Ова ќе биде првиот натпревар за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во рамките на Групата Ф од втората фаза на претквалификациите, во која се наоѓа и репрезентацијата на Кипар. Македонија обезбеди пласман во оваа фаза по одличниот настап во првото претквалификациско коло, каде што го освои првото место во групата со шест победи на исто толку натпревари. Тимот предводен од Берокал е една од 12-те репрезентации кои ќе се борат за ...
Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија успешно го започна настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски во рамките од првото коло во групата Б ја декласираа селекцијата на Кипар со резултат 82:63. Македонија имаше фуриозен почеток. За нешто повеќе од пет минути игра создаде убедлива предност од 22:5, пред сè ...

