Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Утре нема да се одржи маршт за ангелите во Кочани, поради одбележаната годишнина од трагедијата во дискотетката Пулс. Истата се одбележа со тридневна програма на 14,15 и 16 март, а на која присуствуваа голем број граѓани, кои дадоа голема поддршка на родителите на загинатите. Поддршка дадоа и од Влада како премирот Мицкоски, така и претседателката Гордата Силјановска Дафкова. Родителите бараат и понатаму правда и одговорност за трагедијата, ...
Угостителите сопственици на пицерии во Трговскиот центар блок А во Кочани од понеделник 23 март започнуваат со отстранување на поставените времени градби – тераси пред угостителските објекти. Просторот на плочникот во Трговскиот центар блок А треба да биде вратен во првобитната состојба, односно да биде целосно исчистен и прооден за пешаци. Ваквата одлука доаѓа под притисок на кривичната пријава што претходниот в.д градоначалник Венко ...
Врие од народ на денешниот петoчен пазар на празникот Рамазан Бајрам во Штип, зелната салата и кромидот беа најбарани. Купувачите и овој петок од утринава излегоа по потрага на свежи произовди, неопходни да се помине седмицата. Цените велат се скапи, но реални, бидејќи голема е маката на земјоделците. Децидни се тие дека, примањата се слаби, па затоа пазарот навидум изгледа дека е скап. Со полу празни торби, денес тие се заминаа накај дома. ...
Со баклава, слатко, песна и одење на гости, едни кај други, верниците од исламска вероисповед денеска го прославуваат празникот Рамазан Бајрам. По завршувањето на месецот рамазан, а со тоа и на постот, празникот се слави три дена. Најпрво се оди во џамија, потоа се посетуваат гробовите на предците и најблиските, а накрај се оди нагости да се честита празнкот на постарите, а потоа на остантите. Верниците се радуваат, прославуваат и си ...
На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ. В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел ...
Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната ...
Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени до болниците во Скопје. Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот. „Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, ...
„Два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија“, кажа премиерот на Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово ја започна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, од таму порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство. „Во рамки на кампањата, во наредниот период ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои што ќе ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот. Сиљановска-Давкова потенцираше дека пристапниот процес треба да е заснован на заслуги, врз ...
Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. – Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски извести дека во рамки на посетата во Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија, била остварена средба со Андреј Пленковиќ. „На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство“, информираше Мицкоски. ...
„Сè она што СДСМ со денови и со месеци го говори, денеска уште еднаш се потврди. ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети тоа го покажуваат, немаат одговор на ниту едно прашање, на ниту еден од многубројните скандали што ги изнесовме во јавноста, а немаат ниту резултати. Протести на улиците за поголеми плати, протести за правда, покачени цени… хаос во економијата“, велат од СДСМ. „Од друга страна имаме: Криминални тендери. 161 тендер ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели видео на социјалните мрежи од пролетната генералка низ градот. „Да живееме во чист град, без изговори и без навики од минатото што не водат никаде. Сите заедно! Се работи насекаде – во сите општини, улици, паркови, маала и јавни површини. Се чисти темелно и системски затоа што градот убав заслужува еднаков ред и грижа на секој чекор. Грижа, за доброто на секој еден жител! За нашето ...
Помина повеќе од еден месец откако познатиот пејач Даниел Кајмакоски беше киднапиран, а деталите од овој случај продолжуваат да ја шокираат јавноста. Иако киднаперите сè уште се во бегство, најновите информации добиени од истражните органи се застрашувачки – се сомнева дека киднапирањето е нарачано од лице кое пејачот многу добро го познава, објави Телеграф.рс. Адвокатот на пејачот Даниел Кајмакоски, Бранислав Станишиќ, откри дека неговиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со спецификите на активноста, со развојот на клубот и со нивните досегашни подводни истражувања, презентирајќи дел од својата импресивна ...
