Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Свечено беше отворена целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат ...

Москва, 24 февруари 2026 (МИА) - Коосновачот на „Телеграм“, Павел Дуров, е под истрага за помагање терористички активности, објавија денеска руските државни медиуми. Врз основа на материјали од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), државниот весник „Росијскаја газета“ тврди дека од 2022 година бројот на регистрирани кривични дела извршени со користење на апликацијата за пораки надминал 153.000. Се додава дека 33.000 кривични дела биле ...

Прага, 24 февруари 2026 (МИА) - Чешкиот претседател Петр Павел, денеска, на четвртата годишнина од рускиот напад врз Украина, изјави дека не изгледа оти војната ќе заврши набртгу и рече дека е поважно да се договори добар мир отколку брз и лош. „Најдобро би било војната воопшто да не почнеше. А ако веќе се случи, нека заврши што е можно побргу. Можеме да видиме дека нема решение во блиска иднина. Претпоставувам дека одреден напредок ќе биде ...

Штип, 24 февруари 2026 (МИА) - Околу 300 нови паркинг места се планираат во централното градско подрачје на Штип, најави директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски. Тој за МИА вели дека планирани се изградба на платформи на реката Отиња, но и катни гаражи. - Во тек е изработка на техничка и проектна документација за изградба на катна гаража, спроти хотелот „Гарни“, на ова место се очекува да имаме од 70 до 80 нови паркинзи, а исто така ќе ...

Пробиштип, 24 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат депониите во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека следна локација за чистење е во село Турско Рудари, а потоа и во сите останати места. Општина Пробиштип има индентификувано вкупно 14 точки со неправилно одложен отпад, а акцијата има цел враќање на ...

Делчево, 24 февруари 2026 (МИА) - Со засадување на 82 садници покрај спортското игралиште на планината Голак, денеска беше одбележана 82-годишнината од Февруарскиот поход – една од најзначајните операции на македонската антифашистичка борба во Втората светска војна. Активноста се реализираше во рамки на свеченоста организирана од Општина Делчево, која се одржа кај спомен-плочата посветена на Февруарскиот поход на Народноослободителната војска ...

Битола, 24 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со своите соработници, изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн. Реконструкцијата во оваа рурална средина опфаќа пет улици со вкупна должина од над 1.000 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од половина метар. Вкупната вредност на проектот е 7,2 милиони денари, а средствата се ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Унапредување на соработката во областа на уставното судство, било во фокусот на средбата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ. -На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Зголемен е бројот на ученици што се запишуваат во стручните училишта - за шест години евидентиран е раст од 12,2 отсто. Но, бенефитот од дуалното образование сè повеќе го препознава и бизнис-заедницата - речиси 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година Македонија има 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки. - Од 2007 ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и ...

Цирих, 24 февруари 2026 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува за одложување на интерконтиненталните плејоф натпревари за Светското првенство во 2026 година закажани во Мексико поради нагло зголемување на криминалот. Според „Атлетик“, натпреварите од завршниот турнир се исто така под знак прашалник. Во неделата на 22 февруари, мексиканското Министерство за одбрана спроведе операција за апсење на Рубен Немесио Осегуера ...

Москва, 24 февруари 2026 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека одлуката на западните земји да интервенираат во Украина го направи конфликтот многу поширока конфронтација. Зборувајќи точно четири години откако десетици илјади руски војници влегоа во Украина по наредба на претседателот Владимир Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека борбите продолжуваат, но дека Москва останува отворена за постигнување на своите цели преку ...

Бразилија, 24 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 14 лица загинаа, а 440 се раселени кога обилни дождови го погодија југоисточниот бразилски град Хуиз де Фора, соопшти локалното градско собрание. Дождот предизвика поплави и лизгање на земјиштето, а наставата во општинските училишта е прекината, соопштија локалните власти. Специјализирани тимови беа мобилизирани за да помогнат и да трагаат по исчезнатите. Федералните и државните агенции се повикани ...

Атина, 24 февруари 2026 (МИА) - Со министерска одлука, потпишана од министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, пошироката планинска област на Преспа на грчка територија е прогласена за недопрена планина, со цел „ефикасна заштита и одржување на подрачјата на мрежата 'Натура 2000' и на видовите што живеат таму додека не се одобри специјалната еколошка студија и не се утврди начинот на користење на земјиштето и ...

Куманово, 24 февруари 2026 (МИА) - Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, смета лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој денеска во Куманово ја коментираше одлуката побарана од страна на обвинителството, донесена од судијата на претходна постапка. Тој одговарајќи на новинарски прашања кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, нагласувајќи дека ...

