
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот, информира МВР Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило ...
Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле двајца иселеници од дебарско. Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца. Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија. Според полицијата ...
Туркиш Ерлајнс од денес започнува со новата авиолинија Охрид- Истанбул, информираше министерот за транспорт Александар Николоски во текот на вчерашниот ден. -Прекрасна реклама на Туркиш Ерлајнс која значи многу за привлекување нови туристи во Охрид. Ќе продолжиме со субвенционирање на нови авиолинии и подобрување на авиосообраќајот во Македонија, напиша Николоски на Фејсбук. Со пристигнување на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром ...
Гумите за џвакање ослободуваат стотици честички на микропластика директно во устата, покажала студијата презентирана во вторникот, но авторите остануваат внимателни во врска со потенцијалното влијание на овие честички врз здравјето на потрошувачите. Микропластичните честички веќе се откриени во воздухот, водата, храната, амбалажите, синтетичкиот текстил и козметиката. Луѓето секојдневно ги голтаат, ги вдишуваат или тие доаѓаат во контакт со ...
Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски поради тоа што било на истите околности како минатиот пат. Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил. Она што е спротивно од минатото сведочење е исказот ...
Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи откако вчера се врати во Македонија, по лекувањето во Клиничкиот центар во Белград, Србија. Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста, емпатијата и храброста која ја добива. -Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој изјави дека под физичка тортура бил принуден да потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерале да каже дека го познаваа таткото на девојчето. Видевски беше испитуван од страна на неговиот адвокат, а неговото сослушување треба да продолжи и денеска. ...
Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени во полициска акција, дознава Сител од полициски извори. Според информациите, приведен е екс директорот Ејуп Рустеми, раководителот на одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери, како и помошникот на директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи. Покрај нив, приведено е и уште едно лице, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците. -Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски ...
Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2.200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. – Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека ...
Видеолотарија Касинос Австрија и годинава со поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски во учеството на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Видеолотарија Касинос Австрија ја продложува соработката со македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружение Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Со најновото спонзорство, ќе овозможиме учество на Бузалковски на ФИМ Европскиот ...
Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од болниците и лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во државава, а надлежните тврдат дека ги преземаат сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување. Во моментов во државава се лекуваат 54 пациенти од ...
Цените на дизелот и мазутот од полноќ се намалуваат, а на бензините се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, за 0,50 денари по литар се намалува цената на дизелот и ќе изнесува 68 денари. Цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе чини 75 денари, а цена на бензинот „еуродизел-98“ се зголемува за 1 денар и ќе чини 77,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното ...
Со Велибор Манев се знам одамна, од извидничкиот клуб во Велес. Потоа го немав видено се додека не ми се јави една вечер за да дадам потпис за формирање на партијата Десна. Љупчи Палевски го запознав во седиштето на Десна за верификација на партијата, го започна своето сведочење обвинетиот Боре Видевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Познанството е на партиска основа, рече во сведочењето Боре Видевски. Тој ...
Утрово Волково осамна во крв и во солзи. Тежок злостор ја потресе мирната населба кога кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо. Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го одзел животот со истрел во главата. Жителите раскажуваат дека ги разбудиле пукотници од огнено оружје, проследени со сирени на полицијата и на Брзата помош. ...
Врвни светски доктори дојдоа во Македонија по големата трагедија која се случи во Кочани. Тие водеа битка за здравјето на нашите сограѓани кои се здобија со повреди минатата недела во големиот пожар. Дел од нив вршеа операции, помагаа во лекувањето и санирање на повредите, а дел помагаа при транспорт на нашите пациенти во странските земји. Полковник доктор Раде Вуковиќ од ВМА во Белград е анестезиолог кој меѓу првите притрча во помош. -Нашата ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. ОПАСНОСТ ОД ИЗМАМАТА Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: ПРЕДУПРЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ ФЗОМ ...
Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација, беа префрлени на други клиники, информира директорот на клиниката Андон Чибишев. -Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои воглавно имаат ...
Штипјани денеска ќе им оддадат почит на трагично загинатите сограѓани во пожарот во дискотеката во Кочани. Општина Штип со должна почит и во спомен на загинатите Александар Коларов, Филип Стевановски, Александар Ефремов, Филип Ивановски, Дамјан Танески организира Комеморативна седница. -Како чин на споделување на тагата со најблиските на жртвите, комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Домот на културата – НУЦК „Ацо Шопов“, во петок 21 ...
Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна детали поради кои дојде до големата трагедија во Кочани. Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила ...
Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја пука, продолжи денеска со своето сведочење за убиството на Вања Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев. Потоа извади нови алати од пикапот и не натрера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е кога ја стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути, а за тоа време телото на Вања не го мрдавме се додека не ја ставивме ...
Зошто ми го убивте детето? Ова прашање во судница го постави Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања. Прашањето беше наменето за обвинетиот Велибор Манев, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. -На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски, му врати Манев. Претходното рочиште, на кое започна сведочењето на Манев, кратко беше прекинато во ...
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата. Министерот за здравство Арбен ...
Додека во другите земји јавноста се соочува со фрустрација поради бавното делување на институциите, Македонија покажа како треба да функционира одговорен систем – брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се превземат мерки за заштита на граѓаните, пишува РТЦГ. Македонската влада со брза, навремена и посветена реакција, по трагедијата во Кочани, покажа пример за одговорност за регионот и ...
Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје, и тоа во вечерен термин на 16-ти април. Овој датум беше единствениот кој беше слободен за Црвена Звезда до крајот на сезоната, а Вардар како клуб без размислување го прифати и се согласи да го нагости српскиот шампион. – Како акт за помош на ...
Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста. Српските медиуми денеска известуваат за трагедијата што го погоди Кочани, и ја нагласуваат брзата реакција на македонските власти. Како резултат на несреќата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Оваа оставка, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање дали градоначалникот на Кочани ќе сноси одредена одговорност во врска со пожарот во дискотеката, најави дека истражните органи во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината. Тој е на ставот дека никој нема да се заштитува и секој кој има каква било вина во врска со настанот, ќе одговара. -Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот, ќе утврди ...
Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка. Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме дека сме заедно, дека подадената рака може ...
Сите пет пациенти примени во болниците во Солун се во стабилна состојба, објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун. – Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г.Тимчо Муцунски и со Д-р ...
Денеска е ден на жалост во неколку земји од регионот. Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го прогласија денешниот ден 18. март за ден на жалост по повод трагедијата во Кочани пред два дена. Владите на овие земји донесоа одлуки за проласување на ден на жалост како сочувство за невидената трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани утрото на 16-ти март пред 3 часот, по што загинаа најмалку 59 лица. Низ македонските ...