Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Бугарија се соочува со епидемија на мали сипаници, при што досега се регистрирани 446 заболени, од кои дури 368 се деца, покажуваат најновите податоци на бугарското Министерство за здравство, според порталот „Novinite“. Според официјалните информации, случаите се евидентирани во 11 области, а најголем број заразени има во Враца, каде што се регистрирани повеќе од 220 случаи. Значителен број заболени има и во областите Плевен и Ловеч. Заразени ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека НАТО излегува „посилен и пообединет“ од самитот во Анкара, при што Доналд Трамп го пофали неговиот „дух“, и покрај тоа што критиките на американскиот претседател кон алијансата се закануваа да го засенат дводневниот состанок. Стармер рече дека лидерите го „постигнаа она што сакаа да го постигнат, а тоа е единството“, дури и откако Трамп претходно на состанокот се закани дека ќе ги изнесе своите ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на укинување на ограничувањата за одбранбена соработка меѓу сојузниците на НАТО, јави Анадолија. „Ограничувањата меѓу сојузниците во врска со одбранбената соработка, особено во одбранбената индустрија, треба да се укинат“, рече Ердоган на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во турската престолнина Анкара. Ердоган нагласи дека дури и додека европските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори можноста за дополнително намалување на бројот на американските војници во Европа, поврзувајќи ја таквата одлука со евентуалниот договор за иднината на Гренланд. – Сè уште ја немам донесено таа конечна одлука. Многу нешта ќе зависат од Гренланд – изјави Трамп во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ (Air Force One), на прашањето дали ќе повлече уште американски трупи од Европа. Како што пренесе ...
Случаите на трговија со кокаин во Албанија се зголемиле за 27,6 отсто во текот на 2025 година, додека запленетите количини се намалиле, развој што властите го припишуваат на промената во начинот на работа на криминалните мрежи и употребата на поприкриени методи на трговија со дрога, објавија медиумите. Според Националната стратегија за спречување и борба против организиран криминал и тешки кривични дела 2026–2030 година, трговијата со кокаин ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...
Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните, информира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на ...
На 09.07.2026 во 16:10 часот во село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.С.(31) од село Воиславци и Е.Т.(18) од Струмица. При претрес во домот на Н.С., извршен со судска наредба, во кој била затекната и Е.Т., била пронајдена марихуана. При претрес во домот е пронајден и мобилен телефон кој потекнува од кривично дело кражба За случајот е запознаен јавен обвинител, a по документирање на ...
На барање на македонското минстерство за надворешни работи вчера била остварена средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во земјава, велат од МНР. „Во духот на пријателските односи меѓу двете земји, соседи и НАТО-сојузници на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција, административните услуги ...
На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат. Според податоците од полицијата, лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на ...
Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...
ОВЕН Денеска многу лично ќе ги сфатите зборовите и постапките на луѓето со кои работите. Вашата проценка е субјективна и може да извлечете погрешни заклучоци без да ја знаете целата вистина за ситуацијата. Не се преоптоварувајте со работата и пронајдете начин да ја ослободите нервната напнатост. БИК Денеска е многу добар ден за деловни преговори и секакви финансиски трансакции. Бидете внимателни што зборувате, бидејќи вашите зборови ќе имаат ...
Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 година, се додава во извештајот. Растот ќе биде помал од просечните 3,5 проценти забележани во ...
Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година, а во Англија во сила се портокалови и жолти предупредувања поради високите температури, соопшти денеска Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA). Температурите оваа недела во делови од јужна Англија би можеле да достигнат 36 степени Целзиусови, наведува Агенцијата, пренесе Би-Би-Си. Подрачјата на Мидлендс, источна и јужна Англија се ...
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади. – Претседателот Трамп и јас разговаравме за некои идеи кои би можеле да ги засилат нашите позиции и да го приближат мирот – напиша Зеленски на Х по состанокот одржан на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Доналд Трамп е целосно посветен на Алијансата, и покрај тоа што американскиот претседател повторно го отвори прашањето за Гренланд и ги критикуваше сојузниците што не застанаа на негова страна во војната против Иран. „САД се целосно посветени на НАТО, но постојат и очекувања од американската страна, а тоа е дека Европејците и Канаѓаните подеднакво ги сносат трошоците, што е сосема фер“, ...