Крива Паланка, 24 февруари 2026 (МИА) - Општина Крива Паланка ги финализира подготовките за одржување на традиционалната културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2026“, еден од најрепрезентативните и најавтентични симболи на нематеријалното културно наследство на кривопаланечкиот крај. -Годинашното, 16-то по ред издание, ќе се одржи во недела, на 1 март 2026 година, во црквата „Св.Теодор Тирон“ во село Конопница, ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржи в петок и в сабота на вториот кат на ТЦ „Скопје сити мол“ во организација на студентската и младинската информативна платформа „Студентарија“. Во двата дена настанот ќе биде отворен од 11 до 16 часот, со бесплатен влез за сите заинтересирани. Организаторот соопшти дека саемот ги поврзува младите со образовните институции и компаниите нудејќи им ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одземени им се лиценците, како што рече, на „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“, „Канабидоис“. - Одлуките на ...

Братислава/Киев, 24 февруари 2026 (МИА) - Украина, чии електрани се значително оштетени од руското бомбардирање, продолжува да увезува електрична енергија од соседните земји, соопшти денеска операторот на преносниот систем „Укренерго“ откога ако Словачка одлучи да го прекине вонредното снабдување со електрична енергија за Украина. Премиерот Роберт Фицо вчера изјави дека операторот на словачката електрична мрежа ќе ги отфрли барањата на ...

Василево, 24 февруари 2026 (МИА)- На пет локации во Општина Василево се поставени контејнери за собирање на текстилен отпад, од кои три во населеното место Василево и по еден во селата Ангелци и Нова Маала, соопштија од локалната самоуправа. Во изјавата на градоначачлникот на Василево, Славе Андонов, се наведува дека оваа активност е во соработка со компанијата „Еко -текст груп“ ДООО Скопје. -Општина Василево воспоставува функционален и ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Ќе се воведува дуален концепт и во високото образование, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Со новиот закон, како што објасни, првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии. Со академското дуално образование, рече Јаневска, ќе бидат опфатени главно техничките струки. Според министерката, овој принцип на ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66,7 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година во патничкиот превоз бројот на превезените патници изнесува 925.000, во градско-приградскиот 9.130.000, во железничкиот 34.000, а во воздухопловниот ...

Виена, 24 февруари 2026 (МИА) - ГРК Охрид ќе игра со Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Вака одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација. Во случај да ја добие пресметката со грчкиот претставник, македонскиот тим во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двојката Целје – Бузау. Натпреварите од четвртфиналето се играат на 27/28 март, домаќин ќе биде тимот од Атина, а реваншот е на 4/5 април во ...

Франкфурт, 24 февруари 2026 (МИА) - Бројот на странски лекари што работат во Германија е повеќе од двојно зголемен во текот на последните 10 години, покажуваат денеска објавените официјални податоци истакнувајќи ја важноста на миграцијата за здравствениот сектор, јави ДПА. Во 2024 година 64.000 лекари, што претставува 13 отсто од сите лекари, немале германско државјанство, во споредба со 30.000 или седум отсто во 2014 година, соопшти ...

Скопје, 24 февруари 2026 Откога ДПМНЕ лесно и без пречки го пушти Артан Груби во бегство, 14 месеци недостапност завршија со куќен притвор. Лице што повеќе од една година било недостапно за органите на прогонот, што претставува најсилен можен доказ за ризик од бегство, добива поблага мерка. Во правна држава ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас води кон негово олеснување, стои во соопштението на Левицата, што МИА го ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) Директорот на Медиумската информативна агенција - МИА, Дарко Јаневски, во интервју за „Њузмакс Балканс“ зборува за состојбата со новинарството во државата, за иднината на агенциското новинарство во ерата на социјални мрежи и инфлуенсери, како и за улогата на МИА во актуелниот медиумски простор. Јаневски истакнува дека МИА, и покрај сите проблеми што ги има, е и мора да биде стожер, медиумски стожер во оваа ...

Собрание, 24 февруари 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на ...

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Делегација на македонското Собрание, составена од пратениците Дафина Стојаноска, Саранда Имери-Стафаи и Димитар Ковачевски, учествува на регионален семинар за парламентите на Западен Балкан, кој се одржува во Подгорица. Семинарот, организиран од Меѓупарламентарната унија (IPU) и парламентот на Црна Гора, е посветен на клучните прашања поврзани со климатските промени и зелената транзиција во регионот. ...

Скопје, 24 февруари 2026 ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и владините институции, кои си ја завршија работата и го доведоа криминалецот Груби пред лицето на правдата, кој избега пред една година по отворањето постапка за негова вина во случајот со „Државната лотарија“ за проневера на државни пари во вредност од ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
62%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
94%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
74%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Платина

60154.05

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52

Родиум

350443.14

Калај

43.90