Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Зулфиќар Зејнула лидерот на Демократската партија на Турците, е нов министер без ресор. Со ова заврши реконструкцијата на владиниот кабинет. Изборот на Зејнула беше одвоен од преостанатите новоизбрани членови за да се почитува правилото на реконструкција на најмалку една третина од владиниот кабинет. Миле А. Ристески е во Собранието. Зулфиќар Зејнула лидерот на Демократската партија на Турците, е нов министер без ресор. Со ова заврши ...
Квартетот тромбони „Макбрас“ годинава ќе ја претставува Република Македонија на 55. издание на International Trombone Festival (ITF), кое ќе се одржи во Рига, Латвија од 29 јули до 1 август. International Trombone Festival претставува најголемиот, најреномираниот и најпочитуваниот светски фестивал посветен на тромбонот, на кој секоја година настапуваат врвни солисти, ансамбли, професори и уметници од сите континенти. Фестивалот се одржува од ...
Камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“ ќе се одржи утре во рамки на Скопско лето во Салон 19’19 (Културно информативен центар) во 20:30 часот, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во Ансамблот учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, ...
Високите температури, престојот покрај вода и активностите на отворено носат зголемен ризик од повреди и здравствени проблеми, но со неколку едноставни мерки летните несреќи може да се спречат. Летото е период на одмори, капење, прошетки во природа и дружење на отворено, но токму во овие месеци се зголемува бројот на случаи поврзани со давење, топлотна исцрпеност, каснување од крлежи и повреди при користење скара. Здравствените и ...
Вардар со 3:2 беше поразен од Рига во Скопје и сега го очекува тешка задача на реваншот да ја надомести негативата од еден гол и да избори пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Ништо ново за Вардар на европската сцена. И на вториот домашен натпревар во квалификациите за натпреварувањата на УЕФА, актуелниот македонски шампион повторно доживеа пораз. Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската ...
Егнатија одигра 3:3 против словенечки Цеље во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. На стадионот „Арена Егнатија“, домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 7. минута, кога по ударот на Битри, топката заврши во мрежата по несреќна интервенција на Даниел. Словенечкиот тим успеа да израмни непосредно пред крајот на првото полувреме преку Квесиќ. Во второто полувреме Цеље поведе со голот на ...
Во водените спортови беа поставени два нови светски рекорди во слободно нуркање, додека олимписката шампионка Ана Марсела Куња постави нов јужноамерикански рекорд во препливување на Ла Манш. Алексеј Молчанов постави нов светски рекорд според Меѓународната асоцијација за развој на слободното нуркање, достигнувајќи длабочина од 129 метри во дисциплината нуркање со постојана тежина и две пераи, на натпреварот Азиски куп во слободно нуркање 2026, ...
Во петок, со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци, ќе започне 35. издание на домашното фудбалско првенство. Во новата сезона ќе настапуваат Вардар, Шкендија, Струга, Силекс, Тиквеш, Арсими, Башкими, повратниците во елитата Брегалница и Скопје, како и Шкендија Арачиново, која е единствениот дебитант во најсилната домашна лига. Шампионската титула ја брани Вардар, а според засилувањата и активностите во преодниот рок, меѓу главните ...
Германската фудбалска федерација нема да плати ниту едно евро за ангажманот на Јирген Клоп, иако тој имаше важечки договор со компанијата „Ред Бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал. Сепак, како знак на благодарност кон австриската компанија, која се согласи спогодбено да го раскине договорот со Клоп, раководството на Германската фудбалска федерација ќе донира еден милион евра на фондацијата „Wings for Life“ ...
Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да ...
Околу 20 илјади луѓе се евакуирани од градовите и одморалиштата по должината на францускиот атлантски брег, поради пожари. Локалните власти соопштија дека пожарот во шума југозападно од Бордо, се проширил на повеќе од 31 квадратен километар, нема пријавени повредени. Повеќе од 10.000 луѓе, вклучувајќи туристи кои престојуваа во кампови, беа преместени на безбедно преку ноќ, заедно со повеќе од 1.000 жители кои живеат во станбени области по ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од ...
Невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Санирани се 90 насто од дефектите, но делови од градот Скопје сè уште се без струја. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон беа 2.308 трафостаници на електродистрибуција. Оттаму соопштуваат дека во моментов на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. ...
Повредата беше потврдена по лекарските прегледи во болница, каде што веднаш беше пренесен по несреќата. Закрепнувањето се очекува да трае околу месец и половина. Тоа практично значи дека сезоната за Липовиц е завршена, бидејќи шансите да оствари добар резултат на Светското првенство во Монтреал, кое ќе се одржи од 20 до 27 септември, се минимални. Еден ден пред Липовиц, и Данецот Јонас Вингегор, кој минатата година го освои второто место на ...
