
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се обрати пред американскиот Конгрес, каде говореше на повеќе теми. Трамп зборуваше зборуваше нешто помалку од еден час и 40 минути, соборувајќи рекорд. Имено, тој го постави рекордот за најдолго прво обраќање на заедничка седница на Конгресот, односно обраќање за состојбата на Унијата. Тој зборуваше подолго од кој било претходен претседател, вклучително и себеси за време на неговиот прв мандат. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по посетата на македонската делегација на Унгарија истакна дека унгарскиот премиер е голем поддржувач на Македонија. -Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, наш голем пријател и поддржувач на Македонија. Човек од кого има многу да се научи! Пријателство кое трае со децении, пошива Николоски. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на ...
Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. -Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред ...
-Детето имаше многу смрзнатини, беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро – изјави припадник на Планинарската спасувачка служба која утрово ја пронајде Дуња Марковиќ, двегодишното девојче по кое од вчера попладне интензивно се трагаше. Како што објаснил, девојчето било покрај мал поток. „Лежеше во природа, не паднала во потокот. Ќе видиме кога ќе го направиме брифингот, но мала е веројатноста дека ...
ЕУРОСУПЕР 95 од утре поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 79,5 денари по литар. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ, и од утре ќе се продава по цена од 72 денари по литар. Поевтинува и екстралесното масло за домаќинство, за 1,5 денари и од утре ќе се продава за 71,5 денари. Цената на мазутот за немалува за 1,2 денари, и од утре ќе ...
Од ТАВ Македонија истакнуваат дека оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели, како и полесен пристап на патниците да истражуваат нови дестинации, со што ќе се зајакне туристичката индустрија во двете земји. По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите ...
На програмата на Македонската радиотелевизија од утре стартува емитувањето на новиот телевизиски проект „Животна приказна“ каде во фокусот на вниманието ќе бидат животните приказни на познатите. Водител на емисијата е Здравкица Милиќ која после подолга пауза повторно се враќа на телевизиските екрани, а уредник е Васко Спасоски кој има долгогодишно новинарско искуство зад себе. „ Станува збор за специфичен проект каде акцентот ќе биде ставен на ...
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски поднесе неотповиклива оставка. Тој во своето излагање пред советниците на Советот на Град Скопје ги наведе причините што го довеле да го преземе овој чекор. Трајановски, меѓу причините за неговата оставка ги наведе раководењето со Град Скопје и со јавните претпријатија, како што ја нарече, на група од Сарај од ДУИ. Тој посочи дека на почетокот при преземањето на раководењето на ...
На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна ...
Нова акција утринава се спроведува во Скопје, дознава Курир. Според првичните информации, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа. Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол и неговиот заповедник. Лицата опфатени со оваа акција се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување ...
Во координирана акција синоќа бил спасен повреден чешки планинар на Шар Планина. Вчера попладне во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК е добиена пријава од чешки планинар – скијач дека еден негов колега – исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош. Како што соопшти ЦУК, по примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повреден планинар, на ...
На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото, информира МВР. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на ...
Од денеска поевтинуваат над 1000 производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. Трговците изразија загриженост и побараа средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши. Според владината одлука, на пет проценти се ограничува профитната маржа за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, на ...
Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија реализираше уште една успешна крводарителна акција. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Оваа акција е само уште еден доказ дека солидарноста и ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик. Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил службената ...
Иако на прв поглед може да изгледа како незначителен проблем, шугата претставува сериозна здравствена и социјална закана, особено во заедници со потешки услови за живот. Ова е тема која заслужува внимание, бидејќи раната превенција и правилниот третман можат значително да го намалат ширењето и компликациите од болеста. Што е шуга и зошто е важна оваа тема? Шугата е паразитска инфекција предизвикана од мал паразит, познат како Sarcoptes scabiei ...
Милијардерот Илон Маск, кој е на чело на американскиот Оддел за владина ефикасност (DOGE), го поздрави доаѓањето на руска делегација во Саудиска Арабија пред првите директни руско-американски преговори за украинскиот конфликт. Сопственикот на Tesla, SpaceX и X повторно објави видео од пристигнувањето на делегацијата предводена од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Ријад. „Вака изгледа компетентно раководство“, напиша тој на ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со градоначалниците на општините Кисела Вода и Бутел, Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска присуствуваа на вековната македонска традиција на закројување на лозјето кај црквата „Св. Трифун“ во селото Кучково. Во утринските часови, пред чинот на закројување, беше одржана традиционална литургија во црквата „Св. Трифун“. -Овој ...
Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо. Одлуката, според најавите, ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Како што информира Владата покрај основните прехранбени производи одлуката ќе вклучува и средства за хигиена, бебешка храна и непрехранбени производи кои имаат многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните. Одлуката ќе ...
Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за ...
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и неговата околина. Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, се фокусиравме на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани. Со донација од 30.269.369 денари во изминатиов период, во ...
Дрогата била пронајдена во камион со македонски регистерски ознаки, кој бил товарен со рециклирана отпадна хартија, според првичните информации во земјава влегол од Косово и требало да оди за Грција, па од таму кон Турција како веројатна крајна дестинација. Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица, дознава Курир. Неофицијално, на ГП Богордица ...
Авион во сопственост на музичарот Винс Нил се судрил со паркиран авион додека се обидувал да слета на аеродромот Скотсдејл во Аризона вчера околу 14:39 часот по локално време, се вели во соопштението. Според информациите, едно лице загинало. Пејачот на Motley Crue не бил во авионот во тоа време, но пилотот трагично загинал, се вели во соопштението на бендот на социјалните мрежи. Копилотот и двајцата патници, девојката на Винс (43) и нејзината ...
Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени -10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид и Гевгелија. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови. Времето денеска Наутро ...
Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Мирко Лазаревски за неговото учество на квалификациите за СП 2025. Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со огромно задоволство ја продолжува поддршката за нашиот истакнат македонски скијач, Мирко Лазаревски. Со оваа поддршка овозможуваме негова подготовка и учество на квалификациите за Светското првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом. Со ова ...
Во атмосфера на длабока посветеност и вера, десетици жители на селото Емпорио на Санторини излегоа на улиците и учествуваа во големата поворка за да го прослават празникот Свети Хараламбос, додека се молеа да престанат земјотресите. Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси, со јачина од над 3 степени според Рихтеровата скала, го тресат овој прекрасен остров повеќе ...
Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар подолг период беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринававо 9 часот и 18 минутирегистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. Според досегашните податоци со кои располага ...
Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа ќе изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит. ...