Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Западноевропејците сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако ЈуГов (YouGov) започна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против ...
Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028 година, со што ќе бидат опфатени околу 11.000 вработени во државната администрација, судовите и обвинителствата. Ова денеска го соопшти претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по средбата со претставниците на синдикатите УПОЗ и САДУ. Премиерот истакна дека станува збор за поширок пакет мерки ...
„Како во сите скандали во кои има сомнеж за криминал, така и овој не поминува без вклученост во јавноста на името Зоран Заев и секако неговиот ученик и другар, Венко Филипче. Јавувањето во јавност на Заев е директно погодување во центар и изблик на нервоза на Заеви кои се фатени директно на лице место во медот. Заев лаже дека не гради во Дубаи, а за тоа има јавни сведоштва и факт е дека Заев заедно со Филипче има златна виза и е добро да ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на јавниот статус на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи дека тој, како што наведуваат, се јавил во одбрана на криминал поврзан со големите заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата тврдат дека последните денови јавноста сведочи на конфискација на значителни количини дрога која, според нивните наводи, потекнува од фирми и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување. „Олицетворението на ...
Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност, се спротивставува на неоснованото мешање од страна на надворешни сили и ги отфрла сите обиди да се лиши кубанскиот народ од неговото право на опстанок и развој, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг. Ванг Ји ја даде изјавата за време на состанокот со својот колега Бруно Родригез Париља, кој не е само министер за надворешни ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси еден од „клучните учесници“ во координираниот напад врз американскиот конзулат во Либија пред 13 години, јави ДПА. Во нападот врз дипломатската мисија во Бенгази беа убиени четворица американски државјани, вклучувајќи го амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца други. Осомничениот, Зубајр ал-Бакуш, слета во воена база во близина на Вашингтон рано утринава и беше приведен, изјави ...
Првата личност во светот што ќе започне со третман со руската вакцина против рак ќе биде пациентка од Србија, Јована Алексиќ, која има меланом, рак на кожа со метастази, изјави денеска Сергеј Бољевиќ, раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченовск во Москва. „Тоа нема да биде клиничко испитување, туку третман. Од понеделник почнуваме да ја подготвуваме вакцината за неа во Институтот „Гамалеја“. Сите вакцини се ...
На 07.02.2026 во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје. Малолетникот, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.02.2026 во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од ...
Истражни активности во врска со запленетата дрога Министерството за внатрешни работи информира дека се води опсежна акција за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во рамки на оваа операција, е запленета значителна количина на марихуана, вклучувајќи околу девет тони во правно лице во Скопје, како и над 130 шишиња масло од канабис (полупроизвод). Исто така, од правни лица од источниот регион се одземени повеќе од 31 тон марихуана и ...
Жителите на населбата Палилула во Ниш утрово беа потресени од брутално убиство. Според првичните информации, убиена е 43 годишната Александра Ш., самохрана мајка на две мали деца, која била застрелана до смрт веднаш откако го оставила своето дете во градинката. Жртвата починала на самото место, а лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт. Поврзаност со експлозијата од 2017 година? Иако полицијата сè уште официјално не го ...
Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана ...
МВР соопшти дека е лишен од слобода скопјанец зашто од фирмата каде што е вработен одзел скоро три милиони денари. -Во Скопје вчера попладне, во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено ...
Шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев, кој денеска беше застрелан во Москва. Според Лавров, атентатот врз Алексеев е обид на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „саботира мировниот процес“ по преговорите во Абу Даби. Алексеев е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Тој е прв заменик-началник на Главната дирекција за разузнавање на ...
Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи, напиша на својот фејсбук профил министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска по синоќешниот реизбор за член во Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведува Димитриеска-Кочоска, довербата е клуч за секој успех. -Сакам да упатам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски токму за довербата повторно да бидам дел од Извршниот комитет на ...
ОВЕН Денеска обратете посебно внимание на вашето тело, сè што правите за него сега ќе има особено позитивен ефект врз вас. Не претерувајте со алкохол и храна, добар момент е за краток режим на растоварување и „прочистување“. Работата ќе ви оди добро, но само доколку ви носи задоволство. БИК Денеска ќе бидете во одлично расположение. Ќе сакате да се видите со пријатели, да минете време со вашата сакана личност или да одите на забава. Што и да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од ...
Новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија, бидејќи силна и стабилна партија е важен предуслов за силна и стабилна држава, оцени министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој синоќа беше избран за член на новиот Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ. Муцунски преку својот фејсбук профил изрази благодарност за искажаната доверба до премиерот и претседател на партијата, Христијан ...
СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот „Безбеден град“. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат. Изминатиов период јавност беше сведок како активисти на СДС ...
