По повод петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа беше во посета на Националниот парк, од каде најави нови инвестиции и системски мерки за заштита. Министерот истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од највредните природни ресурси во државата, како резултат на заедничките напори на ...

Со шише ладна вода, вклучена клима и лесна облека, граѓаните почнаа да се штитат од првите повисоки температури. Велат дека внимаваат кога излегуваат надвор, па обврските ги завршуваат најдоцна до 11 часот претпладне. Остатокот од денот го поминуваат во разладени и проветрени простории. Истакнуваат дека ги следат препораките на лекарите – внесуваат повеќе течности и внимаваат на исхраната. Од Управата за хидрометеоролошки работи за М-Нет ...

Кампус 4 во Штип ќе биде отстапен за потребите на МВР, потврди ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Тој вели дека Универзитетот го поддржува процесот, бидејќи објектот е изолиран од урбаната средина и не е најсоодветен за сегашната намена. Во кампусот се сместени два факултета, а студентите секојдневно патуваат до локацијата. За возврат, УГД очекува да добие објект во градското подрачје со подобри услови за работа и настава. Според Мираковски, ...

По револтот на родителите во двете основни училишта во општините Лозово и Конче, Министерството за образование и наука најавува вонредна контрола во понеделник, по обвинувањата дека ученици неправедно повторувале година, наводно по етничка основа. Од училиштата ги отфрлаат наводите и тврдат дека оценувањето е спроведено согласно пропишаните критериуми и процедури. Министерката Весна Јаневска вели дека институциите нема да се потпираат на ...

Од новата учебна година ќе се менува начинот на работа во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, во рамки на процесот на оптимизација на образованието, информираа надлежните. Причината за промените е намалениот број ученици и потребата за подобро искористување на образовните ресурси. Учениците од прво и шесто одделение ќе продолжат во други училишта по свој избор, а во наредните години постепено ќе се заокружи наставниот процес во оваа зграда. Објектот ...

Сезоната на пинџур со пржена пиперка и домат е во полн ек, а граѓаните на штипскиот пазар купуваат во поголеми количини. Велат – евтино, квалитетно и многу здраво. Ова едноставно летно јадење се подготвува брзо и се јаде со мерак. Најчесто се служи со сирење, кое го дополнува вкусот и го прави уште поубав Иако за голем број граѓани, цените се достапни, за дел останаа високи. Тие велат пинџур нема да прават и ќе чекаат дополнотно поевтинување ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави десеткратно зголемување на казните за маркетите кои применуваат нефер трговски практики, како и нов состанок со претставниците на маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот упати отворен повик до компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да ги пријавуваат сите манипулации на пазарот за државата да може соодветно да интервенира. ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава веќе од следната недела. Според неговите проценки, во понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја донесе новата одлука, бензините би требало да поевтинат за околу 4 денари, додека цената на дизелот се очекува да падне за околу 7 денари по литар. „Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот на реконструкција на Владата ќе биде формализиран до крајот на месецов и очекува до 1 јули предлог-списокот да се најде пред пратениците во Собранието. Мицкоски рече дека разговорите со коалициските партнери се во тек и дека засега не може да открива детали за кадровските решенија. „Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се ...

Македонија бележи раст од 7,6 проценти на индустриското производство во 2026 година во споредба со претходната година, додека кумулативниот раст се наоѓа во позитивна зона од 0,2 отсто. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Стојаноски потенцираше дека ваквиот резултат доаѓа во период кога голем дел од европските економии ...

„Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, за разлика од Заев кој пред да дојде на власт ги лажел граѓаните дека нема да го смени уставното име, Филипче уште отсега, од позиција на опозиција, отворено покажувал дека сака да дојде на власт за да изврши, како што рече, „национално ...

На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му се потребни најмалку 68.654 денари за да ги покрие основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци за Синдикалната минимална кошница кои денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Доколку семејството нема сопствен дом и живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, финансискиот товар драстично се зголемува, при што сумата достигнува високи 84.024 денари. Во ...

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму велат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

На патниот правец Свети Николе – Куманово синоќа се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени неколку лица, информираат од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Интервенцијата била реализирана на 19 јуни во 21:02 часот, кога на местото на несреќата било испратено едно противпожарно возило. Пожарникарите учествувале во спасувачката акција, при што извршиле извлекување на повредените лица од возилата. По укажаната прва ...

