Вашингтон, 28 април 2026 (МИА) – Светската банка во извештај објавен денеска предупреди дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика голем раст на цените на енергенсите за 24 отсто во 2026 година, додека вкупните цени на стоките ќе скокнат за повеќе од 16 отсто, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст. Како што се наведува во извештајот, поради војната дошло до еден од најголемите шокови во ...

Вашингтон, 28 април 2026 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на церемонијата на пречекот на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа изјави дека Американците низ историјата ги имале своите најблиски сојузници токму во Британците, истакнувајќи ги долгогодишните врски меѓу двете земји. Трамп, како што пренесува Би-Би-Си, рече дека тој и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, никогаш нема да ја ...

Скопје, 28 април 2026 (МИА) - Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор - Биљана Ангелова и Дарко Данев. -Врз основа на член 175, алинеја 10, членовите 180 и 181 од Статутот на ...

Скопје, 28.април 2026 (МИА) – Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два ...

Стразбур, 28 април 2026 (МИА) – Претседателката на Европскиот парламент (ЕП), Роберта Мецола, и двајцата известувачи на ЕП, Зигфрид Мурешан и Карла Тавареш, го поздравија одобрувањето на позицијата на парламентот за долгорочниот буџет на Европската Унија (ЕУ) за периодот 2028 – 2034 година. На прес-конференција во Стразбур, Мецола изјави дека Парламентот е подготвен и дека дефинирал јасни приоритети во буџетот. Таа додаде дека следниот чекор ...

Будимпешта, 28 април 2026 (МИА) – Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан денеска предложи да се повлече од раководството на својата десничарска партија ФИДЕС, но одлуката за ова прашање ќе биде донесена на партиска конференција во јуни. Десноцентристичката партија ТИСА, предводена од Петер Маѓар, победи на парламентарните избори во Унгарија на 12 април и со тоа стави крај на 16-годишното владеење на Орбан. Ова го отвора прашањето за ...

Загреб, 28 април 2026 (МИА) – Хрватска и Босна денеска во Дубровник потпишаа договор за изградба на важен гасен интерконектор, спонзориран од Вашингтон, кој се очекува да му овозможи на Сараево да ја намали својата енергетска зависност од Русија – нивниот единствен снабдувач со гас во моментов. Гасоводот ќе ја поврзе босанската мрежа со терминал за течен гас на хрватскиот остров Крк, како и со европската гасна мрежа. „Голем чекор напред: Во ...

Велес, 28 април 2026 (МИА) - Под мотото „Чествување за бесмртните“ општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија, со која младите интелектуалци во најголем број велешани, сакале да го свртат вниманието на Европа за поробена од Турците, Македонија, а кои серија настани се одржале во Солун на крајот на април во 1903 година. По тој повод делегација на општина Велес предводена од ...

Скопје, 28 април 2026 (МИА) - Клиничката болница во Тетово ќе добие еколошки систем за греење. Проектот за замена на системите за греење со еколошки алтернативи е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух и се очекува да се реализира во периодот 2026/2027 година. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово каде во разговор со директорот на болницата Ерзен Елези ...

Скопје, 28.април 2026 (МИА) – Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 28:26. Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска. Ривалките во ...

Вашингтон, 28 април 2026 (МИА) – Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во „состојба на колапс“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут Соушл. „Тие сакаат што поскоро да ја ’отвориме Ормуската Теснина‘, додека се обидуваат да ја сфатат ситуацијата со нивните власти (што верувам дека ќе можат да го сторат!)“, додаде Трамп. Светските агенции коментираат дека засега не е јасно како Иран ја пренел пораката до САД. ...

Техеран, 28 април 2026 (МИА) – Иран ќе дозволи премин низ Ормуската теснина во Персискиот Залив по завршувањето на војната против САД и Израел само во согласност со протоколите кои ќе ја штитат безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот заменик-министер за одбрана Реза Талаеи Ник. Говорејќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Шангајската организација, тој рече дека Иран ја препознава меѓународната загриженост поради ...

Брисел, 28 април 2026 (МИА) – Европскиот парламент (ЕП) денеска изгласа барање за зголемување на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија (ЕУ) за 10 отсто во однос на предлогот на Европската комисија (ЕК), со што вкупниот износ би надминал два билиони евра, а посебно ги издвои земјоделството, кохезијата, социјалната политика и конкурентноста како области за кои е неопходно зголемување на средствата. Предлогот на Европската комисија ...

Атина, 28 април 2026 (МИА) – Во грчкиот град Патра, попладнево беше уапсен 89-годишниот маж кој со ловечка карабина утрово влета во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) и во Апелацискиот суд во Атина, при што пукал и рани вкупно пет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Сторителот беше пронајден и уапсен нешто повеќе од пет часа по вториот напад, во хотел во Патра во непосредна близина на пристаништето од ...

Скопје, 28 април 2026 (МИА) – Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои ...

Монпелје, 28.април 2026 (МИА) – Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, ...

