Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Иако прецизните детали од договорот сè уште не се познати, авганистанскиот министер за одбрана Мохамед Јакуб рече дека тој претставува проширување на билатералните односи меѓу двете земји. „Соработката со Русија е важна за нас“, рече Јакуб по средбата со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, на Меѓународниот форум за безбедност во Москва. „Авганистан и Русија имаат долгогодишни и историски односи и сакаме понатаму да се ...
„Студентите добиваат модерни европски стандарди, студентски домови. И од сега па натаму нема бркање глодари, нема бркање инсекти, ќе имаат соодветна храна, ќе имаат соодветно сместување. Нема лепење прозорци, нема лифтови што се клатат, нема има топла вода, нема струја. И како што можете да видите, ова е сосема реално“, изјави Јаневска. Министерката потенцира дека од септември ќе има изградба и реконструкција на останатите седум други ...
Меншик славеше по речиси пет часа игра со 6-3, 2-6, 6-4, 1-6, 7-6, но веднаш по последниот поен се сруши на теренот поради тешки грчеви и целосна исцрпеност. Натпреварот беше исполнет со пресврти, а двајцата тенисери доминираа во одредени моменти. Вистинска драма се случуваше во решавачкиот петти сет. Навоне пропушти дури девет меч-топки, додека Меншик при водство на Аргентинецот од 5-4 мораше да се спасува и да остане во мечот. На крајот ...
Од претпријатието информираат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваат граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до услугите на претпријатието. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk. Од претпријатието информираат дека со редовно работно ...
„Нема да има ново задолжување од 350 милиони евра во јуни. Со последното задолжување од 260 милиони евра ќе се доплати делот од еврообврзницата од 700 милиони евра и оти на тој начин ќе се намали и бруто и нето задолжувањето“, рече Мицкоски. Според податоците на ММФ, како кредибилна меѓународна институција, рече Мицкоски, во периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ од 1 јануари 2018-та јавниот долг изнесувал 4 милијарди 787 милиони евра, а ...
Министрите за надворешни работи, се состанаа неформално на Кипар за да разговараат за својата стратегија, додека Киев бара поголем ангажман од Европа во помошта за завршувањето на повеќе од четиригодишната војна, а САД се фокусираат на конфликтот со Иран. Порано овој месец, рускиот претседател Владимир Путин посочи дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој го опиша рускиот лидер како личен пријател, би можел да ја претставува ...
„Блесок 26 беше момент на блескање на нашата Армија. Блесок беше момент кога лесниот пешадиски баталјон покажа дека е компатибилен, компарабилен со сите други слични на него во рамките на НАТО. Добивме печат за извонредност, за квалитет, а тоа е впрочем доказ дека погледот на Армијата не е случаен кај вас. Токму затоа што Армијата е најголемиот столб и гарант на мирот, на безбедноста и секогаш е таму каде што е најпотребно во мир и во војна. ...
Како што се наедува во соопштението, програмата за јуни 2026 година е особено значајна затоа што успева да воспостави мост помеѓу различни генерации македонски автори — од класичниот модернизам и социјалниот реализам на шеесеттите и седумдесеттите години, па сè до современите урбани и посттранзициски филмски гласови. Во исто време, таа отвора и пошироки прашања: за идентитетот, егзилот, меморијата, распаѓањето на колективните митологии, но и ...
Спектаклот ќе се одржи на две локации: 8 jули – Антички локалитет Хераклеја, Битола и на 10 jули – Национална опера и балет (НОБ), Скопје. Повеќе од седум децении „Танец“ и „Ладо“, важат за чувари на идентитетот и амбасадори на културното богатство на своите земји. Овие концерти не се само обичен настап, туку дијалог меѓу македонскиот незапирлив ритам и моќните хрватски повеќегласни напеви и кореографии. Врвните играчи и музичари, облечени во ...
„Почнуваме координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво. Целта на овие активности е поголема достапност на советувалиштата што ги имаме на локално ниво, се со цел откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување како и континуирана поддршка на овие лица со посебен фокус на младата популација во нашата држава. Сакам да потсетам за уште една значајна новина која ја воведуваме а тоа е дека ...
„Многу скоро овде во Парламентот ќе имате можност да го гласате законот за правична застапеност, каде што процентите не се важни, туку квалитетот. Очекувам од вас поддршка. И познавам многу Албанци, многу, верувајте многу, дури можеби повеќе и од вас кои се мои пријатели семејни, другари блиски, кои не сакаат да се гледаат себе си низ проценти“, рече Мицкоски од собраниска говорница. Тој одговараше на прашање на пратеникот Скендер Реџепи од ...
Извршниот директор на програмата за база на Месечината, Карлос Гарсија-Галан, изјави во истото обраќање, како што пренесе Скај њуз, дека замислуваат комплекс со површина од „стотици квадратни километри“, со разни објекти и инсталации. Тоа е отприлика колку еден голем град. НАСА го подели проектот на фази, почнувајќи од првата фаза, за која вели дека „веќе започнала“. „Од сега па до 2029 година, ќе работиме на тоа слетувањето на површината на ...
