Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето денеска ќе биде ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но забраната за нејзино пиење и домашна употреба останува во сила. Жителите ќе мора да ги почекаат резултатите од третата, последна анализа, кои се очекуваат во текот на денешниот ден ден. Проблемот настана минатиот понеделник, кога редовната анализа покажа бактериолошка неисправност, по што АХВ експресно ја забрани ...

98 проценти од предвидените работи за водоснабдителниот систем се реализирани, остануваат уште 600 метри од трасата, за кои се чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за целосно поврзување на системот. Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар негира дека залудно биле фрлени пари за реновирање на водоснабдителниот систем. „Околу 98 проценти од предвидените работи се реализирани и тестирани. За изведените активности ...

Српски Српската заедница повика државата итно да реагира и случајот да биде расчистен. „Ова е удар на соживотот, Куманово е мултиетничка средина а ваквите провокации, директно ја нарушуваат кревката стабилност, меѓуетничките односи и духот на толеранција во градот“, истакнаа од српската заедница во Македонија. Строга санкција побара и министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ. Кумановската полиција потврди дека настанот е пријавен кај ...

Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото езеро, во атарот на Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, соопшти СВР – Охрид. Според информациите од полицијата, черепот пред два дена бил забележан од полициски службеници од станицата за граничен надзор Лабуништа, а покрај него, на местото биле пронајдени и други предмети. По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на ...

Почнува 48. Илинденски марш. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе тргнат на пат кон востаничко Крушево. Продолжува речиси петдецениската традиција, со која се чествува Илинден и се слават македонските херои, кои со положувањето на нивните животи се вградија во темелите на македонската држава. Коњаниците од Горно Лисиче на 31 јули ќе се обединат со учесниците од Свети ...

На дневен ред во Собранието, Дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот, со амандманите што беа прифатени. Вкупните приходи се планирани на 6,17 милијарди евра, расходите на 6,92, со што дефицитот ќе изнесува 753 милиони евра, односно, 4,1 процент од БДП. Растот е проектиран на 3,5 проценти. Известува Марија Котовска На дневен ред во Собранието, Дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот, со амандманите што беа прифатени. Вкупните приходи ...

98 проценти од предвидените работи за водоснабдителниот систем се реализирани, остануваат уште 600 метри од трасата, за кои се чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за целосно поврзување на системот. Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар негира дека залудно биле фрлени пари за реновирање на водоснабдителниот систем. Иако оттаму признаваат дека и по 8 години од почетокот на проектот, делови од него се и натаму ...

Министерството за здравство излезе со дневниот пресек за епидемиолошката ситуација во Гостивар. Вчера се регистрирани уште 127 пациенти со симптоми, двајца повеќе од претходниот ден. Има и двајца хоспитализирани, еден на инфективното и еден пациент на одделението се педијатрија. Со тоа, вкупната бројка на случаи се искачи на речиси 4 илјади и 200. Досега се анкетирани 563 пациенти, а бројот на пријави за заразна болест се искачи на 833. ...

Две лица се убиени во пукотница на популарниот фестивал за храна во центарот на Сиетл. Најмалку петмина се повредени меѓу кои и 2-годишно дете. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот. „На почетокот пукањето навистина звучеше како огномет. Сè се случи многу брзо. Сите почнаа да бегаат, па и ние едноставно трчавме со толпата додека не дојдовме на безбедно место. Беше навистина страшно“, ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Денеска се очекува Регулаторната комисија да ги објави малопродажните цени на горивата, како и одлуката за цената на парното греење. Поради состојбата на Блискиот Исток цената на нафтата на светските берзи е во пораст. Со претходната одлука Регулаторна ја зголеми цената на дизелот за шест денари, а цената на бензините порасна за три денари. Од Владата велат дека Македонија останува земја со најевтини цени на горивата и оти се подготвени да ...

Администрацијата на американскиот претседател објасни дека тридневната пауза по 13 дена интензивни воздушни напади, има за цел да создаде простор за дипломатија. Но, истовремено предупреди дека САД се „целосно подготвени“ за уште една можна ескалација. Амбасадорот Валц ја отфрли идејата дека залихите на пресретнувачи, клучни за одбрана од ирански напади, се намалуваат и вели дека Трамп сака да му даде шанса на дијалогот. „Како што рече ...

Повеќе од 300.000 луѓе се раселени поради шумски пожари во Франција и Шпанија. Француските екипи се борат со пламените јазици околу Бордо, додека шпанските пожарникари работат на спречување на нови пожари во регионот на Мадрид. Се очекува температурите повторно да се зголемат во најтешко погодените области оваа недела, без дожд на повидок, што отвора трка со времето пред да се влошат условите. Повеќе од 300.000 луѓе се раселени поради ...

