САД и Иран минатата недела потпишаа меморандум за разбирање, отворајќи го патот за 60-дневни преговори за решавање на најтешките отворени прашања, вклучувајќи ги и оние поврзани со нуклеарната програма на Иран. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, завчера изјави дека нема планови за одобрување на пристап на инспекторите. Но, Гроси денеска изјави дека инспекциите мора да се спроведат. „Постои договор и за да се ...

Според образложението на жири-комисијата, станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Вонредно талентиран поетски испис на сериозен и зрел автор. „Првиот циклус во колибата ја испишува потрагата по него (цврстото засолниште), тоа само се наѕира и насетува, истовремено испишувајќи ја фрагментираностa на поетскиот субјект во реалноста на секојдневието, при што немирот, нецеловитоста, ...

Во годината кога „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа“ е уште една покана до читателите летото да го поминат со добра книга – на плажа, на патување, дома, во миговите на одмор, но и во миговите во кои приказните стануваат најубавиот личен простор. Годинашната летна понуда опфаќа речиси 500 наслови од повеќе области и жанрови: светска книжевност, дела од македонски автори, монографии и лектири. Изборот е ...

Како што информираат организаторите, и ова издание на маратонот ќе понуди повеќе дисциплини и можности за учество – маратон, полумаратон, трка на 5 километри „Комерцијална банка“, штафетен маратон „ЕУ за спорт“, тим билдинг трка за компании, како и традиционалниот детски мини маратон. Настанот и годинава се очекува да привлече илјадници професионални атлети, рекреативци, спортски клубови, компании и љубители на трчањето од земјава и ...

„НПМ се обрати и до Комората на вештаци, со барање информации во врска со примената на етичките и професионалните стандарди во судско-психијатриските вештачења“, изјави заменичката-омбудсман Соња Трифуновска на денешната презентација на извештајот на НПМ, кој комуницира директно со Обединетите нации. Таа посочи дека со години се констатира „катастрофална состојба“ во повеќе затворски установи, меѓу кои Скопје, Куманово, Идризово, Струга и ...

На месноста Полјана близу селото Лазарополе, присуствуваа и министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски и за одбрана, Владо Мисајловски и ја истакнаа важноста од соработката и спроведувањето на вакви обуки. Искажувајќи благодарност за учеството, Тошковски пред учесниците на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици посочи дека ваквите активности се во период кога, како што рече безбедносните закани сè повеќе ги ...

Како што информираа од Левица, кривичната пријава произлегува од настаните пред неколку месеци, кога Михаилов објавил видео од обраќање на Станкоска во Советот на Град Скопје, по што следувале стотици коментари со закани, навреди и повици за физичко и сексуално насилство. „Наместо јавно да ги осуди ваквите повици, функционерот поставен од ДПМНЕ ги одобруваше, ги поттикнуваше и активно придонесуваше кон создавање атмосфера на јавен линч. Не ...

Истражувачите велат дека здравјето на мозокот не се менува само со природното стареење, туку и преку посебен метаболички пат поврзан со телесната тежина, крвниот притисок и холестеролот. Анализата на повеќе од 3.000 скенирања на мозокот покажа дека овие две оски функционираат независно, така што едно лице може да биде релативно младо, а сепак да има промени во мозокот поврзани со лошо метаболичко здравје. Според резултатите, стареењето пред ...

Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот македонски државјанин, потстанар во нејзината куќа, беше главниот осомничен со оглед на тоа што бил и последниот кој ја видел, а во неделата, во предистражната постапка, го призна убиството. Се товари за кривичното дело убиство со умисла и денеска беше изведен пред истражен судија и јавен обвините во градот Ханија на ...

Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село Банско, општина Струмица. Ниска вегетација и борова шума гореле во населбата „Света Недела“ во општина Штип. Останатите изгаснати пожари биле на територија на општините Прилеп, Липково и ...

„Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот регион, природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме. Посебен акцент ставивме на развојот на охридскиот ...

„Најпрво, неточно е тврдењето дека Министерството повеќе од една година не седнало на преговарачка маса со претставниците на синдикатите. Потсетуваме дека пред точно една година со решение инициравме формирање работна група во која беа вклучени претставниции од двата репрезентативни сидникати СКРМ и СОНК, токму за проблематиките поврзани со Колективниот договор за културата. Работната група одржа два состанока по што од страна на синдикатите ...

Во Собранието заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование. Потпретседателката Весна Бендевска рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се гласа за оваа точка, на што реагираше координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари од ДУИ. Таа праша зошто не може да се гласа, кога има кворум. Притоа побара да се утврди бројот на пратеницитете во салата и законските измени да бидат ставени на гласање или, ...

ФИФА потврди дека е соборен рекордот по вкупна посетеност на натпреварите, иако турнирот сè уште не ја мина групната фаза. Историскиот момент беше официјализиран за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Радерфорд, кога беше објавено дека вкупно 3.605.357 гледачи досега присуствувале на мундијалските натпревари. Со тоа е надминат рекордот од Светското првенство во 1994 година, кога на трибините имаше речиси ...

Денес во Виена беше одржана ждрепката за групната фаза на елитното европско натпреварување. Македонскиот шампион, кој се враќа во Лигата на шампионите по неколкугодишно отсуство, беше сместен во четвртиот шешир, а ждрепката го однесе во групата Б. Ривали на „црвено-црните“ ќе бидат француски Нант, германски Мелсунген и полска Висла Плок. Комплетните групи изгледаат вака: Група А: Веспрем, Фуксе Берлин, Порто, Партизан Група Б: Нант, ...