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку способноста да инспирира доверба, да создава идеи и да гради партнерства. Тој нагласи дека културната дипломатија има суштинска улога во враќањето на човечката димензија во меѓународните односи, особено во време кога светот е технички поврзан повеќе од кога било, ...
Настапот на македонската карате репрезентација на Европското првенство кое се одржа во Хамбург, Германија 20-24.05.2026, претставува сериозно разочарување и уште еден показател дека во националниот тим подолг период постојат системски слабости кои повеќе не можат да се игнорираат. Резултатите, организацијата и целокупниот впечаток од настапот оставаат впечаток на неподготвеност, недоволна стручност и отсуство на јасна спортска стратегија. ...
На паузата од денешното рочиште, Александар Наунов, татко на загинатата Надица, реагираше на изјавите на адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шофкет Хазари, дадени на претходното рочиште, кога побара преиспитување на обвинителниот акт. „Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 загинати деца да се прогласи за несреќа. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години ...
„Сметаме дека оваа година проблемите во МВР не само што не се решија, туку и се наталожија. Како држава која е над европскиот просек по бројот на полицајци по глава на жител, сметаме дека перформансите кои ги покажува и министерот и полицијата се неприфатливи за едно демократско општество”, рече Апасиев. Тој посочи дека интерпелацијата е поделена во 17 точки, групирани во шест области, а меѓу главните обвинувања се саботирање на истраги и ...
Како што истакна Рисетски, преку 30 екипи од Државниот пазарен инспекторат се на терен, ги контролираат цените на увозниците, дистрибутерите, производителите и маркетите. Нема да се дозволи неекономско и непазарно однесување и печалење на грбот на граѓаните. „Видовте дека имаме капацитет да се справуваме со вакви кризи кои ги имавме овие две години. Имавме лошо економско владеење на претходната власт кое сега го трпи оваа Влада преку враќање ...
Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори поради недостаток на докази. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари. „Затоа што знам некои докази коишто вие не ги ...
Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела се очекува постепен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен ...
„Франција е меѓу водечките партнери на Бугарија во процесот на модернизација на бугарската армија. Наскоро ќе реализираме договори за снабдување со 3Д радари, за снабдување со нова генерација хаубици, како и вооружување за нашите модуларни повеќенаменски патролни бродови“. Ова го изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред средбата со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Радев ги истакнал заедничките ставови на двете ...
Првата приказна беше за тепачка меѓу Масимо Алегри и Златан Ибрахимовиќ која се случила во ресторан, тогаш директорот Игли Таре реагирал и ги одвоил двајцата спречувајќи уште посериозен инцидент. Сега, италијанските медиуми јавуваат за друга шокантна работа, уште почудна од првата. Најголемиот дел од раководните лица сакале Милан да загуби од Каљари во последниот меч од сезона и да не се пласираат во Лигата на шампионите. Тие тврдат дека кога ...
“На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и организирање екскурзии за децата од македонските општини” објави Симонофски. Исто така изразува благодарност за покажаното внимание и интерес на министерката, но и премиерот Христијан Мицкоски за грижата за Македонците во Албанија. ...
Како што се посочува во соопштението, по истекот на рокот, односно од 2 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи. УЈП во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во ...
„Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите,… Ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки“, истакна заменик министерот. Во врска ...
Според Националното здружение за мултипла склероза, иако медицината бележи напредок во третманот на болеста, лицата со МС и понатаму се соочуваат со бројни предизвици – од доцна дијагностика и ограничен пристап до терапија, до стигматизација во општеството. Во време кога сè поголем број луѓе се соочуваат со предизвиците што ги носи оваа болест, Здружението денес испрати порака за поддршка, информираност и поголема грижа за пациентите. ...
Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит. „Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории за подигнување лични документи, пасоши или други ...
Ова се случи неколку часа откако претседателот Доналд Трамп ги отфрли извештаите дека е блиску до компромисен договор со Техеран. Ескалацијата на непријателствата ги истакна заканите за кревкото примирје меѓу САД и Иран што стапи на сила на почетокот на април, намалувајќи ги надежите за мировен договор и повторно зголемувајќи ги цените на нафтата. Американски официјален претставник, кој зборуваше под услов да остане анонимен за воената ...
Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини. „Унапредувањето на културата и туризмот во Скопје е наш приоритет. Скопје 2028 – Европска престолнина ...
Ново регионално истражување покажува дека младите во Македонија секојдневно користат вештачка интелигенција за учење, работа и инспирација, но довербата, човечноста и контактот во живо остануваат незаменливи. Истражувањето открива дека дури 72 проценти од младите користат вештачка интелигенција неколку пати неделно, најчесто за пребарување информации, учење, работа и креативни задачи. Сепак, и покрај широката употреба, само една третина од ...
„Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој екосистем. Перформансот завршува така што на секој гледач му се дава ...