Ништо не може да застане на патот на човечката имагинација. Значи, напролет, иновациите цветаат, а модните трендови се менуваат и се испреплетуваат со голема брзина. Сепак, еден се издвојува. Станува збор за трендот на цветни летни сандали. Имено, популарните сандали со цвеќиња честопати не се многу достапни, но сепак, има начин сами да ги направите. Многу едноставно, потребни ви се само две работи за овој модерен рецепт. View this post on ...

Авион на „Ол Нипон Ервејс“ од Токио до Хјустон бил пренасочен кон Сиетл во саботата откако еден патник се обидел да отвори две излезни врати за време на летот, потврдија ФБИ. Патникот бил совладан од членовите на екипажот и другите патници, а по слетувањето бил префрлен во болница на медицински преглед, соопшти ФБИ. Летот АНА 114 полета од аеродромот Ханеда во Јапонија кон меѓународниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон, но беше пренасочен поради ...

Северна Кореја уапси четврти функционер поради неуспешното лансирање на нов воен брод, што го налути лидерот Ким Џонг-ун, објави државната новинска агенција КЦНА. Ри Хјонг-сон, заменик-директор на Одделот за воена индустрија на владејачката Работничка партија, е уапсен и се вели дека е „во голема мера одговорен за сериозниот инцидент“ што се случи минатата недела. Станува збор за разорувач од 5.000 тони кој се превртел при лансирањето и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе широк пакет царини за увезената стока, вклучувајќи основна царина од 10 проценти за повеќето производи и царина од 30 проценти за кинеските производи. Некои артикли, како што се челикот и алуминиумот, имаат уште повисоки стапки. Последиците се веќе видливи – сè повеќе големи компании предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат цените. Трамп рече дека трговците на мало не треба да ги „пренесат“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори со Европската унија (ЕУ) до 9 јули, откако претседателката на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне „добар договор“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно во неделата објави на социјалните мрежи дека ЕУ е подготвена брзо да започне трговски преговори со САД, но дека е ...

Европската Унија е подготвена брзо да дејствува во трговските преговори со Соединетите Американски Држави, но ќе треба да „постигне добар договор“ до 9 јули, првичниот рок за преговори, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен во објава на Икс изјави дека имала „добар“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Повикот уследи откако Трамп во петокот изјави дека е незадоволен од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин. „Не знам што му е. Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон. Трамп ги даде овие забелешки како одговор на ...

Најмалку 20 лица се убиени, а десетици се ранети по израелскиот напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во Газа, изјавија локалните здравствени власти за Ројтерс рано утрово. Лекарите рекоа дека меѓу десетици жртви во нападот врз училиштето, во населбата Дараџ во градот Газа, имало жени и деца. Некои од телата биле тешко изгорени, според сликите што кружат на социјалните медиуми, кои Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди. ...

По повеќе од две децении, Сатурн повторно влезе во знакот на Овен. Овој транзит го означува почетокот на нов 29-годишен циклус и носи моќни лекции за самодисциплина, трпение и лична одговорност. За некои знаци, овој период може да биде предизвикувачки, но и ослободувачки. Сатурн е планетата на кармата, структурата и времето. Каде и да е, тој бара од нас да бидеме сериозни, одговорни и зрели. И кога се населува во огнен и импулсивен Овен, тоа ја ...

Нема да има ждрепка, Осогово останува во Втора лига, а Големо Коњари и Преспа после долги години се враќаат во второлигашкото друштво. Ваквата промена доаѓа откако Беса преку бараж испадна од Прва лига откако загуби од Башкими и информираше дека нема да се натпреварува во Втора лига, како и поради откажувањата претходно на Воска Спорт и Гостивар од Прва лига. Така да, нема потреба од ждрепка – Осогово, Големо Коњари и Преспа во Втора лига ...

Шпанија повикува на меѓународно ембарго на оружје против израелската влада за да се стави крај на војната и хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. „Сите мора да се согласиме за заедничко ембарго за оружје“, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес пред новинарите на почетокот на состаноците на министрите од таканаречената Мадридска група во шпанската престолнина. „Последното нешто што му треба на Блискиот Исток во моментов ...

Ако теретаната звучи како казна, а трчањето како кошмар, имаме добри вести: не мора да поминувате часови вежбајќи за да согорувате калории. Постојат секојдневни активности и трикови кои можат да бидат поефикасни од еден час тренинг, бидејќи го активираат метаболизмот во позадина – без напор, без пот, без грижа на совест. 1. Стоење наместо седење Заменете барем еден или два часа седење дневно со стоење – додека зборувате на телефон, работите на ...

Дакота Џонсон имаше неколку незаборавни настапи на овогодинешниот Кански филмски фестивал. Сепак, со едно издание, го потврди доаѓањето на два нови тренда. На премиерата на филмот „Highest 2 Lowest“, таа се појави во впечатлива розова тоалета. За црвениот тепих, таа избра долг фустан без прерамки од Гучи. @voguemagazine #DakotaJohnson’s candy pink #Gucci gown for the 2025 #Cannes Film Festival comes with a story… well kind of. Tap the link in ...

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала ...

Точка на сезоната во шпанското првенство ставија Атлетик Билбао и Барселона во Баскија, каде што актуелниот шампион победи со 3:0 (2:0) и со тоа ја спушти завесата на сезоната во која постигна 101 гол. „Црвено-белите“ нема да жалат премногу за овој пораз бидејќи одамна го обезбедија четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите, каде што се враќаат по 10 години. Навивачите на „Сан Мамес“ се збогубаа со легендата Оскар де Маркос. Еден од ...

