Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади инженери кои развиваат наменски технологии, дронови, со директна финансиска и логистичка помош од Министерството или други институции. Македонија, кажа Мисајловски вечерва во интервју за „360 степени“ на јавниот сервис, има реална шанса да влезе на мапата на земји што развиваат наменска индустрија, но за тоа ...

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повикот за убиство на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ-Латас: „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат ...

Градоначалникот на Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов преку социјалната мрежа на Фејсбук испрати јавна закана по животот на новинарот и уредник на порталот Вечер.мк, а од опозициската СДСМ молк и наикаква реакција. На ваквите натписи на КОстадинов остро реагираа од Македонската асоцијација на новинари (МАН), од каде велат дека режимот на СДСМ се уште повикува на линч и убиства на новинари како во времето на Заев. -Проглас и аманет ...

Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, ...

Истражувачите од компанијата за сајбер безбедност „Сајберњуз“ тврдат дека милијарди податоци за најавување за платформи како што се Google и Facebook се протечени и составени во онлајн збирки на податоци, давајќи им на криминалците невиден пристап до профилите што потрошувачите ги користат секој ден. Според извештајот објавен оваа недела, истражувачите на „Сајберњуз“ неодамна откриле 30 изложени сетови на податоци, од кои секој содржи огромна ...

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се очекува ...

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, отчет за една година успешна работа на владата. „Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година работа во интерес на државата и граѓаните. Една година фокус и работа во интерес на граѓаните после 7 години СДС и ДУИ кои го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса и го урнисаа стандардот на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. Продолжува трендот на ...

Во засебна објава на својата социјална мрежа, американскиот претседател се осврна и на политичката состојба во Иран, велејќи дека ако сегашниот режим не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш неговата промена е неопходна Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална. „Како што ...

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова е една од трите одлуки донесени на ...

На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, соопшти Владата. Во соопштението се наведува дека неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа. „Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други ...

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една ...

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...

На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во ...

По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии. ...

Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта. „Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Министерството за образование и наука склучи договор ...

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал. ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила ...

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка, се наведува во соопштението. •Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња ...

Тригодишно девојче се удави во базен во Родос. Таа била на детска забава со нејзината баба, и никој не видел како детето паднало во базенот. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат тригодишното девојче. Според она што го кажале сведоците, девојчето било извлечено од базенот во несвест, но никој не видел како завршило на дното на базенот. Веднаш биле повикани службите за итни случаи (EKAB), кои пристигнале на местото на ...

По израелските напади врз Техеран, многу жители се обидуваат да го напуштат градот и да побараат засолниште во пооддалечени области. Продавниците се затворени, а на бензинските пумпи се формираа долги редици, јавува дописникот на BBC од Иран. Иако многумина се обидуваат да избегаат, многумина не можат да ја напуштат покраината поради густиот сообраќај. „Мислам дека сè уште не сум разбрал целосно дека живеам во активна воена зона. Ова не е моја ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на ...

Индиските медиуми објавија дека еден патник ја преживеа авионската несреќа на Ер Индија на летот од Ахмедабад до Лондон, а лицето е идентификувано како британско-индиски државјанин Вишваш Кумар Рамеш. Тој тврди дека ја преживеа авионската несреќа во Ахмедабад, а го опиша и моментот на падот на авионот. Во разговор за весникот „Хиндустан тајмс“, Рамеш рече дека слушна „силен звук“ околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да се сруши, објави ...

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој извести и дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои ...

Земјите ширум светот реагираат на израелските напади врз Иран, при што неколку изразија загриженост, а други го критикуваат потегот. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека немало вмешаност или помош на САД во нападите. Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија изјави дека „бесрамната израелска агресија“ го поткопува „суверенитетот и безбедноста“ на Иран и претставува јасно кршење на меѓународните закони и норми. ...

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до ...

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се јавуваат на своите родители додека бегаат од напаѓачот: „Мамо, бегам за да го спасам мојот живот“. Најмалку десет ученици и наставници чекаат залудно… „Сцените што досега ги поврзувавме со Америка ќе бидат длабоко врежани во колективната меморија на Австрија: деца кои трчаат за својот живот, хеликоптери на брза помош ...

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани, соопштија од владата. Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август. ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинителството. На изминатото рочиште обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. По завршните зборови на обвинителството, завршен збор треба да даде и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.18
72%
1025
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
6.69
70%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
37%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
34%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
77%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
59%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263