
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години. Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот ...
Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта кадешто вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Мицкоски по средбите со европските државници рече дека заедно со членовите на македонската делегација ги презентирале аргументите за нашиот евроинтегративен пат, ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 49 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е ...
„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот ...
Светските лидери денеска му честитаа на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп по повод победата на претседателските избори во САД. „Честитки до претседателот Доналд Трамп. Подготвен сум да работиме заедно, како што правевме четири години. Со твоите и моите убедувања, со почит и амбиција. За повеќе мир и напредок“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на својот профил на мрежата Х. Британскиот премиер Кир Стармер во својата ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Доналд Трамп за неговата победа на изборите во САД преку социјалните мрежи. „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи. Македонија останува посветена на градењето ...
На последните претседателски избори во САД во 2020 година, американските медиуми беа доволно самоуверени да го објават резултатот во саботата, цели четири дена по денот на изборите. Кога ќе го дознаеме победникот на изборите во САД? Ова е многу незгодно прашање и вистинскиот одговор е – зависи од неколку работи. Некои држави можат да ги објават резултатите прилично брзо, но за многумина тоа би можело да биде долг процес – особено ако има голем ...
Од Владата најавија дека доколку повторно има зголемување на цените на прехранбените производи, ќе бидат преземени поригорозни казни. Оттаму се задоволни од ефектите од есенската потрошувачка кошничка, а најавуваат во следниот период и божиќна кошничка, рамазанска, велигденска,… кои ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните. Овие мерки ќе имаат ограничено времетрење од 15 до 30 дена. По завршување на есенската ...
Регуаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Согласно новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се ...
На самиот крај од вжештените предизборни активности, кандидатите за нов американски претседател се борат за гласови во клучните држави, при што демократската кандидатка Камала Харис ветува крај на војната во Газа, а нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп – „Ново златно време“ на Америка. Во државите во „нишање“, кои се сметаат за клучни за исходот на утрешните претседателски избори, потпретседателот и поранешен претседател на САД се ...
Видеолотарија Касинос Австрија во континуитет ги препознава и поддржува младите таленти за спорт, во склоп на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија. Со задоволство споделуваме дека сме спонзор на ФК АЕРОДРОМ 2018 СКОПЈЕ. Силно веруваме дека овој клуб ќе биде расадник за млади фудбалери. Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува својата визија- верен пријател на спортот. Под слоганот „Играј со најдобрите“, обезбедивме ...
Драма се одвивала вечра во паркот во Ѓорче Петров. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во паркот. „Ддодека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен ...
На 03.11.2024 во 22:10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово. Синоќа во 21:30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано „Доброшки ...
Во Вишиот суд во Белград денеска почна судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое пукаше во училиштето „Владислав Рибникар“, по тужба на наставничката по историја Татјана Стевановиќ. Во јуни претходно се одржа прелиминарно рочиште. Стевановиќ на денешното рочиште раскажа како за многумина изгледал кобниот 3 мај. Иако на прелиминарното рочиште рече дека Стевановиќ побарала изземање на јавноста, адвокатот Стефан ...
Просветните работници овој месец ќе добијат плата поголема за 5%, што е резултат на договорот на Владата и СОНК за континуиран раст на нивните приходи во следните 4 години во износ кој ќе зависи од висината на инфлацијата, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеничката Јованка Тренчевска. -Постигнавме договор за покачување на платите оваа година, согласно можностите што се создадоа ...
За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите, објави неговиот пријател Стефан Лазаров. За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите, објави неговиот пријател Стефан Лазаров. -Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога ...
МВР соопштува дека пријавената Б.К.С., во својство на службено лице – избран министер во Владата на РСМ за Министерството за култура, на 19.02.2024 ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност. Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за ...
Најмалку 95 луѓе загинаа во големите поплави што ја зафатија Шпанија, што ја прави најголемата природна катастрофа што ја погодила земјата во последно време. Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 лица. Уште две жртви биле пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај бил пријавен во Андалузија. Бројот на загинати најверојатно драматично ќе се зголеми бидејќи другите ...
Охриѓанецот Г.Д. се израдува се израдува на супер добивката вредна 6.901.635 денари. Тој е најновиот добитник на најпосакуваниот џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. Последната недела во октомври ја започнуваме со супер вести. Освоен е најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Виделотарија Касинос Австрија, вреден неверојатни 6.901.639 денари. Играчот Г.Д. од Охрид веќе ужива во придобивките од оваа среќна ВЛТ добивка. ...
Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка, која според многумина заслужено заврши во рацете на Родри, но Реал Мадрид успеа да го украде шоуто во Париз. Најблаго кажано некоректно однесување кон колегите, бидејќи многу големи фудбалери во последните 15 или 20 години биле фаворити но не ја добиле Златната топка, па секогаше биле присутни на свечената церемонија. За потегот што го повлече Флорентино Перез, кога одлучи пет часа пред церемонијата ...
Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Северна Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години. Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Балканот е на врвот на оваа ...
По 50 години се започнуваат реални работи на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и до Кичево од Коридорот 8, затоа настанот е историски. Тоа целосно ќе го промени функционирањето на економијата, ќе внесе промени во туризмот, а ќе го забрза и економскиот раст, нагласи владиниот вице-премиер и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со премиерот и со директорот на ЈПДП, извршија надзор врз активностите на автопатската ...
Демократска унија за интеграција (ДУИ) информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со одлукиte на Уставниот суд. Од ДУИ велат дека писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија, како што велат, може да има негативни последици врз ...
Во четвртокот доцна вечерта беше нападната полициска станица во Босанска Крупа на западот од Босна и Херцеговина, при што еден полицаец е убиен а друг е тешко повреден, јавуваат тамошните медиуми. Како што потврдил за Klix.ba портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон Аднан Бегановиќ, малолетникот ја нападнал полициската станица и го убил полицаецот. Уште еден полицаец е тешко повреден. Нападот бил извршен со ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската комисија. Воедно, ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. Потоа, предвидена е заедничка прес- конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен во медија центарот на Владата. Претседателката на европската ...
Во пукањето животот го загубија двајца возрасни и три деца, а едно девојче е рането, соопшти полицијата. Портпаролот на Одделот на шерифот, Мајк Мелис, на новинарите на местото на настанот им кажа дека осомничениот е приведен без инциденти. Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството. Замениците на Шерифот добиле повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, околу 16 ...
За време на викендот нè очекува променливо облачно време. Утре ќе има услови за слаб локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени. Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на ...
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога туристички автобус се преврте во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус, од засега непозната причина, се превртел на локацијата Аџипинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на несреќата се испратени бројни возила за итна помош, полиција и пожарникари. Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус патувал од Баликесир кон Кападокија. „За жал, во оваа ...