Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери. 24инфо.мк дознава дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери. Потврда за тоа порталот доби од нејзините најблиски. Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото ...

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ. Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија. Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, ...

Иако слаткото познато како Дубаи чоколадо стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи. Рачно изработените чоколадни производи „Алјан Дубаи“, кои се продаваат во дисконтниот ланец „Алди Суд“, станаа вистински хит откако се појавија во продажба во декември. Десертот кој во светот стана познат како чоколадо од Дубаи благодарение ...

Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков, преубав експресен пат кој што ги поврзува Куманово и Крива Паланка. Сега го пуштаме овој пат преубав кој е дел од Коридор 10, а за неколку дена од денес ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија која што треба да го поврзе Куманово со ...

Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ, според јулијанскиот календар, православна Нова година слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора. Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Македонија. Најрадосни и ...

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 во Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 64 сантиметри Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 36 во ...

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, ...

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, 6 во Струмица и Гевгелија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) 8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово. Висина на ...

Скопјанец е најновиот среќен играч на Видеолотарија Касинос Австрија.Тој освои фантастични 7.465.017 денари, благодарение на најпосакуваната добивка во Македонија- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. Неделава почна среќно за играч од Скопје, кој стана сопственик на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7.465.017 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник, Златна Копачка во Скопје. Видеолотарија Касинос Австрија на ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Претседателката повика на обединување во однос на евроинтеграциите ...

Патнички авион се урна денеска во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, при што според досегашните информации животот го загубија над 40 лица. Најмалку 25 ја преживеале несреќата. Меѓу патниците имало и деца, а информации за жртвите ќе бидат соопштени наскоро. Во болницата досега се превезени најмалку 22 патници, од кои некои се во тешка состојба. На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници. На него се гледа како тие ...

Авион со 67 патници и пет членови на екипажот се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации авионот се запалил од засега непознати причини. А во процес на разјаснување се информациите за жртвите. Според првичните неофицијални податоци има десетина преживеани. Службите за итни случаи известија дека соборениот авион е на Азербејџан ерлајнс. Според државната агенција Казинформ, авионот ...

Украинскиот лидер Володимир Зеленски потврди дека му понудил пари на словачкиот премиер Роберт Фицо за време на нивната неодамнешна средба во Брисел, во услови на спор меѓу двете држави околу транзитот на рускиот гас. Киев има намера да ги намали испораките на руско гориво преку својата територија кога на крајот на годината ќе истече петгодишниот договор за транзит, што според Словачка ќе ја поткопа нејзината енергетска безбедност. По состанокот ...

Утврдени важни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката. Jавното обвинителство во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека 6 години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен ...

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божиќ утре го слават и Грчката, Бугарската, ...

За разлика од СДС кои беа глуви и слепи на очиглед на сите криминални дејанија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети правна држава и работи на тоа. Прва цел за постигнување на правната држава е бескомпромисната борба со криминалците. Одговорност за сите ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата македонска јавност. Сега се знае и зошто беше тој поданички однос на СДС ...

Mакедонски бизнисмен, кој се бави со градежништво, со незаконски изработен документ и печат на странска амбасада во Скопје, сакал да врши продажба на луксузен имот на Водно, сопственост на дипломатското претставништво, дознава ексклузивно НетПрес. Имено, според документите до кои дојде НетПрес, извесно лице Александар Ивановски со незаконски изработен документ со потпис и печат на италијанската амбасада во Скопје, на седми август, годинава, ...

Во Кривичниот суд започна изведувањето на материјални докази за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден проектил бил пронајден во телото на Вања Ѓорчевска при направената обдукција, јавува репортерот на ТВ21 од Кривичниот суд. Тука забелешка даде и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо кој потенцираше дека за време на обдукцијата пронајдена е и леплива ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и други европски лидери, со цел да се добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев. Зеленски изјави за новинарите дека разговорите во средата во Брисел и дискусијата со 27-те национални лидери на Европската унија следниот ден биле „многу добра можност да се разговара за безбедносните гаранции за Украина за денес и утре“. ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда. “Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, ...

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами. Основното јавно обвинителство Скопје вчеравечер до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница. Претходно Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, ...

Руски генерал, баран од Украина поради употреба на хемиско оружје, е убиен во експлозија во Москва, соопштија руските власти. Генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, е убиен од експлозивна направа поставена во електричен тротинет пред станбена зграда на околу 7 километри југоисточно од Кремљ, соопшти рускиот истражен комитет. Во експлозијата загина и неговиот помошник, додаде комитетот, опишувајќи ...

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби според објави на повеќе медиуми веќе ангажирал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е обвинет, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија. Адвокатот Владимир Доневски наводно уште вчера вечерта бил во јавното обвинителство и предложил Артан Груби да се врати во земјава доколку биде побарана поблага мерка за негово обезбедување, односно мерка куќен притвор, наместо ...

– Целта е годинава да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или меѓу неколкуте водечки во Европа, подвлече Мицкоски. За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат околу 2 800 граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски ...

Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади. По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и ...

Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според информации на Курир, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден. Извори за Курир брифираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово. При извршените претреси, ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство, кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонија се најде во групата Ј и противници ќе ни бидат репрезентациите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Квалификациите за европските селекции за СП 2026 ќе започнат во март 2025 година со групите од пет учесници во квалификациите, додека групите со четири тима ќе ...

Во декември, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Акцијата веќе е ...

Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените, соопшти АХВ. По доставена иницијатива од граѓани за спроведување вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спровела контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е ...

„Исклучително сме благодарни што Хана беше пронајдена жива и здрава“, изјавија нејзината сестра Сиднеј и мајката Бренди Ји. „Изминатиот месец беше незамисливо тежок за нашето семејство и љубезно ве молиме за вашата приватност бидејќи одвојуваме време да се опоравиме и да го процесираме сето она што го преживеавме“, додаваат тие. Изјавата беше објавена на платформата Икс од страна на адвокатката на семејството Сара Азари. Во соопштението не се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1024
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
67%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
59%
1024
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.69
78%
1025
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
5.66
79%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
79%
1025
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 10ᴼ
1.55
68%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
94%
1021
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263