Откриена спомен бистата на Иле Гоцевски, шоферот на брзата помош во Кочани кој кобната вечер на 16 март 2025 година цела ноќ возеше повредени од пожарот во дискотеката Пулс до Скопје. Се жртвуваше себе си за да спаси што е можно повеќе дечиња, и засекогаш ќе остане запаметен како добра, ведар и посветен човек. Бистата е поставена пред кочанската Општа болница. „Иле не беше само наш колега, туку пријател, човек во вистинска смисла на зборот. ...
Младата штипјанка Марија Атанасова во петок ќе ја промовира својата најнова песна „Вљубена во лага“ со која настапи на Макфест минатата година. Во штипскиот Безистен присутните граѓаи ќе имаат можност да го видат спотот на самата песна и да уживаат во македонска музика. „Во петок имаме промоција на песната „Вљубен во лага“ со која настапив на Макфест 2025 година. Во 19 часот овде во уметничката галерија Безистен. Ги поканувам сите граѓани кои ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на општините Гевгелија и Богданци. Во текот на посетата тој одржа средби со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и со Советите во општините и општинската администрација, при што се разговараше за развојните приоритети на овие општини од Југоисточниот ...
Дејан Здравков е новиот директор на основното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Штип. Здравков е дел од колективот на училиштето од 2004 година, каде што работел како одделенски наставник. Во текот на својата кариера, тој во два мандата ја извршувал функцијата заменик-директор, стекнувајќи значајно искуство во раководењето. На директорската позиција доаѓа на местото на досегашната директорка, Невенка Величкова. Од училиштето очекуваат ...
Денеска продолжи судењето против 75 годишниот штипјанец Денис Асанов, кој ја уби и закопа во сопствениот двор 79 годишна Борјанка Николова. На денешното рочиште сведочеа нспектори од СВР Штип, кои работеле на истрагата, како и близок роднина на убиената. „Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во бањата, ходникот и кујната, ...
Чадор и јакна пред пролетта, од утре дожд, ветер и ниски температури. Ваквите температури ќе се задржат до крајот на седмицата, што значи дека денот на пролетта Штип ќе го пречека под облаци. Како што истакна синоптичарот Ленче Ризова за М-Нет телевизија, утринските температури наместа ќе бидат и под нулата, но во Штип засега нема такви очекувања. Кажа дека минусни температури се очекуваат во осоговско-малешевскиот регион. ,,Ќе имаме значи во ...
Реализирана првата обука во државата за нарачка на ученибници преку електроснки систем, денеска во Штип. Обуката ја реализираше МОН преку нивната педагошка служба, а на истата присуствуваа директори од повеќе основни и средни училишта од истокот. Главната цел, како што соопштуваат раководителите на секторот за учебници е да се изнајде решение за секоја потешкотија при нарачката, за да накрај се обезбедат соодветните учебници, кои се основнот ...
Eдна година затвор за 21 годишникот, кој си ја претепа својата бремена партнерка во Свети Николе. Тој е прогласен за виновен во Основниот суд Свети Николе за две кривични дела. Р. А. се наоѓа во притвор кој му е продолжен до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена. „Постапувајќи по обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Свети Николе, Основен суд Свети Николе донесе неправосилна пресуда со која Р.А. е прогласен за виновен за едно ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека од денес, 18 март 2026 година, започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари официјална средба со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија. На средбата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусекторската соработка со цел креирање политики што директно придонесуваат за подобрување на благосостојбата на децата и младите, особено во контекст на енергетската транзиција, климатските предизвици и намалувањето на ...
Во Амфитеатарот на Интерните клиники денеска се одржа свечен настан по повод примопредавањето на донираните уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија, како и доделувањето благодарници на уметниците донатори. Станува збор за околу 30 уметнички дела, донирани од реномирани и млади уметници, кои со својата хуманост и креативност придонесоа за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за ...
Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. „За“ гласаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат ...
„Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. И оваа година како лани, не поминаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија (ЛДП), со кои покрај забраната за движење, сторителот на насилство ќе биде обврзан да носи електронска нараквица за следење и предупредување на жртвата. ...