Драматичен крај имаше сезоната во Серија А. Најголеми губитници се фудбалерите на Лацио, во последната рунда останаа без место во европските купови. Лацијалите на домашен терен загубија од Лече (0:1). Екипата од југот на Италија со овој триумф избори опстанок во лигата. Лацио против давеникот не успеа да постигне гол, еден бод ќе го однесеше клубот во Лигата на Конференции. Лацио, цело полувреме играше со фудбалер повеќе, но ниту тоа не им беше ...

Монако вечерва не успеа да стане европски првак. Во Абу Даби, Монако го загуби финалето од Фенербахче со 70:81. Еден час по завршувањето на финалето, медиумите објавија дека Никола Миротиќ од следната сезона ќе го носи дресот на клубот од „малото кнежество“. Миротиќ ќе потпише двегодишен договор со Монако, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона. Оваа информација ја објавува „Јурохупс“, а претходно беше споменато дека Миротиќ ќе ...

Капитенот на Фенербахче, Мелих Махмутоглу, му препушти на Марко Гудуриќ да го подигне трофејот наменет за осовојувачот на Евролигата. Фенербахче во финалето на завршниот турнир, во Абу Даби го победи Монако (81:70). Во моментот кога капитенот требаше да истапи напред за да му биде врачен трофејот, имаше кратка пауза, како да не беше однапред договорено кој треба да го стори тоа. На крајот, Махмутоглу истапи напред во цивилна облека и го прифати ...

Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна. Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата. АЕК успеа да Европската ракометна федерација (ЕХФ) да и приреди уште еден циркуз. Првиот пат во Белград, против Партизан им помина. И тогаш не излегоа на теренот, тврдеа дека нема услови да се игра. На крајот ЕХФ реши мечот да се игра на неутрален терен во ...

Во рускиот Белгородски регион воз налета на експлозивна направа, предизвикувајќи експлозија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм. „Според прелиминарните информации, возот налетал на експлозивна направа поставена под шините“, напиша тој. Повредени нема, но оштетена е контактната мрежа на железничката пруга. Железничкиот сообраќај е привремено во прекин. Сите служби за итни случаи се на терен. Текстот Воз во Русија налета ...

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако 81:70 и втор пат во клупската историја ја освои титулата во Е вролигата. Турскиот клуб со брилијантна партија во второто полувреме дојде до највредниот клупски трофеј во европската кошарка. Монако подобро влезе во натпреварот, рано имаа играчите на Спанулис предност од девет поени, но целосно потфрлија во финишот на втората и стартот на третата четвртина. Монако шест ипол минути не постигна коша од ...

Постојат луѓе кои едноставно чувствуваат работи – дури и пред да ги изговорите. Може да се обидете да глумите дека сè е во ред, но тие ќе знаат дека не е. Интуицијата кај нив е како внатрешен радар што ги бележи и најмалите промени во тонот, погледот или однесувањето. Астрологијата вели дека припадниците на овие хороскопски знаци се родени „читачи меѓу редови“, и речиси е невозможно нешто да им се сокрие. Риби Рибите се неверојатно чувствителни ...

Одложен е почетокот на реваншот меѓу Алкалоид и АЕК. Се очекуваше некаква провокација од грчкиот табор и таа дојде уште пред натпреварот да започне. Грчките ракометари не скаат да излезат на теренот се додека нивните навивачи не влезат во салата „Борис Трајковски“. Челниците на АЕК една ваква игра веќе одиграа во полуфиналето, против Партизан. Тогаш тврдеа дека нема услови за игра во Белград, не излегоа на теренот и на крајот издејствуваа мечот ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти. „Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени ...

Дванаесет лица се полесно повредени во судирот на два автобуси попладнево на А1 кај излезот Вучевица кај Сплит. Тројца претежно имале скршеници и како превентивна мерка се задржани во болница на опсервација, пишува „Индекс“. Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на А1 во правец кон Загреб. На местото на несреќата веднаш биле испратени служби за итна медицинска помош, полиција и пожарникари. ...

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец. Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“. „Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на ...

Екипата на Беса која беше дебитант во Првата лига денес на Градскиот стадион во Кавадарци со 2:0 загуби до баражот за опстанок од Башкими и испадна во Втора лига. Веднаш по мечот екипата на Беса преку соопштение информираше дека се откажува од Втора лига и ќе се посвети на академијата. „Сопствениците на клубот Беса 1976 ја известуваат јавноста за повлекување од раководењето со првиот тим. Академијата останува единствен фокус! По долг период на ...

Шарл Леклер, возачот на Ферари, не беше задоволен од исходот на трката во Монако. Леклер ја заврши трката на својата домашна патека во Монте Карло на второто место, зад возачот на Мекларен, Ландо Норис. Леклер го освои вториот подиум на Ферари оваа сезона (првиот беше во Кина) и ова е втор пат во неговата кариера да биде на подиумот на домашната трка, откако победи во 2024 година. „Денешната трка ја загубивме вчера. На крајот на краиштата, ...

На денешен ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше роденденот на Јосип Броз Тито како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тој ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони. Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. Сите тие оставиле силен впечаток едни на други, а особено на Јованка Броз, ...

Фудбалерите на Риека ја освоија титулата шампион на Хрватска, откако на домашен терен го совладаа Славен Белупо со 2:0, во последното, 36. коло од хрватската прва лига. Стрелци за Риека беа Нико Јанковиќ во 12-та минута и Тони Фрук во 50-та минута. Риека заврши на првото место со 65 бода, колку што освои и Динамо Загреб, но Риека во меѓусебниот скор беше подобра. Во последното коло, Динамо го победи Вараждин со 1:0 на домашен терен, со голот на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
62%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.83
48%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
84%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.34
43%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
61%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
1.34
55%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62