Гостивар живее во услови на прогласена кризна состојба поради состојбата со водоводната мрежа која беше контаминирана со фекалии. Централната власт се реши на ваков чекор за да може поефикасно да менаџира со ситуацијата, бидејќи Општината сама не може да се справи. Ова значи дека улогата на координатор во системот му припаѓа на управувачкиот комитет, кој е владино тело. Но, како жителите на градот се снаоѓаат изминативе денови?… Од Гостивар ...
Ниту североистокот на Македонија не беше поштеден од невремето, штети имаше и во Куманово, а во транзитниот центар Табановце настрадаа и привремени објекти за сместување мигранти. Каква е сега ситуацијата во Куманово, до каде е санирањето на последиците од невремето. Од терен во известува Елена Георгиевска. Ниту североистокот на Македонија не беше поштеден од невремето, штети имаше и во Куманово, а во транзитниот центар Табановце настрадаа ...
Францускиот парламент усвои закон со кој ќе се забрани користење на социјални мрежи за лица помлади од 15 години, почнувајќи од јануари 2027 година. Со ова, Франција станува првата европска земја што ќе им го ограничи пристапот на младите до овие платформи, додека ширум светот расте загриженоста за штетните ефекти од дигиталната содржина врз децата. Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави усвојувањето на законот. Францускиот ...
Според податоците што ги објави Народната банка, вкупните депозити во јуни изнесуваат безмалку 11 милијарди евра и споредено со истиот месец лани се зголемени за скоро 10%. Расте и задолжувањето. Вкупните кредити во банките и штедилниците за една година се зголемиле за 13,1% и сега нивниот вкупен износ надминува 9,6 милијарди евра. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се речиси еднакво задолжени. Населението најмногу подигнува ...
Американскиот претседател Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“. „Веројатно наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тоа многу силно. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање. Ако сега си заминеме, на Иран ќе му требаат од 20 до 25 години за да го обнови. Но ние воопшто не сме завршиле“, рече ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди распределбата на местата за машките европски клупски натпреварувања за сезоната 2027/28. Распределбата се базира на резултатите што клубовите од секоја национална федерација ги оствариле во последните три сезони (2023/24 - 2025/26). Шпанија е на врвот на рангирањето за Лигата на шампионите на ЕХФ, Германија е лидер според коефициентот за Европската лига, додека Босна и Херцеговина е ...
23. издание на Светското првенство заврши со триумф на Шпанија и беше првиот турнир на кој настапија 48 национални селекции. По финалниот натпревар, претседателот на КОНМЕБОЛ предложи Светското првенство во 2030 година да биде проширено на 64 репрезентации, што би претставувало рекорден број учесници во историјата на турнирот. На првото Светско првенство, одржано во 1930 година во Уругвај, учествуваа само 13 репрезентации. Светското првенство ...
Леандро Паредес беше еден од најактивните актери во инцидентите што се случија по завршувањето на големото финале на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“, но неговото однесување нема да има последици. ФИФА за „Би-Би-Си Спорт“ потврди дека црвениот картон што аргентинскиот фудбалер го доби по натпреварот нема да биде официјално евидентиран. Воедно, од светската фудбалска организација соопштија дека против Паредес нема да биде покрената ...
Во подкастот „Stick to Football“, Невил истакна дека, иако Аргентина успеала да остане во натпреварот до самиот крај, нејзината игра била далеку под очекувањата. „Моите први зборови беа пофални за нив, но вистината е дека одиграа многу лошо. Заслужуваат признание што останаа во игра, но нивниот настап беше на многу ниско ниво“, изјави Невил. Поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед смета дека Аргентина не би стигнала до второ ...
Луис де ла Фуенте влезе во историјата како највозрасниот селектор што ја освоил титулата светски шампион, откако со Шпанија триумфираше на Светското првенство на возраст од 65 години и 29 дена, соборувајќи го рекордот на Висенте дел Боске. По победата над Аргентина во финалето, селекторот на Шпанија испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал, станувајќи највозрасниот тренер што ја освоил светската титула. Шпанскиот стратег го ...
По завршувањето на Светското првенство 2026, има промена на врвот на ранг-листата. Новиот светски шампион Шпанија се искачи на првото место, додека Аргентина падна на втората позиција. Франција и Англија ги задржаа третото и четвртото место. Од репрезентациите во регионот, Албанија назадува за едно место и сега се наоѓа на 67. позиција, додека Косово останува на 78. место. По завршувањето на Светското првенство 2026, има промена на врвот на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми, соопштија од владината прес-служба. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен ...
Нов бран невреме во Македонија пристигнува од Албанија, Косово и Црна Гора, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите нагласуваат дека ова невреме ќе донесе поизразени врнежи, но не и силен ветер каков што го зафати главниот град попладнево. Надлежните препорачуваат граѓаните да ја следат временската прогноза и предупредувањата, како и да бидат внимателни поради можноста од локални невремиња со интензивен дожд и град. ...