Во главата наместо мозок завиткана хартија, недостасувал еден бубрег, најголем дел од срцето и слезината. Ова е случајот со Трајан Бекиров стар 20 години. 17 годишното момче почина во мај 2006-та година, а неговите родители и одредени невладини организации тврдеа дека причина за смртта е полициска бруталност. Сепак она што повеќе загрижува во овој случај се резултатите од обдукцијата, особено втората што ја вршел бугарскиот форензичар Георги ...
Едно едноставно прашање што ќе му го поставите на вашиот партнер може значително да ја подобри вашата врска. Психолозите објаснуваат дека ова прашање може да отвори врата кон подлабоко разбирање меѓу партнерите и да ја подобри љубовната врска дури и ако сте заедно долго време. Многу парови мислат дека добро се познаваат, но не знаат што го прави нивниот партнер да се чувствува сакан и посебен. Затоа е препорачливо да го прашате вашиот партнер ...
Без разлика дали се соочуваат со љубовни, професионални или лични предизвици, овие знаци секогаш одат напред со крената глава и јасна цел. За нив зборот „пречка“ речиси и да не постои. Самодовербата им е внатрешен компас што ги води низ сите животни ситуации, дури и кога околината се сомнева во нивните одлуки. Токму затоа, тие ретко дозволуваат неуспехот да ги обесхрабри. Лавот важи за роден лидер кој зрачи со сигурност и харизма. Неговата ...
Кога луѓето прашуваат кој е „најмоќниот“ љубовен пар во хороскопот, често очекуваат приказна за романса, големи гестови и видлива страст. Но астролошката моќ во љубовта ретко изгледа спектакуларно однадвор. Таа повеќе личи на стабилност под притисок, на способност да се издржат кризи, тишини и промени без врската да се распадне. Од таа перспектива, комбинацијата Скорпија и Јарец се издвојува како една од најцврстите и најиздржливите. Ова е ...
Нептун, по речиси еден и пол век, повторно влезе во Овен. Последен пат низ овој знак минувал од 1861 до 1875 година, во период на големи општествени пресврти, укинување на ропството и забрзан технолошки развој. Во април 1861 година, Нептун влегол во Овен токму во деновите на избувнувањето на Американската граѓанска војна – симболичен почеток на колективно будење околу темите на слободата и идентитетот. Новиот циклус на Нептун во Овен започна ...
Несоницата стана хронична болест на современиот човек. Таа е предизвикана од голем број фактори, како што се стрес но во поново време и од целодневното гледање во компјутерските екрани и смартфоните и забрзаниот начин на живот. И додека многумина прибегнуваат кон апчиња за спиење, постои еден едноставен трик што ќе ви го олесни животот. Несоницата често е предизвикана од студени нозе, а може да се загреат со ладни чорапи. – Едноставно е. ...
Одењето во прекрасни високи потпетици може да ве направи посамоуверени, но сепак треба да бидете свесни дека долгото стоење на едни од омилените чевли на жените може да биде штетно за стапалата. Дина Гохил, приватен педијатар, за британски Sun вели дека носењето потпетици може да предизвика деформитети на стапалото. Освен ова, жените може да добијат и метатарсалгија – состојба која вклучува болка и воспаление во пределот на стапалото. Сепак, ...
Фондацијата за правда Хедвотерс со седиште во Минеаполис доделила вкупно 3.321.013 долари во кеш и друг вид помош од 2014 година на групи кои сега се обидуваат да ја следат Службата за имиграција и царина (ICE) или протестираат против агенцијата, според анализа на Daily Caller News со која биле опфатени даночни пријави, веб-страници на активистите и нивните објави на социјалните медиуми. -Она што го гледаме на улиците на Минеаполис и низ ...
Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки биле префрлени во Појасот Газа откако Израел ги предал, а испораката била извршена преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Министерството соопшти дека телата и останките пристигнале во медицинскиот комплекс Ал-Шифа со возила на Црвениот крст, каде што медицинските тимови веднаш започнале со форензичка обработка во согласност со ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интербју за француската телевизџија „Франс 2“ изјави дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале 55.000 украински војници. -Во Украина, официјалниот број на војници убиени на бојното поле, без разлика дали се редовни или мобилизирани, е 55.000, истакна Зеленски. Тој додаде дека има голем број луѓе кои Украина ги смета за исчезнати. Претседателот на Украина, Володимир ...
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека истекувањето на Договорот Нов СТАРТ, со што се ограничуваше стратешки нуклеарниот арсенал на Русија и на САД, е мрачен момен за меѓународната безбедност и мир и ги повика Москва и Вашингтон што е можно побрзо да постигнат нов договор за контрола на оружјето за масовно уништување. Договорот Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty), кој го ограничуваше бројот на нуклеарни ...
Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти во ...