Од СКРМ велат дека претставката е поднесена поради постапката пред Уставниот суд за укинување на колективниот договор, оценувајќи дека синдикатите биле ставени пред свршен чин. Според синдикатот, повеќе од една година Министерството за култура и туризам не седнало на преговарачка маса за да се најде заедничко решение. „Наместо тоа, работите ескалираа до степен во кој, поради непочитувањето на правата утврдени со колективниот договор, СКРМ ...

Пред членовите на комисијата за финанасирање и буџет беа образложени 51 амандман за измена и дополнување на законот, како и измени од номотехнички карактер, со што се овозможи предложениот закон за игрите на среќа и за забавните игри да ја продолжи собраниската процедура и гласање пред пленумот. Најголем дел од амандманите предложени од пратеникот во опозициската партија Левица, Реџеп Исмаил содржеа трикратно зголемување на надоместоците кои ...

Клубот од Женева го потврди ангажманот на искусната македонска репрезентативка, која пристигнува со богато интернационално искуство и настапи во неколку од најсилните европски првенства. Андонова зад себе има импресивна кариера во која ги носеше дресовите на Барселона, Пари Сен Жермен и Мадрид, а со трансферот во Сервет повторно ќе има можност да настапува во квалификациите за Лигата на шампионите. Швајцарскиот шампион во новата сезона ќе се ...

Наградата има за цел да ги препознае поединците и организациите кои активно работат на развој на заедниците, зајакнување на социјалната кохезија и поттикнување на младинскиот активизам. Оваа година признанијата ќе се доделуваат во три категории, индивидуална категорија „Млади, мир и безбедност“ за лица на возраст од 15 до 29 години, категорија за неформални групи на млади со најмалку три члена, како и категорија за младински организации, ...

На луѓето им се советува да пијат доволно течности, да престојуваат во разладени простории, да избегнуваат изложување на сонце и да проверат како се нивните роднини и соседи. Исто така, се потсетува дека малите деца и домашните миленици никогаш не треба да се оставаат без надзор во возилата. За време на топлотните бранови, лицата со одредени здравствени тегоби може да забележат влошување на состојбата, лекарите издвојуваат четири состојби што ...

„Не велиме дека сите треба да престанат да јадат месо, на некои места луѓето немаат избор. Но, јасно е дека на Запад го јадеме премногу“, вели екологот Пит Смит од Универзитетот во Абердин, пренесува Би-би-си. Политиките на некои влади за одгледување дрвја, а потоа нивно горење за производство на електрична енергија, би можеле да го загрозат производството на храна поради ограниченото земјиште, освен ако не се спроведат во ограничен обем. ...

„Секое признание исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања“, вели Наумовски. Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат ...

На отворањето се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им се заблагодари на музичарите за вечерта исполнета со емоции, музика и песни што ги потсетија присутните на корените и традицијата. Тој истакна дека претстои лето богато со концерти, изложби, претстави и други културни настани. „Голема благодарност до ‘Љубојна’ што ни приреди вечер исполнета со емоции, убава музика и стари македонски песни кои нè вратија ...

Програмата започнува со поетско читање на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, по што ќе следува портрет на добитничка на признанието, Јулијана Величковска. Во рамките на денешната агенда се и промоциите на книгите од едицијата „Плејади“, како и промоцијата на книгата со интервјуа „Венценосци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски. Фестивалската програма предвидува и поетско кафе – средба ...

„Русија нема да ја добие оваа војна“, порача тој. „Дојде време да почнат преговори, да се замрзне линијата на фронтот и да се стави крај на убивањето“, кажа Мерц. Тој истакна дека поддршката за Украина, која е во конфликт со Русија повеќе од четири години, сè уште останува „непоколеблива обврска“ за Германија. Претходните преговори за прекин на конфликтот предводени од Соединетите Американски Држави не покажаа никакви резултати. Водечките ...

„Неодамна, претставниците на Зеленски беа тука. Им реков директно: „Момци, пренесете му го ова на вашиот претседател: ако мисли дека може да разговара со нас вака и да се обиде да нè вовлече во војна, мора да разбере дека природата на војната веднаш ќе се промени. Оваа војна ќе биде целосно поинаква“, рече Лукашенко за време на состанокот со гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов. Белорускиот претседател, исто така, рече дека добил ...

Our long-range operations are consistent, precise responses to Russia dragging out the war and attacking Ukrainian cities and communities. Last night, Defense Forces units struck the Poltavska oil depot in the Krasnodar region. The target was approximately 300 kilometers from… pic.twitter.com/jEixUzrWdY — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 25, 2026 Каналот на Телеграм, Егзилнова+, претходно денеска објави дека две ...

„Посетата траела од 20 јуни до 1 јули 1966 година. Во тој период, францускиот лидер престојувал во Москва, потоа во Ленинград (денешен Санкт Петербург), Киев, Волгоград, Новосибирск, како и на космодромот Бајконур“, потсети таа. Како што истакна Захарова, по преговорите со раководството на СССР, во тој период биле постигнати многу значајни договори во областите на трговијата, економската, научната и техничката соработка, како и во областа на ...

Дронови беа уништени во повеќе од десетина региони, вклучувајќи го Московскиот регион, анектираниот Кримски Полуостров и Црното Море и Азовското Море, соопшти министерството. Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, биле пресретнати најмалку 47 дронови кои се движеле кон главниот град. „Специјалисти од службите за итни случаи работат на местата на несреќите“, напиша Собјанин на Телеграм, без да прецизира дали има жртви или ...

Летонската разузнавачка служба објави во понеделникот: „Гледаме индикации дека Русија подготвува воени провокации против балтичките земји или Полска“. Сепак, тие нагласија дека тоа нема да биде целосен напад. Висок политички извор од друга членка на НАТО даде слична изјава минатата недела, велејќи дека „собирале разузнавачки информации“ што укажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин „планирал нешто против балтичките земји“. Според ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35