
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, при што се повредени најмалку три лица и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија локалните власти. Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова. Резултатот е десетици уништени згради и домови, скршени далноводи и излетани возови од шините. Во Елхорн, предградие на ...
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија. Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри. Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри ...
Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 20, а пријавени се заболени и во Битола – три, Куманово – две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар. „Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до ...
Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР. „Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била ...
Од вчера за 15 отсто поскапе осигурувањето за регистрација на возилата. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста. Според новиот ценовник, сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ од 6.166 денари ...
Кандидатите за претседател, Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Османи во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари и Максим Димитриевски имаат победа во по една општина. Со тоа, Силајовска има најмногу освоени гласови во Аеродром (51,48 %), Берово ...
По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, објави СДК.мк. дравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од ...
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски. Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто. Зад нив е Бујар Османи од ...
Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг, истакна вчера Вучиќ. Словенечкото Министерство за надворешни работи го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за ...
Од обработени 83,54% од гласачките места, до 13 часот излезноста на гласачите на претседателските избори е 24,82%, или гласале 417.170 граѓани. Оваа бројка е сигурно поголема, со оглед дека не се одработени 100%, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Оваа бројка е за 6% поголема за разлика од минатите избори во 2019. Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава. ...
Речиси 3 минимални плати или една просечна и една минимална му се потребни на едно четиричлено семејство за врзе крај со крај во месецот. Трошоците за живот во април порасна за 1.200 денари и сега изнесуваат 60.212 денари. Во уште потешка состојба се семејствата кои плаќаат ќирија во просек за стан од 60 квадрати. Ним да го истуркаат месецот им се потребни над 75 илјади денари. – За жал работниците во Македонија од месец јануари до месец април ...
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци. „До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на ...
Државната изборна комисија пред утрешните претседателски избори објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК. 2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им ...
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија. „35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на ...
Двокатен автобус со средношколци од германскиот град Марбург северно од Франкфурт се преврте во регионот Зауерланд на пат кон Англија. Според полицијата, повредени се 27 ученици на возраст од 14 до 15 години, од кои четворица потешко. Тие се пренесени во болница, но животот на четирите деца не е во животна опасност, соопшти полицијата. Пет наставници кои ги придружувале децата на училишната екскурзија, како и возачот на автобусот, останале ...
Вчерашниот влажен и студен воздушен бран кој ја зафати територијата на Македонија, донесе снежна убавина на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово, а на Попова Шапка наврнаа дури 15 cантиметри снег. Освен на Попова Шапка и Маврово снег утрово има и на сите планини во земјава, а снегот ја покри и Пониква како и планината Галичица. Слаб снег вчера падна и во Нижо Поле во Битола. Инаку времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во првата изборна единица, Христијан Мицкоски објави дека вчера ја повикал албанската опозиција на обединување против власта и изрази јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе оствари контакт со нив за заедничка соработка која ќе се темели на принципи околу кои ќе се обединиме. -Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но ...
Уапсен еден од осмничените за кражбата на сефот во маркетот во Скопје за кое што кружеше и видео на социјалните мрежи, во кое се виде како крадците го ставаат сефот во возилото па им паѓа од него, за што го добија епитетот – најнесмасни крадци. Осомничениот бил на возраст од 23 години. Како што соопштија од обвинителството, тие провалиле во затворен маркет во Скопје, во кои одзеле сеф, дневен промет и цигари во севкупна вредност од 285.000 ...
Синдикат на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против лицето О.С. – поранешен Министер за внатрешни работи и против други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело “Несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик. Имено пријавените во својство на службени лица – во еден ...
Српската водителката Бојана Јанковиќ (поранешна Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу „Сити“ на Пинк телевизија е пронајдена мртва во стан во Белград, пренесуваат српските медиуми. На телото на водителката, која во октомври би наполнила 47 години, немало видливи траги на насилство, а Брзата помош констатирала смрт околу 19 часот. За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое нареди обдукција. ...
Британскиот адвокат Насир Хафези е многу популарен на социјалните мрежи, а секој ден дава различни правни совети и на пошироката јавност и ги објаснува нивните законски права во одредени ситуации. Пред неколку месеци тој сподели видео на TikTok каде го откри прашањето на кое никогаш не треба да дадете прецизен одговор на сообраќајната полиција. Видеото стана вирално преку ноќ – прегледано е над 1,3 милиони пати, а сигурни сме дека ова адвокатско ...
Почина човекот кој се самозапали во петокот пред судницата во Њујорк каде што му се судеше на Доналд Трамп за купување на молчењето на поранешна порно актерка, но официјални лица изјавија дека неговиот чин не се чини дека е поврзан со поранешниот републикански претседател. Човекот гореше неколку минути пред телевизиските камери поставени пред судницата во Њујорк, каде што се одржуваше првото судење на поранешен американски претседател во ...
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство ...
Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал. Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан. Израел претходно предупреди дека ќе возврати откако ...
„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски. Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, ...
Младите фубалери на “Кул” се наоѓаат пред нов голем предизвик. Генерацијата 2014 предводена од тренерите Виктор Петров и Љупчо Методиевски заминуваат на силен меѓународен турнир во Макарска (Хрватска). Овој настан кој го краси богата традиција и е исполент со силни младински тимови кој напредуваат од година во година. Нашиот тим пристигнува денес а веќе утре го очекува дуел со домашниот НК Истра Пула 1961. Наши ривали се и тимот на Бамбиноси ...
Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМ. Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија. Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. ...
Ј.М. од Битола е најновиот милионер во Македонија. Тој ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари. Фантастични 20.951.041 денари легнаа на сметката на Ј.М. од Битола. Тоа е играчот која ја освои најпосакуваната добивка СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. Ј.М. на 15.04.2024 се забавувал на видеолотариските терминали од Видеолотарија Касинос Австрија, кај нашиот деловен соработник ...
Денеска (17.04.2024) во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот. Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на ...
Пожарот во Универзална сала од минатата недела беше повод градоначалничката Данела Арсовска и министерката за култура Бисера Костадинвоска Стојчевска да почнат со меѓусебни обвинувања. Причините и предизвиканата штета допрва ќе се утврдуваат. По вчерашните обвинувања од Арсовска, Костадиновска Стојчевска денска најави дека градоначалничката ќе мора клеветите да ги докаже на суд. Министерката за култура вели дека за пожарот во Универзална дознала ...