Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ребалансот на Буџетот предвидува значително зголемување на средствата за капитални инвестиции, локален развој, инфраструктура и проекти за заштита на животната средина, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција. Според него, вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините преку реализација на конкретни проекти кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните. „Кога зборуваме за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени настани, ...
Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје! Од Градскиот парк во Струмица беше најавен уште еден грандиозен настан којшто ќе биде во склоп на одбележувањето на 35 ...
До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај ...
Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Се размислува, информира ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска попладнево преку Фејсбук информираше дека денеска имала средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД, на која разговарале за економските приоритети, реформите и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. – Ја истакнав нашата посветеност на стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со средствата на граѓаните, како и на политики кои ...
На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Ѓ.(30) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По преземени мерки, исто така, било констатирано дека нелегално престојувал во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово ...
Издавачот на британскиот весник „Дејли меил“ побара од принцот Хари и други јавни личности привремена исплата од речиси 10 милиони фунти (околу 13,3 милиони долари) откако изгуби судска постапка за наводно кршење на приватноста. „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли меил“, побара од судот принцот Хари и другите тужители да ги сносат трошоците за постапката според принципот на надомест што би ја обврзал страната што губи да ги плати ...
Лав Јупитер, планетата на среќата и профитот, втората полна месечина оваа година поминува низ вашиот знак, што би можело значително да го подобри вашиот живот преку нови можности. Од 9 до 26 август, Меркур исто така ќе биде во Лав, што ќе ја направи вашата комуникација поефикасна. Тоа е поволно време за тешки разговори и решавање конфликти, бидејќи полесно ќе ги пронајдете вистинските зборови. Венера влегува во Вага, вашата трета сончева ...
Изборот на име е една од првите и најважни одлуки што родителите ги носат за своето дете. Освен што името ќе го следи низ целиот живот, многумина веруваат дека тоа носи одредена енергија и влијае врз личниот идентитет. Според астрологијата, сончевиот знак – кој се определува според датумот на раѓање – може да послужи како инспирација при изборот на име. Идејата е името да биде во склад со природните карактеристики и темпераментот што ...
Одлуката за брак е една од најважните одлуки што ги носиме. Возрасната граница за стапување во брак е поместена во однос на периодот од пред 50 години, но науката и математиката велат дека треба да се почитува правилото „37 проценти“. Според тој алгоритам, најдобрата година за брак е околу вашиот 26-ти роденден, пишува Yourtango. Оваа бројка доаѓа од книгата „Алгоритми за живот: Компјутерска наука за човековото одлучување“, напишана од ...
1. Се принудувате рано да се разбудите Идејата дека треба да бидете ранобудник за да направите многу не е точна, вели Крис Бејли, автор на „Проектот за продуктивност“. Сите сме различни. Ако се разбудите во 10 часот наутро, можете да бидете исто толку продуктивни како и оние што се будат во пет часот. Значи, ако вашиот распоред ви го дозволува тоа, играјте малку со време за будење и утврдете како се чувствувате најдобро. Може да откриете дека ...
Овен Хармоничниот тригон помеѓу Месечината во Единаесеттата куќа и Марс во Третата куќа ги активира социјалните и комуникативните сфери. Конфигурацијата создава висок ментален напон и самодоверба при презентирање на колективни или групни иницијативи. Користете ја оваа енергетска бран за да водите конструктивни преговори и да привлечете влијателни луѓе со слични интереси. Бик Месечевиот тригон со Марс ја поврзува вашата Десетта куќа на ...
Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината. Од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Американската тајна служба истражува видео поврзано со Иран во кое се споменува првата дама на САД, Меланија Трамп, откако материјалот беше емитуван од ирански државен медиум, а потоа почна да се шири на социјалните мрежи. Видеото од Иран на потенцијален терорист му покажува упатства „како“ и „каде“ да се убие првата дама на САД Меланија Трамп, откривајќи ги нејзините „слабости“, а завршува со зборовите до нивниот син: „Бароне, почекај нè“. ...
Силна посветеност за изнаоѓање решение на кипарското прашање и силна поддршка до кипарските Грци и кипарските Турци изрази генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш по средбата со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина. Гутереш од синоќа е во Никозија, претпладнево се сретна со Христодулидис и со лидерот на кипарските Турција Туфан Ерхурман, вечерва ќе има приватна вечера со двајцата ...
Иран не побара продолжување на разговорите со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, цитиран од британските медиуми. Според него, Техеран не побарал продолжување на разговорите со Вашингтон за завршување на војната, додавајќи дека ситуацијата во Ормуската Теснина останува непроменета. Багаи, исто така, нагласи дека не е во духот на иранската политика Техеран да иницира продолжување на разговорите ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 36 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под ...
Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по ...
На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри ...
На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Од партијата истакнаа дека вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. „Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата, не само во Македонија, туку гледано ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител на пријавеното правно ...
АЛКАЛОИД со раст на инвестициите од 69%, консолидирани продажби од 168 милиони евра и 43 нови вработувања во земјата во периодот јануари – јуни 2026 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2026 година продажбите достигнуваат 6.870.366.274 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.337.103.798 денари, што ...
Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Во текот на расправата за збор во однос на предлогот се јави пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, кој забележа дека има административни грешки во биографијата на Дика Георгивска и побара процедурално и формално, во име на Европскиот фронт оваа точка да се ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија нема конкретни информации за евентуално „воздушно примирје“ со Украина. – Таквите информации се појавија пред неколку дена, но засега тоа не е ништо повеќе од медиумски шпекулации. Нема ништо конкретно во тоа, ниту за какви било нови формули или предлози за решавање на конфликтот, наведе Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Москва преку дипломатски канали добила ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се соочил со влошување на односите меѓу министерот за одбрана Михаил Федоров и началникот на вооружените сили Олександр Сирски, поради што, како што изјави, решил да ги отстрани двајцата „за доброто на нацијата“. Поранешниот министер за одбрана Михаило Федоров во Украина се смета за заслужен за воените успеси на Украина и примената на нови воени технологии и поддршката за подобрување на ...
Се поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров. Околу 25.000 граѓани се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти ...