Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија од Апелациониот суд-Штип. Посочуваат дека Зарков кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по ова одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, ...

Со завршувањето на првото пријавување во јунскиот уписен рок во средните училишта, првичните податоци покажуваат солиден интерес кај идните средношколци. Во ДСУ „Коле Нехтенин“ во Штип се пријавени вкупно 172 ученици, во СОУ „Јане Сандански“ 150 ученици, во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, 26 ученика. Децидна беше директорката на СОУ „Коле Нехтенин“ дека се очекува зголемување и на досегашната бројка по вториот уписен рок кој е на 23 јуни. „По ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување. Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино ...

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Италија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со македонска делегација, во изминатите два дена реализираше работна посета на Италијанската државна полиција. Во рамки на посетата беше спроведена сеопфатна и ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со официјално соопштение по денешната полициска акција во која беше приведен поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, заедно со повеќе негови тогашни соработници. Акцијата е спроведена од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координација со Управата за финансиска полиција, а се однесува на сомнежи за финансиски злоупотреби и нанесена штета на ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја доведува економијата во сериозна криза, а компаниите се соочуваат со огромни проблеми поради неисплатениот поврат на ДДВ. Филипче истакна дека државата должи близу 200 милиони евра кон компаниите, средства кои се неопходни за нивното тековно работење и ликвидност. „Нема поврат на ДДВ-то на компаниите. Близу 200 милиони евра, повторувам, 200 ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека денеска заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое, како што вели до вчера било дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик. „Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и ...

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати серија критики до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој не беше присутен на седницата каде власта треба да даде отчет. Мециновиќ посочи дека власта постојано зборува за „инфраструктурен бум“ и економски успеси, додека истовремено илјадници млади луѓе не можат да обезбедат сопствен дом и се принудени да живеат под кирија, да се ...

Македонија испиша нова страница во заштитата на своето природно богатство. Македонскиот рубин официјално е заштитен како национален полускапоцен камен, со што државата за првпат добива официјално заштитен минерален симбол од ваков вид. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска соопшти дека е заокружен процесот на институционална заштита на македонскиот рубин, минерал кој претставува непроценлив дел ...

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик. Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за ...

Делегација на Државната изборна комисија (ДИК), составена од претседателот Бојан Маричиќ и членовите Дитмире Шеху и Светлана Карапетрова, зеде активно учество на седмата Регионална конференција „Парите во политиката 2026“, која се одржа во Кишињев, Република Молдавија, на која Маричиќ, во име на институцијата го потпиша Меморандумот за разбирање меѓу изборните власти на Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Молдавија и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека најновиот извештај на Европскиот парламент директно ги потврдува предупредувањата на СДСМ за ширењето на антиевропски наративи и странското влијание врз јавниот простор во државата. „Понатаму, странско мешање, вклучително и преку медиуми под унгарско влијание кои шират антиевропски наративи. Не го кажа ова Венко Филипче? Извештајот на Европскиот парламент. Го потврдува тоа што го говориме со ...

„Продолжената рака на Зоран Заев, кој верно му го чува претседателското столче во СДС, Венко Филипче повторно денес излезе на прес-конференција. Иако, можеби, за момент помисливме дека Филипче, сепак, ќе ги стави државните интереси пред личните и ќе ја прифати подадената рака за обединување и заеднички настап во борбата за одбрана и заштита на интересите на државата и националните идентитетски обележја, Венко како верен слуга и пиун на Румен ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“, каде што е во тек асфалтирањето на коловозот и изградба на нови, современи и безбедни тротоари со бехатон-плочки и ниски рабници. Станува збор за долгоочекуван инфраструктурен проект кој претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека по две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, граѓаните живеат полошо, економијата е ослабена, а европскиот пат е целосно закочен и додаде дека Мицкоски нема никаков резултат и затоа тера кампања на конфликти и поделби. „Оваа власт ниту има визија, ниту капацитет, ниту знаење како да ги менаџира работите, согласно тоа нема никаков резултат. Ветеното пред ...

Синево Македонија одбележа 25 години постоење, јубилеј што претставува значајна пресвртница не само за компанијата, туку и за развојот на современата лабораториска дијагностика во земјата. По тој повод беше организиран свечен настан на кој присуствуваа лекари, здравствени работници, деловни партнери, соработници, пријатели и вработени кои во различни периоди биле дел од развојот на компанијата. Осврнувајќи се на изминатите 25 години, д-р Маја ...

„Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување кој е видлив со секој изминат ден“, потенцираше министерот за одбрана Владо Мисајловски на денеска одржаниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел. Министерот Мисајловски истакна дека ...

„Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива. ВЛЕН го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува ...

„Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи. Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, ...

„Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. Додека државата се задолжува и ја полни новата буџетската дупка од 150 милиони евра заради светската криза со нови кредити во име на граѓаните, банките најавуваат нови поскапувања на провизиите за цели 30%. Ова е класично ‘шурење’ и насилство над народот“, вели во изјава за медиумите ...

Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Република Северна Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници ...

За пет години ќе има брза железница со која од Скопје до Солун ќе се патува 1 час и 25 минути, а до Белград 2 и пол часа, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан што се оддржува во Солун „Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе ...

Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот. „Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни ...

„Вчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани кои со своето присуство дадоа силна поддршка и испратија порака на единство и заедништво“, кажа Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој значаен настан. Вашата доверба и поддршка се ...

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска, денеска, во Охридската сала на Собранието, даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е дипломиран економист од Скопје и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно ...

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема. Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата се поставени нови детски содржини, меѓу кои ...

На плоштадот покрај Македонскиот народен театар деновиве беше поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј изглед внимателно е осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје. Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
26%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
44%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.18
37%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.28
39%
1021
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
0.89
45%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.71
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.08
34%
1019
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
0.93
37%
1021
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.89
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Иридиум

253540.09

Сребро

2087.39

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

133769.08

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Цинк

0.00

Бакар

12.73

Алуминиум

3.40