Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...

Чудотворната икона на Света Богородица Троеручица од манастирот Хиландар во Света Гора пристигна во Штип. Со свечена литија, предводена од Митрополитот Брегалнички г. Иларион и со учество на многубројниот верен народ, Богородичната Иконата Троеручица пренесена е во црквата „Свети Димитриј“ во Ново Село. Овие свети моменти нѐ потсетуваат дека токму преку единството, љубовта и молитвата ги чуваме нашите вековни вредности и духовен идентитет. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Анкара, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. -Мислам дека претстојниот самит на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот самит во историјата на Алијансата, бидејќи има работи што мораме да ги поправиме и расчистиме. Самиот претседател Трамп ќе учествува, рече Рубио во текот на вториот ден од сведочењето пред Комитетот за надворешни ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по украинските напади врз нафтен терминал и военопоморска база во Санкт Петербург, ќе продолжи со систематските напади врз Украина. -Што се однесува до конкретниот (одговор) на нападите: информациите за ова се прерогатив на регионалните власти и нашето Министерство за одбрана. Но, генерално, можам да кажам дека специјалната воена операција продолжува, токму со цел да се спречат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување. Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран. – Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп. Тој негираше дека Иран има предност во судирот. – Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека меѓу Иран и САД продолжува индиректната размена на пораки, иако во моментов не се водат официјални преговори меѓу двете земји, пренесе иранската агенција ИРНА. Во интервју за либанската телевизија „Ал Мајадин“, Арагчи рече дека меѓу последните контакти имало и пораки поврзани со потребата од спречување евентуален израелски напад врз Бејрут. Според него, Техеран случувањата во ...

Европската комисија соопшти дека ги продолжува прекршочните постапки против Бугарија и Полска, а покренува постапка и против Португалија поради нецелосно транспонирање на европските правила за правна помош, јави БТА. Во соопштението се наведува дека трите држави не ги примениле правилно одредбите на ЕУ што се однесуваат на правната помош за осомничени и обвинети лица во кривични постапки. Европското законодавство обезбедува заштита на ...

На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. -Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел, информира МВР. Известен е јавен обвинител и се ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поткупот од 2.000 евра бил само првата од неколкуте исплати што требало да ги добие поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, во врска со тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, вреден 18 милиони денари. На прес-конференција, Петрушевски рече дека, според информации добиени од свиркачи, Богоев наводно го договарал поткупот во директна ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека изминатите две години како локални самоуправи имаат силна поддршка од Владата, но и од СБ, истакна дека проектите се од различен карактер, инфраструктурни, како и проекти кои директно влијаат врз квалитетот на животот. -Една од најзначајните инвестиции во последните десетина можеби и 15 години е набавката на механизација за комунална хигиена за Град Скопје, како и за останатите ...

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме ...

Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, се наведува во француско-германскиот нон-пејпер презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, објави ...

ОВЕН Денеска забавете го темпото и не преземајте премногу задачи. Фокусирајте се на она што е навистина важно и не ја одложувајте грижата за себеси и за вашите најблиски. Разговорот со некој на кого му верувате може да ви го даде потребниот мир во мислите и да ви помогне појасно да ја видите ситуацијата. БИК Без разлика колку сте зафатени денеска, не дозволувајте ситниците да ви го одвлечат вниманието. Фокусирајте ги вашите мисли на иднината ...

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и партијата што ја предводи како главен политички приоритет ги имаат уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според владејачката партија, СДСМ и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за спроведувањето на Реформската агенда, како и средствата обезбедени преку Планот за раст на Европската Унија, додека во фокусот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- ...

Поставувањето телевизор на ѕидот или на класичен држач е една од првите и најважни одлуки при уредување на дневна соба. И двете опции имаат свои предности и недостатоци, па затоа конечниот избор зависи од вашиот простор, буџет и дали живеете во сопствен или изнајмен стан. Правилната одлука не само што го подобрува естетскиот изглед на просторијата, туку директно влијае и на удобноста при гледање и безбедноста на сите членови на домаќинството. ...

На припадниците на овие три хороскопски знаци слободата им е најважна од сѐ, па сериозна и долга врска им се чини како најлошото нешто што може да им се случи. Не само што тешко ќе ги освоите, туку уште потешко ќе ги задржите. Не сакаат да се врзуваат, но барем се искрени во врска со тоа. Девица Девиците се тешки перфекционисти и во сѐ наоѓаат маани, а нивните партнери не се поштедени од тоа. Многу тешко наоѓаат некој кој потполно им ...

На прв поглед изгледа идеален за вас, но инстинктот предупредува дека нешто не е во ред. Тоа е затоа што понекогаш нашите сетила „фаќаат“ траги од недовербата кон личноста со која си имаме работа, а кои можеби нема да можеме веднаш да ги протолкуваме. Но, како да знаеме дека излегуваме со некој кој не мами и не ја заслужува нашата доверба? 1. Исклучително е шармантен Прави се за да се забавува, може да потроши мало богатство за да ве ...

Додека еден вид храна може да ни помогне да го зајакнеме имунитетот, друга е неопходно да ја сведеме на минимум. Овој зачин спаѓа во втората категорија. Солта е важна алка за правилно функционирање на човековиот организам, но големото внесување на сол може да предизвика сериозни последици по имуниот систем. Во овој период од клучна важност е имунитетот да ни биде јак, за телото да може да се избори со вирусите доколку ги напаѓаат. Неодамна ...

Дали ви е потребно брзо чистење, губење на неколку килограми вишок и притоа помош за јакнење на органите за варење и црниот дроб? А со сето тоа и подготовката на оброците да ви одземе само неколку минути и секако да не чини многу? Ако одговорот е ДА тогаш оваа диета со шејкови е одличен избор, и брз и ефикасен начин за само неколку дена да се чувствувате полесно. ИП шејк диетата се држи пет дена и во тој период е можно да загубите до 4 ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...

Светската здравствена организација денеска соопшти дека во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, на прес-конференција изјави дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат“ епидемијата. Епидемијата на ебола од Конго се ...

Во полското пристаниште Гдиња на Балтичкото Море денеска почна двонеделната поморска вежба на НАТО – БАЛТОПС, во која учествуваат над 30 брода од 15 земји и речиси 6.000 војници. Вежбата ја предводи американската морнарица, а главниот фокус на вежбата е обезбедување слобода на пловидба во Балтичкото Море. Вежбата исто така има цел да демонстрира силно одвраќање. Воената вежба ќе заврши во германскиот пристаништен град Кил. Балтичкото Море е ...

Гугл бара одобрение од американските власти за ослободување на милиони стерилизирани машки комарци во обид да се намали популацијата на инсекти што шират опасни болести. Технолошкиот гигант сака „да ги запре лошите инсекти со добри инсекти“, а овој пат не станува збор за програмирање. Компанијата поднесе барање до американската влада за дозвола да ослободи до 32 милиони стерилизирани комарци во државите Калифорнија и Флорида. Како дел од ...

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...

Република Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела ...

Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, на ...

На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
30%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
49%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
35%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.22
41%
1022
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.99
36%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.99
42%
1020
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.19
39%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
35%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.13
64%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Сребро

2087.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Бакар

12.73

Платина

53498.84

Алуминиум

3.40

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Злато

133769.08

Калај

53.45