На собраниска седница Предлогот за измените и дополнувањата на Буџетот за годинава, во второ читање. Со ребалансот се планирани вкупните приходи на речиси 380 милијарди денари, додека расходите се проектирани на близу 426 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, а очекуваниот економски раст е поставен на 3,5 проценти. Дополнителни средства се предвидени за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата ...

Пожарот во парк-шумата Гази Баба, кој утринава предизвика густ чад видлив од повеќе делови на Скопје и ги вознемири граѓаните, е ставен под контрола. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека веднаш по пријавата, на терен биле испратени екипи на Скопската противпожарна бригада, кои со брза интервенција успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење. Надлежните велат дека во моментов нема опасност за ...

По еднонеделната криза со водоснабдувањето во Гостивар – најдоцна до утре се очекува жителите да добијат технички исправна вода за користење. Стручни екипи од скопски водовод неколку дена вршат хиперхлорирање на главниот цевковод, резултатите од примероците вода се добри – изјави премиерот Мицкоски. Засега не е познато кога водата ќе биде безбедна и за пиење. „Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. ...

Голема е потребата од домови за стари лица во источниот регион. Има само два дома со минимален капацитет, едниот во Берово со околу 60 места и неколку апартмани во Штип за дваесеттина лица. Листите на чекање се долги и најголем дел од старите од источниот регион сместување бараат во домовите во Куманово, Скопје, Радовиш и Неготино. Долгонајавуваниот дом за стари во Кочани наскоро ќе започне да се гради. Изведувачот е избран, се вршат ...

Кражба на електровлечната подстаница во Драчево. Штетата се проценува на околу пет милиони евра. Властите тврдат дека и покрај инцидентот, железничкиот сообраќај ќе се одвива непречено. Од објектот биле отстранети речиси сите уреди и елементи неопходни за неговото функционирање. Двата електроенергетски трансформатори биле насилно превртени, а вредните компоненти целосно извадени и однесени. Кражба на електровлечната подстаница во Драчево. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена ...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика на одговорност градоначалникот Валбон Лимани за кризата со водата во Гостивар. Велат на власт во локалната самоуправа се СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари и затоа ако на овие политички субјекти им се важни граѓаните, како што потенцираа во ВМРО-ДПМНЕ, тогаш, секојдневно треба да бараат од првиот човек на Гостивар кој е нивни кадар да одговара, и да поднесе оставка. Сепак како што додаваат во ...

Епидемијата со стомачни заболувања во Гостивар се смирува – бројот на новорегистрирани случаи е преполовен. Институциите продолжуваат со испитувањата за да утврдат како дошло до појава на епидемијата и дали имало пропусти во системот за контрола на водата … Се прават епидемиолошките анализи за да се утврди кога почнале првите случаи и како се ширела заразата. Министерот за здравство не очекува појава на други заболувања, освен ако не се ...

Муцунски и Османи влегоа во јавен судир околу билатералните протоколи со Бугарија и преговарачката рамка со Европската унија. Османи тврди дека изјавата на актуелниот министер потврдува оти протоколите не се дел од преговарачката рамка. Муцунски возврати дека Османи ги извртува фактите и дека токму тој ја довел државата во сегашната позиција. Иако двајцата се согласуваат дека вториот протокол формално не е дел од рамката, спорот е околу ...

Украинскиот претседател предупредува дека Русија подготвила и ќе изврши нов масовен напад, па оттука Украина мора превентивно да одговори преку акции на фронтот, напади со долг дострел, санкции, дипломатија и соработка со партнерите. Зеленски додаде и дека се подготвува за претстојната средба со Трамп и неговиот тим. „Од разузнавачки извори и од нашите партнери знаеме дека русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. ...

Белата пена што се појави на реката Лепенец, кај нејзиното влевање во Вардар, предизвика итна реакција на надлежните институции. По пријава за непозната материја, инспектори од Министерството за животна средина и Град Скопје излегоа на терен. ЈП „Водовод и канализација“ зеде примероци од водата за анализа. Надлежните институции соопштија дека по завршувањето на испитувањата ќе биде утврдено за каква материја станува збор и дали има загадување ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена ...

Бројот на повредени во рускиот напад со пет авиобомби врз Запорожје се зголеми на 25. Зеленски тврди дека Кремљ подготвува нови напади врз Украина, како и дополнителна мобилизација во Русија и ширење на војната. Украинскиот претседател изјави дека Русија ќе ги блокира коридорите за жито, додавајќи дека вчера ниту еден брод не можел да влезе во украинските пристаништа. Бројот на повредени во рускиот напад со пет авиобомби врз Запорожје се ...

Утрово околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с. Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот, информираат од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с. Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
6.0
51%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
47%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.5
92%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
3.47
40%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
37%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
6.26
58%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
1.34
40%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Бакар

13.36

Паладиум

43853.62

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Сребро

2102.98

Алуминиум

3.34

Калај

56.16

Злато

141498.65

Рутениум

53852.50

Платина

56328.11

Кобалт

56.29