Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. ...
„Илинден“ како нашиот најголем национален празник ќе биде чествуван на најдобар можен начин од страна на Собранието, со учество на сите манифестации по тој повод, единствено што јас лично нема да одржам говор на Мечкин камен поради мојата посетата во Египет на многу важна конференција, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, по реакции во јавноста за неговото отсуство во Крушево на 2-ри август. Вели, тој како спикер ги почитува сите ...
Во извештајот за 2024-та, Државниот завод за ревизија констатира проблеми што ја загрозува секојдневната ликвидност на Фондот за здравствено осигурување, поради ненавремената уплата на средства по основа на придонеси од надлежните институции. Тоа придонело до отежнато навремено сервисирање на обврските на здравствените установи, во рамки на договорените надоместоци. Ревизорските наоди потврдуваат дека неплатените придонеси од Фондот за ...
Украинските сили нападнаа една од најголемите руски рафинерии за нафта, на повеќе од 1.500 километри од границата, која преработува 13 милиони барели нафта годишно. Руската војска со беспилотни летала нападна два брода во морето источно од Одеса. Украинскиот претседател синоќа предупреди дека постои голема веројатност за масовен руски напад, кој се подготвува веќе неколку дена. Им порача на партнерите дека заштитата на луѓето директно зависи ...
По неколку дена релативен мир, разгорувањето на конфликтот на повеќе фронтови на Блискиот Исток го зголеми ризикот од враќање кон тотална војна. САД извршија нов бран напади врз цели на Корпусот на Исламската револуционерна гарда како одмазда за иранското таргетирање на американските бази во Јордан и бродовите во Ормускиот теснец. Ескалацијата следува еден ден откако Вашингтон и Ријад таргетираа ирански посредници во Ирак, а беспилотни летала ...
Во црквата „Св. Софија“ утревечер во 21 часот, во рамките на Француската вечер на „Охридско лето“ концерт ќе одржи квартетот „Хермес“ во состав Омер Буше – виолина, Елисе Лиу – виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг – виола и Јан Левионоа – виолончело. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив ...
Собранието денеска ќе ја одржи последната седница пред одморите посветена на пратенички прашања. Вообичаено, секој последен четврток во месецот се одржува пленарна седница на која пратениците имаат можност да постават прашања до министрите и премиерот. Вчера Собранието беа закажани три седници, а пратениците ја избраа Мери Дика Георгиевска за уставен судија и ги изгласаа двата закони за заеми кај Светска банка. Собранието денеска ќе ја одржи ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата, но исто како и на останатите гранични премини од македонска страна, сега засега нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Двајца пожарникари загинаа во шумски пожар што избувна на јужниот грчки остров Крит, соопшти противпожарната служба. Издадени се наредби за евакуација за неколку области во близина на жариштето. Се предвидува дека температурите низ делови од Европа ќе се искачат над 40 Целзиусови степени. Властите во регионот Жиронда изјавија дека ситуацијата со пожарите била мирна изминатите 24 часа, но топлотниот бран и ветровите би можеле да предизвикаат ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните ...
Разгорувањето на конфликтот на повеќе фронтови на Блискиот Исток, по неколку дена релативен мир, го зголеми ризикот од враќање кон тотална војна. САД почнаа моќни напади врз Иран по обидот за напад врз американски војници. Најновите непријателства се случија еден ден по проширувањето на конфликтот, со американско-саудиски напади, насочени кон иранските посредници во Ирак. Напади со беспилотни летала предизвикаа пожари на два брода за природен ...
Над 60 студенти летово ќе добијат можност да се стекнат со практично искуство во општините. Наместо да учат само теорија во амфитеатрите, два месеца ќе работат рамо до рамо со општинските службеници. Практикантите ќе бидат распределени според потребите на секоја општина – ќе се ангажираат правници, економисти и друг стручен кадар што недостасува. Најголем предизвик за општините е недостигот од стручен кадар. Вратата ќе ја отворат 40 општини, ...
Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но забраната за пиење останува. Фекалните бактерии се елиминирани од водоводната мрежа, но при хиперхлорирањето и прочистувањето е пронајдена друга бактерија, бидејќи инсталацијата долго време не се користела. Анализите продолжуваат. „Во инсталацијата веќе ги нема оние фекални колиформни бактерии, но се појави нова резидуална бактерија која е присутна поради тоа што долго време инсталациите не ...
Потрагата по преживеани продолжува по силниот земјотрес од 7.1 степен по Рихтер што ја погоди префектурата Кумамото, на јужниот главен остров Кјушу, југозападна Јапонија. Спасувачите се во трка со времето, се пребаруваат урнатините на неколку локации. Властите нотираат десетици жртви и повредени, се стравува дека бројот може да се зголемува. „Има луѓе кои сè уште чекаат помош и тоа е трка со времето. Ќе направиме се што можеме за да ...