Поради технички зафати и санација на дефект на затворачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“, дел од корисниците во централното градско подрачје денеска ќе останат без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 до 22:00 часот. Според соопштението на претпријатието, без вода ќе бидат следните објекти и улици: – Институции и објекти: МАНУ, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. За време на викендов, претпладне ...

Прв случај на Зика вирусот е регистриран во Македонија, информира Институтот за јавно здравје. Пациентот од 20 до 28 мај престојувал на Малдивите. „На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција. Пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни ...

Најавите на Владата за подготовка на нова законска рамка за изградба на дата центри отвораат сериозни прашања поврзани со енергетската политика, користењето на природните ресурси и долгорочниот јавен интерес, сметаат од ДОМ. „ДОМ смета дека пред да се пристапи кон измени на законите и создавање поволности за нови инвестиции јавноста има право да добие јасни одговори за ефектите што овие проекти ќе ги имаат врз енергетскиот систем, животната ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени. „Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно ...

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ. На Претседателот Гаши му беше предадена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030. Чучуљ ги претстави клучните приоритети и цели на Стратегијата, која се фокусира на седум области и сектори, и тоа: хоризонталните области – јавни набавки и надзор над ...

Полицијата поднесе кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари. Според информациите на МВР, СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот ...

Утре, 20 јуни, поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, ...

Поголем дел од Центар утре ќе остане без вода, а намален притисок или без вода ќе има од Автокоманда до Камник. „Ве известуваме дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ЈП Водовод и канализација -Скопје ќе превземат одредени технички зафати кои ќе се одвиваат 20.06.2026 година (сабота). Прекин на водоснабдување на ден 20.06.2026 година (сабота) ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните ...

Неподвижен и тешко болен, покрај мртовечки ковчези, веќе една недела на душек на земја, живее Осамедин Усеинов во просторија на Новата џамија во Радовиш. Вратен од старечки дом, тој останува без семејство и грижа, а неговите роднини за да го чуваат, не сакаат ниту да слушнат. Не може да говори, да станува и да ги извршува своите основни потреби, а сега останал и без кров над глава. Според граѓаните, тој бил оставен пред џамијата, а тие како ...

Штипско културно лето 2026 го отвора своето 41. издание со богата и разновидна програма која ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавуваат организаторите, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за ...

Револтирани родители од турската заедница во Општина Конче реагираат дека нивните деца неправедно ќе ја повторуваат годината во ООУ Гоце Делчев, бидејќи, како што велат, од вкупно 30 слаби ученици, за повторување се оставени 11 ученици од малцинствата. По вчерашниот случај во Општина Лозово, глас кренаа и од оваа општина. Исов Мемет, татко на осмооделенец која ќе ја повторува годината и покрај тоа што е тешко повреде во сообраќајна несреќа, ...

54-годишниот Љупчо Грнчиштанов, главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат и обвинет во судскиот предмет поврзан со пожарот во „Пулс“, почина откако му се слошило во домашни услови, информираат надлежните институции. Грнчиштанов долги години ја извршувал функцијата генерален инспектор и раководел со Инспекциската служба во Државниот пазарен инспекторат во периодот од 2013 до март 2025 година. Во рамки на постапката тој беше обвинет за ...

И покрај жешкото време, пазарот во Штип и овој петок беше полн со луѓе кои ги полнеа торбите со свежо овошје и зеленчук. Купувачите едногласни, цените не се скапи, а кога ќе се види под какво сонце работат земјоделците, велат дека нивниот труд вреди многу повеќе. Од пиперки и патлиџани до праски и лубеници, на тезгите имаше од се по нешто, а најголем интерес имаше за лубеницата која носи разладување во овие летни денови. „Не е скап, многу е ...

На денешната, 68-ма седница на Комисијата за финансирање и буџет се одржа – „Јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри“. Седницата ја отвори претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката Сања Лукаревска, која ги информираше присутните за начинот на работа и текот на јавната расправа. Таа упати поздрав до сите учесници и им се заблагодари на претставниците на надлежните институции, ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
26%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
44%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
40%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.79
44%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.26
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
37%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.79
34%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.58
49%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Рутениум

48965.59

Сребро

2087.39

Калај

53.45

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Бакар

12.73

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.40

Кобалт

45.39

Злато

133769.08

Иридиум

253540.09