Вчера беше еден од најтажните денови за државата. Трагедијата во Кочани длабоко ме вознемири, пред се, како човек и родител. Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста. Дозволете ми уште еднаш да изразам искрено сочувство до семејствата кои се соочуваат со оваа ненадоместлива загуба, објави министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Наша обврска како држава е да обезбедиме соодветни ...

Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти. Акцијата ...

Безбедноста на 5Г мрежите е од клучно значење за европската економија, па затоа Европската комисија уште во 2023 година препорача ограничување на пристапот до нив на компанијата „Хуавеј“, за која оцени дека претставува поголем ризик од другите добавувачи, изјави денеска портпаролот на ЕК за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение. – Комисијата смета дека земјите членки би требало да донесат одлуки со кои ќе се ...

Просечната нето плата во Хрватска во јануари 2025 година изнесувала 1.392 евра, што претставува номинален раст од 2,3 отсто и реален раст од 2,2 отсто во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со јануари 2024 година, нето платата е повисока за 153 евра (12,3% номинално) и 8% реално. Највисоката просечна плата е забележана во секторот авиосообраќај – 2.184 евра, додека најниската е во производството на ...

На 21.03.2025 околу 02.50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција. При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162 лица од пожарот во Кочани. Добра вест, како што кажа, е што денеска се испишуваат 10 пациенти. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од ...

Деновиве, во рамките на законските надлежности, истовремено во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, општина Битола презема низа активности во однос на контрола на гостителските објекти во градот. 1.Општинскиот инспекторат од почетокот на работната недела на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност дали ги исполнуваат минимално техничките услови согласно правилникот за ...

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди 30 дена притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а 196 беа повредени. Меѓу 13-те за кои е одредена мерката и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден. Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување ...

Најстудено утрово е во Берово -8 степени, во Битола се измерени -4, во Скопје, Демир Капија, Велес, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово и Штип – 3, Гевгелија, Прилеп, Куманово и Кавадарци – 2, во Охрид -1, Виница 1 и Кришево 2 степена, соошти УХМР. Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. ...

ОВЕН Денеска ќе бидете зафатени со бројни активности и тешко дека ќе почувствувате некаква неактивност. Сепак, вашата желба да направите сè одеднаш и на најдобар можен начин може да ве исцрпи. Бидете мудри во распределбата на вашата енергија за да избегнете прекумерен напор. БИК Ќе треба да посветите повеќе внимание на себе и да ги браните вашите права доколку некој не се однесува праведно со вас. Може да имате напнатост во вашата врска, особено ...

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје. По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на ...

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, неофицијално велат за Курир полициски извори. Од МВР за Курир кусо информираат дека во моментов спроведуваат акција по наредба на ОЈО Кочани. Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. ...

Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош. -Досега се обезбедни вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и ...

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот. Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои ...

Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи, велат од Владата. -Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш апелираме да се придржуваат до етичкото ...

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства. Досега се обезбедни вкупно: 34.836.205,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку: – Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: ...

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, утрово го посети Загреб, каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени. Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб. Тука сум како претставник на држава која тагува за 59 изгубени животи, ...

Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации, велат од Министерството за здравство. Од 59-те жртви, 15 се женски, а 44 машки лица. Меѓу починатите се и шест малолетници, тројца на возраст од 16 и тројца на возраст од 17 години. Највозрасната жртва ...

На 19.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на ...

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три. ...

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и ...

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани. За Панчо познато е дека е на болничко лекување, за Горан исто дека е меѓу повредените, додека последните информации за Ана беа дека е на домашно лекување. Таа денес, пред да ги испрати во вечноста своите блиски пријатели ...

Истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува и досега се опфатени вкупно 26 лица. Седум службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со издавање согласности за функционирање на дискотеката. Со истражната постапка што МВР ја спроведува во врска со несреќата во ...

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и ...

20 март, во 16:33 часот официјално започнува најубавата сезона – пролетта. Имено, денес е рамноденица која го навестува крајот на зимата, односно на денешен датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина. Иако голем број на луѓе знаат уште од училиште дека пролетта доаѓа на 21 март, пролетта ни доаѓа на 20 март последните две децении. Експертите ни открија дека пролетта доаѓа ден порано во последните дваесет години, поради двете различни методи ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ порача дека ќе се отворат сите претходни случаи и за модуларната болница и за Ласкарци истакнувајќи дека ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало, односно како што рече или ќе има победа за Македонија и граѓаните или мафијашите. „Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам ...

ОВЕН Денеска може да ве изненади неочекуван финансиски приход од место кое најмалку го очекувате. Сепак, бидете внимателни со трошењето, имате тенденција да трошите повеќе великодушно од вообичаено. Финансиските работи ќе одат добро, затоа не ги одложувајте важните одлуки во оваа област. Доколку е потребно, бидете упорни. БИК Очекувајте пријатно изненадување од друга личност или едноставно ќе почувствувате дека оние околу вас се особено ...

Денеска времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -9 до -3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени. Утре утрото ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, претежно сончево со слаб јужен ветер и температури до 22 степени. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на ...

За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци или други, без разлика дали се христијани или муслимани. За секој оној за кој ќе биде утврдена одговорност ќе одговара, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови. – Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се провери повеќе од 60-70 ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
36%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
46%
1022
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1025
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.35
37%
1023
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
46%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
43%
1020
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
61%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
27%
1021
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
42%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.69
100%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409