мерка за субвенционирање таблети и лаптопи за сите ученици од петто ...
Албанците испратија моќна порака дека времето на лошо владеење, ароганција и измама заврши и не само на централно,туку и на локално ниво. Истакна портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани. Пред оваа граѓанска волја НАИ доживееја пораз, но, како што рече Сулејмани, тие не извлекле поука. Заблагодарувајќи им се на гласачите портпаролот на Вреди нагласи дека Албанците веќе не може да бидат излажани и дека промената е неповратна и дека иднината е со ...
Во следниот период ќе понудиме алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди, изјави кандидатот на Левица за град Скопје, Амар Мециновиќ. Доколку ја добие поддршката и застане на челната позиција во град Скопје, Мециновиќ најави и конкретни потези, во фокусот вели ќе биде раскинувањето на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија . Мециновиќ ...
Субвенции за автомобили на електричен погон, субвенции за поставување на фотоволтаични системи, се дел од програмата на Стевчо Јакимовски, кандидатот за градоначалник на Карпош од коалицијата „Искуство за успех“. Јакимовски ветува, и курсеви за електронско банкарство за пензионерите. Приоритет ќе биде и решавање на проблемот со сообраќајот. Јакимовски вели дека со поддршка на опозициските сили очекува победа во вториот изборен круг. Игор Панов ...