Лондон, 28 април 2026 (МИА) - Цените на нафтата продолжија да растат и покрај предлогот на Иран да ја прекине блокадата на Ормуската Теснина во замена за одложување на нуклеарните разговори со САД. Суровата нафта Брент, глобалната референтна цена за цените на нафтата, порасна за три проценти вчера, бидејќи понудата на Техеран не успеа да ги ублажи загриженостите на трговците за блокадата на водниот пат, кој е клучен за глобалните испораки на ...

Москва, 28 април 2026 (МИА) - Москва започна работа на развој на инструменти што можат да одговорат на 20-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија, изјави денеска директорот на Одделот за економска соработка на руското Министерство за надворешни работи, Дмитриј Беричевски. „Разгледуваме економски инструменти што ќе ни овозможат да го зајакнеме нашиот суверенитет, да ги поддржиме нашите производители и да им ги отежниме работите на оние ...

Атина, 28 април 2026 (МИА) - Намалување за 11,7 отсто на продажбата на весници во Грција е регистрирано во 2025 година во споредб со една година претходно, а континуиран пад бележи продажбата од 2020 година кога биле продадени над 38 милиони примероци наспроти 21,8 милион лани - покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Кај политичките весници што се со најголем тираж, лани ...

Белград, 28 април 2026 (МИА) - Европската комисија очекува Србија целосно да ги спроведе сите препораки на Венецијанската комисија во најкраток можен рок, а во меѓувреме да ја суспендира примената на судските закони, објави денеска порталот „Современа политика“. „Го добивме мислењето на Венецијанската комисија за измените на законите што ја регулираат работата на судството и обвинителството, што беа усвоени во Србија кон крајот на јануари ...

28 април 2026 Земјоделците повторно ќе можат да ги користат финансиските средства од ИПАРД програмата. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, навремено реагираше и го активираше националниот механизам, поврзан со случајот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците, побарано беше од Брисел да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка врз институциите и земјоделците, се наведува во соопштението од ...

28 април 2026 ЗНАМ денеска обвини дека во СДСМ постои раскол поради Законот за Влада. Единствениот раскол што СДСМ го имаше беше токму во моментот кога екипата од ЗНАМ, водена од свои лични интереси и пари добиени од криминалната група ВМРО, се обиде да го растури СДСМ одвнатре, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тогаш се случи вистинскиот раскол, помеѓу предавници и платеници од една страна, и вистинските ...

Штип, 28 април 2026 (МИА) -Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со штипскиот гимназијалец Даниел Христов, кој освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најреномираните и најпредизвикувачките меѓународни натпреварувања во оваа научна област, на кое учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет. Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека градоначалникот ...

Дебар, 28 април 2026 (МИА) - Во единственото средно училишта во Дебар, гимназија „28 Ноември“, во учебната 2025/2026 година образованието го завршуваат 111 ученици, што е за 15 помалку од минатата учебна година, додека во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, 23 или тројца ученици повеќе споредено со минатата година. -Во нашата образовна институција средното образование го завршуваат 111 ученици, од нив 30 со настава на македонски јазик, при што ...

Штип, 28 април 2026 (МИА) - Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата „Трештена скала“ во Штип. Судијката, Јулијана ...

Скопје, 28 април 2026 (МИА) - Општина Илинден денеска ја одбележа 25-годишнината од смртта на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерство за одбрана на Република Северна Македонија загина во Вејце на 28 април 2001 година. По тој повод, пред спомен-плочата во населеното место Бунарџик беше положено свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на неговата жртва. Почит оддадоа членови на семејството на Петковски, делегација на Општина ...

Прилеп, 28 април 2026 (МИА) - Повеќе од 600 прилепски првачиња денеска присуствуваа на едукативната театарска претстава што се одржа во големата сала на Центар за култура „Марко Цепенков“, во организација на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Општина Прилеп. Претставата со наслов „Застани, погледни, па на пешачки помини“ е дел од едукативната кампања „Да ги заштитиме ...

Куманово, 28 април 2026 (МИА) - Поради санација на дефекти и подготовка за сезоната на наводнување, на 29 април (среда) ќе биде намален дотокот на сирова вода кон филтер станицата, што може да предизвика прекини во водоснабдувањето во повисоките делови на Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Водовод“. Од претпријатието, информираат дека добиле известување од АД Водостопанство Скопје, Подружница „Кумановско - Липковско Поле“ дека ќе ...

Дебар, 28 април 2026 (МИА) - Советот на Општина Маврово и Ростуше, на предлог на градоначалникот Онер Јакупоски, донесе одлука насочена кон поттикнување на локалниот економски развој и поддршка на младите претприемачи. -Новата мерка предвидува конкретна поддршка за физички лица на возраст од 18 до 29 години кои се постојани жители и сакаат да основаат сопствено трговско друштво (фирма) на територијата на нашата општина, информираа од ...

Скопје, 28 прил 2026 (МИА) - Фирма од Гостивар на која и била одземена лиценцата за работа, бесправно им наплатила на станари 208.500 денари за реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата. Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава не само против правниот субјект, туку и против В.Д.(44) од Гостивар кој неовластено се послужил со паричните средства. -СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.87
72%
1022
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
77%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.63
74%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.75
65%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
80%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.71
90%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.52
64%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.15
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.34
95%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
84%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.66
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Бакар

12.52

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Родиум

257205.97