Четиринаесет годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар. Трагедијата се случила вчера вечерта, а случајот во полиција го пријавиле од болницата каде малолетничката била донесена без знаци на живот. -На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...
Општина Карпош информира дека Уставниот суд заседаваше на седница која се одржа на 3 јуни 2026 година, при што донесе Одлука со која СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 02. -Станува збор за деталниот план со опфат помеѓу населбите Жданец и Нерези, (локалитет А, Б и В) Општина Карпош – Скопје, донесен од Советот на Општина Карпош, со Одлука бр. 09-2483/18 од 13.03.2025 година. Тогашната Одлука ...
Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК. Различни ...
Откако ќе изедете сладолед, вашето тело го разградува во гликоза, која влегува во крвотокот. Зголемувањето на нивото на шеќер во крвта зависи првенствено од количината на јаглехидрати. Колку повеќе јадете, толку е поголем ефектот. За разлика од слатките со ниска масленост, сладоледот содржи масти, кои ја забавуваат апсорпцијата на гликозата. Ова доведува до побавно зголемување на нивото на шеќер во крвта, а неговиот врв може да се случи ...
Многу родители се мачат да ги пронајдат вистинските зборови за да им покажат на своите деца љубов, поддршка и чувство на сигурност. Иако големите моменти во животот често се паметат, кратките реченици во секојдневните разговори можат да остават силен впечаток. Затоа објавите на социјалните мрежи што ги охрабруваат родителите да размислат за тоа како разговараат со своите деца честопати привлекуваат големо внимание. Една таква објава на ...
Разликите во возраста во врските со години се извор на емоции, од возбуда до скептицизам. Преовладувачкото општествено мислење е дека мажите имаат тенденција да избираат помлади партнери, додека жените се чувствуваат побезбедно со постари мажи. Сепак, овие шеми се чини дека полека исчезнуваат. Дали постои идеална разлика во годините? Истражувањата покажуваат дека најхармоничните врски се постигнуваат со разлика од 2-3 години. Споделените ...
Понекогаш тоа се мали и невини лаги кои мажите ги кажуваат, бидејќи не сакаат да ја повредат жената што ја сакаат, а понекогаш се лаги кои кријат сериозни проблеми во врската. Еве кои лаги ги кажуваат повеќето мажи на своите партнерки, а најчеста причина е избегнувањето на расправии во љубовната врска. „Нема поубава од тебе“ Без разлика дали се работи за нејзина пријателка, колешка или жена што сте ја запознале на заедничка забава, ниту еден ...
Моментот кога парот ќе дознае дека ќе станат родители е исполнет со емоции. Но, изборот на име може да биде покомплициран отколку што мислите бидејќи постојат одредени законски ограничувања. Ако случајно живеете во САД, ќе имате апсолутна слобода во изборот на име. Секако, можеби нема да сакате вашето дете да има тотално „лудо“ име, но тоа е во рамките на вашите права. На пример, во Њу Џерси родителите можат да дадат какво име сакаат, доколку ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ги укине санкциите кон Турција и ќе донесе одлука за потенцијална продажба на авиони-ловци Ф-35. САД во 2020 година воведоа санкции за Турција откако Анкара набави руски системи за противвоздушна одбрана С-400. Исто така Анкара беше исклучена од програмата за борбени авиони Ф-35. Трамп наведе и дека денеска разговарал со рускиот и украинскиот ...
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска повтори дека Гренланд не е на продажба, потенцирајќи дека очекува од сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет. Нејзината изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, пред Самитот на НАТО, изјави дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска. Според Трамп „Данска не троши пари за вистински да ...
Албанија купи шест артилериски системи „БОРАН“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави албанскиот новински портал „Шќиптарја“, повикувајќи се на турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна ...