
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Матичната компанија на телевизијата Си-би-ес (CBS), „Парамаунт“ (Paramount) постигна вонсудска спогодба со Доналд Трамп и се согласи да му исплати 16 милиони долари на американскиот претседател за повлекување на тужбата, во која тој тврди дека во едно интервју телевизијата ја фаворизирала Камала Харис. Спогодбата е постигната кога „Парамаунт“ бара од администрацијата на Трамп дозвола за спојување со „Скајденс“ (Skydance). Компанијата ќе избегне ...
Украина извршила напад врз руски магацин за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од регионот Донецк вчера, објавија и рускиот и украинскиот Телеграм канал. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на пријавениот магацин, кој се наоѓа источно од градот Донецк, кој е под руска окупација. Украинската армија не го коментираше нападот и засега нема информации за обемот на штетата. Во меѓу ...
Владата на Унгарија ќе продолжи да се бори против планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја стави енергетската безбедност на Унгарија во сериозен ризик и ќе ги зголеми трошоците за сметките на домаќинствата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Тој додаде дека Владата ги проценува минатонеделниот предлог за забрана за купување евтина руска нафта и природен гас, изнесен на Самитот на ЕУ. Според ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види. „Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа ...
Александар Бузлевски е повторно еден од пропаднатите партиски експерименти предложени од Заев, а секако прифатени од Филипче, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. ако кандидатот за Ресен се претставува како ново лице, јасно е дека зад него стои загарантиран локален пораз. Бузлевски беше назначен за директор на Националниот парк Галичица во време на владеењето на СДС, кој исто така функцијата не ја вршеше на зададеното ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија. Со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека демографската рецесија не е проблем само за Македонија, туку и предизвик за цела Европа и пошироко и нагласи дека Влада не го премолчува проблемот, туку креира политики за справување со него. Премиерот додаде дека оваа борба не е само на едно министерство туку на сите општествени чинители. Иако Македонија е исклучок, посочи премиерот, сепак нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ...
Грција воведе нова такса за патниците на крузери на Миконос и Санторини, најпосетуваните острови во Егејското Море, од 1 јули, како мерка против масовниот туризам што сè повеќе им се заканува на овие острови. Новата такса во Грција ќе се применува за патниците што пристигнуваат со крстосувачки брод на одредени грчки острови, со различни стапки дизајнирани да се справат со специфичните предизвици на различните локации и сезони. Цените на таксите ...
Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква било ескалација на тензиите. Силно ги осудуваме сите акти на омраза и насилство. Правото на мирни протести, слободата на собирање и слободата на изразување мора да се зачуваат“, објави Делегацијата на ЕУ во Србија на платформата X. ...
Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин на Радио Лидер во ,,Летна политика“. Тој истакна дека ребалансот на буџетот е внимателно и стратешки изработен со фокус на зголемување на финансиската поддршка за клучни сектори како што се пензионерите, младите и локалната инфраструктура. Според Стојаноски, оваа финансиска рамка е пример за добар пристап и треба да се изучува како пример на успешен ребаланс, кој е транспарентен и без ...
Eнормно e зголемена потрошувачката на водата, особено во попладневните часови. Неконтролирано се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Претпријатието апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата, а доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk. -Конкретно, на 23 јуни 2025 година ...
На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен ...
На 03.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на ...
На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ, односно ...
Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна КОреја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. ...
Зборувајќи за демографијата и катастрофално лошите резултати, премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека се размислува за воведување на нови даноци за оние лица кои не се во брак. „Знаеме дека нема магично решение, но има постојана борба, и ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја политика е со цел да ја вратиме вербата, и размислуваме дополнителни даноци за немажени и неженети. Нема ништо посвето од животот, и нема ништо потажно од тоа дека ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната прес-конференција изјави дека сè уште нема официјална информација за тоа кој ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, но нагласи дека без разлика на изборот, кандидатот ќе ја има неговата целосна поддршка. Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, е најсериозниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, врз основа на внатрепартиска анкета. Перински, кој ...
Овен Љубов: Партнерот не може да ви пренесе се што би сакале да слушнете или видите. За жал, останувате лишени од различни потреби. Работа: Не верувате во нечии ветувања, барате убедливи докази или гаранција за деловен договор. Бидете внимателни пред соработниците. Здравје: Некои од техниките за психолошка релаксација ќе ве задоволат. Бик Љубов: „Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат повеќе значење од работите кои му ги соопштувате на ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде ...
Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Над половина од запишаните, 31 734 или 59.3 отсто, се студентки. Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи. -Во прва година ...
На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е ...
Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на ...
Македонски државјанин загина, е еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија, објави РТС. Според информациите добиени од Полициската управа на Суботица, возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот на ниво кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а ...
Ако ставите ловоров лист во паричникот, ќе привлечете пари и изобилство. Се верува дека ловоровиот лист во паричник привлекува пари. За секоја потрошена банкнота, ќе дојдат три нови. Според фенг шуи, ловоровиот лист игра важна улога во животот и секогаш треба да биде во куќата. Се верува дека ловоровиот лист ја одбива негативната енергија и енергично го чисти просторот. Исто така, се верува дека привлекува пари. Верувањето вели дека треба да се ...
Високите температури и животот без клима е речиси незамислив. Меѓутоа, штом ќе го земете далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја. Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден? Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи во ...
Овен Овните се познати по својата бестрашна енергија и изразена потреба за акција. Тие се природни лидери кои секогаш сакаат да бидат први во сè што прават, а нивната страст често ги преминува границите што другите знаци тешко ги следат. Нивната импулсивност и нетрпение честопати ги тераат да реагираат во моментот, без многу да размислуваат за последиците. Поради ова, многумина ги гледаат како луѓе кои секогаш се подготвени за конфликт или ...
До 2035 година, многу Јарци ќе: – започнат сопствен бизнис или значително ќе го прошират постоечкиот, – инвестираат мудро (особено во недвижности, технологија и стабилни фондови), – изградат репутација на сигурни лидери и визионери. Она што ве издвојува е вашата неверојатна дисциплина, дури и кога другите се откажуваат, вие продолжувате. И токму оваа доследност ќе биде клучот што ќе ја отклучи финансиската независност. – Не плашете се од ризик, ...
Шон Диди Комбс е прогласен за виновен за двете обвиненија поврзани со проституција, но беше ослободен од обвиненијата за сексуална трговија и рекетирање, поради кои можеше да остане во затвор до крајот на животот. Славниот рапер не е осуден за принудување жени да имаат сексуални односи со други мажи или за рекетирање, што беа дополнителни обвиненија во овој случај. Пред да се изрече пресудата за сексуални злосторства, раперот емотивно им се ...
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека трговските разговори со САД се обновени откако Канада се откажа од својот план за оданочување на американските технолошки компании, јавија американските медиуми. Американскиот претседател, Доналд Трамп, во петокот изјави дека ги откажува трговските разговори со Канада поради нејзините планови за оданочување на технолошките компании, додавајќи дека тоа претставува „директен и очигледен напад врз нашата ...
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење на јавни патишта, односно патарините, ќе се применува од 4 јули. Во соопштението се наведува дека, во согласност со редовните годишни активности, е извршено прилагодување на износите на динари на таксите со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но без да се ...