Државната комисија за спречување корупцијата предупредува – секое законско решение, со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на одредбите од Законот за јавни набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување корупција и злоупотреба на јавните средства. Оттаму предупредуваат на зголемување на ризикот од корупција, по информацијата дека Законот за јавни набавки нема да важи за ...
Жителите почнаа да се враќаат во заедниците погодени од пожари западно од Мадрид, откако официјалните лица укинаа некои наредби за евакуација. Властите во југозападна Франција предупредија дека претстоечкиот топлотен бран би можел повторно да разгори големи пожари и да принуди илјадници други да ги напуштат своите домови. Според метеоролозите, континентот се соочува со нов топлотен бран со температури над 40 степени. Фокусот моментално е на ...
Големата светска пијанистичка ѕвезда Кристијана Пегораро, вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред ...
Јапонската премиерка Такаичи изјави дека 13 лица загинале во силниот земјотрес што го потресе југозападниот дел на Јапонија. Спасувачката операција продолжува во потрага по исчезнати. Потресот од 7,1 степен по Рихтер ја погоди областа Кумамото на јужниот главен остров Кјушу предизвикувајќи голема материјална штета. Агенцијата за управување со пожари и катастрофи соопшти дека повеќе од 260.000 луѓе биле советувани да се евакуираат, повеќето од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. За само една година, од поставувањето на камен-темелникот до денес, успешно е реализиран овој значаен проект, со ...
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките, наместо исклучиво на Клиниката за онкологија. Министерството за здравство подготвува децентрализација на онколошките услуги. По лековите за рак на дојка, се разгледува можноста и таблетарната терапија за рак на простата да се подига во аптеките. Паралелно се анализираат капацитетите на онколошките центри во државата, земјава се соочува со недостиг на апарати за ...
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на Москва. Поголемиот дел од украинските беспилотни летала биле пресретнати на поголема далечина, а над 80 биле соборени во близина на руската престолнина. И Украина нотира напади во регионот на Киев. Во Советот за безбедност на Обединетите нации дебата за нападите врз украинскиот главен град на 18 и 19 јули. На седницата беше истакнато дека руските акции дополнително го загрозуваат глобалното ...
Украинскиот претседател пристигна во сад, каде е предвидено да одржи серија средби со американскиот колега Трамп, членови на неговата администрација и претставници кои ја поддржуваат Украина. Според зеленски, главен приоритет на посетата е зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана за да можат да се спротивстават на руските напади, како и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу Киев и Вашингтон. Во меѓувреме советот за безбедност ...
Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка. Одлуката се заснова на забавувањето на инфлацијата, која во јуни изнесувала 3,4 проценти, но и на зголемената неизвесност поради геополитичките тензии и повисоките цени на енергенсите. Девизните резерви остануваат во сигурна зона. Домашната економија покажува отпорност. Централната банка и натаму ќе биде посветена на одржување на ...
Американскиот претседател уверува дека се водат пријателски преговори со Техеран, но доколку не дадат резултат, Иран повторно ќе биде нападнат. Шефот на Белата куќа рече дека решил да ги паузира борбите на барање на земјите посредници, да им даде уште една шанса на преговорите. Исламската Република негира дека се водат какви било директни разговори. Завојуваните страни се во затишје и не разменија напади три дена по ред. Трамп денеска е ...
Водата во Крушево е безбедна за пиење. Уреден и третиот последователен примерок во анализите, потврдија од Центарот за јавно здравје. Се чека Агенцијата за храна и ветеринарство да даде дозвола за употреба. Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и дозволи водата да се употребува. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен ...
Досега 4.300 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, стотина во текот на минатото деноноќие. Здравствените власти уверуваат, акутната фаза на епидемијата е во смирување. Ќе има засилен здравствен надзор, апел до матичните лекари да се следи хепатит А и Е и други заразни болести кои може да се јават со епидемијата. Наташа Јанчиќ-Менковски ги има деталите од прес-конференцијата на министерот Клековски. Досега 4.300 граѓани во Гостивар ...
Осум потврдени случаи, расте бројот на заразени со западно-нилска треска, вирусот кој се пренесува преку заразени комарци. Симптоми, блага температура, главоболка, дезориентација. По состанокот на Комисијата, предупредување и за појава на други заразни болести во период на годишни одмори. Андријана Ѓурческа известува. Осум потврдени случаи, расте бројот на заразени со западно-нилска треска, вирусот кој се пренесува преку заразени комарци. ...
Македонскиот народен театар на 9-ти септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите ...
Европската унија мобилизира итна помош додека пожарите во земји-членки излегуваат од контрола. Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, а пламенот е сè поблиску до Бордо. Во Шпанија пламените јазици уништија површина од 80.000 хектари. Повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани, што претставува една од најголемите евакуации во Европа предизвикани од огнена стихија. Распоредени се сите достапни ресурси. Пожарникари од цела Франција се на ...