Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока ...
о текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ...
На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишниот Н.М. од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, тврдејќи дека е осомничен за местење тендер вреден околу 300.000 евра. „Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката“, изјави Лефков. Според ...
На 03.06.2026 во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско. При преземање службени мерки и вршење патролна дејност, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го ...
До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител. „Согласно проекците на буџетот и како ...
ОВЕН Денеска тешко дека ќе останете долго на едно место, денот ќе ви биде динамичен и исполнет со разни задачи и состаноци. Доколку успеете да го организирате вашето време и да ги структурирате вашите активности, ќе постигнете сериозен напредок. Моментот е погоден за преговарање, презентирање идеи или водење деловна комуникација. БИК Шансите за финансиска стабилност ќе бидат на ваша страна денеска, особено доколку покажете флексибилност и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта и нагласи дека полицијата ќе дејствува многу построго кон возачите кои ги прекршуваат правилата и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот. – ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како ...
Еден од најпрепознатливите симболи на Мајкл Џексон, легендарната бела ракавица, не беше само моден додаток, туку имаше и подлабоко, лично значење. Додека Кралот на поп-музиката повторно е во центарот на вниманието за нова документарна серија и претстоен биографски филм, приказната за неговата ракавица открива борба со болест што долго ја криел од јавноста. Џексон се борел со витилиго, кожна состојба која предизвикува губење на пигментот и ...
Речиси секој патник кој летал со авион го знае тој момент: стигнувате до обезбедувањето, ја распакувате торбата и шишето со вода што сте го понеле за патувањето мора да заврши во ѓубре. Иако ова правило може да им изгледа претерано на многумина, не е воведено за да ги обесхрабри патниците да купуваат скапа вода на аеродромот, туку од безбедносни причини. Главната причина за забраната за внесување големи количини течности во кабината на ...
Замислете ја ситуацијата – телефонот ѕвони, вие одговарате очекувајќи разговор, но од другата страна владее целосна тишина. Иако многу луѓе мислат дека станува збор за технички проблем или лоша врска, експертите предупредуваат дека ваквите повици може да бидат дел од сè почеста измама насочена кон собирање податоци или злоупотреба на вашиот глас. Таканаречените „тивки повици“ станаа вообичаен метод што го користат измамниците во последниве ...
Познато е дека Јосип Броз Тито имал две страсти – лов и жени, и тешко е да се погоди бројот на непознати девојки и светски диви кои продефилираа низ неговиот кревет. Комплексот на палатата на Караѓорѓевиќ длабоко во себе крие тајна и љубовна приказна. Оваа приказна зборува за големата љубов на Маршалот Тито и неговата секретарка Даворјанка Пауновиќ Зденка, кој беше погребан од Јосип Броз во шумата на „Белата палата“, и подигна споменик и ...
Седнете во фотелјата, земете го далечинскиот управувач во раце и може да започне слабеењето. Причината зошто сакаме да гледаме хорор филмови е чувството на возбуда што се јавува кога ќе го процениме нивото на закана, кое има моќ да нè паничи и да нè заплаши. Истражувачи од Универзитетот во Вестминстер откриле дека хорор филм во траење од 90 минути може да согори до 113 калории. Што е како да пешачите половина час! Д-р Ричард Мекензи рече дека ...
Девица, Јарец и Вага: Се стремиме кон совршенство. Пребирливата Девица, строгиот Јарец и елегантната Вага се најмногу склони да се свртат кон негативната страна на перфекционизмот. Девицата е земјен знак, добро вкоренет во секојдневниот живот во кој сака да создава и одржува ред. Таа е многу остроумна и вешто асимилира сè што е корисно, здраво и ефикасно. Пребирлива и свесна за секој детал, Девицата наоѓа безбедност во ред и организација. ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп, САД да испратат противвоздушни системи Патриот. Барањето на Зеленски уследи по синоќешните руски напади врз пет украински градови, при што загинаа најмалку 14 луѓе, десетици се повредени, а голем број се заробени под урнатините. Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку учествуваат во војната во Украина. – Ви се испраќа лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе ви ја обезбедат е со лош квалитет и постои многу голема шанса да загинете или да бидете ранети додека сте таму. Ако бидете ранети, веројатно ќе останете во калта да страдате и да умрете – рече Руте за време на прес-конференцијата ...
По жестоките критики во изминатиот период администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите за формирање на контроверзниот фонд за компензација за наводните жртви на правосудниот систем, јавува ДПА. „Не продолжуваме со фондот“, им рече вчера вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш на американските конгресмени. Трамп се соочи со остри критики во врска со фондот за компензација, вклучително и од ...
Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев и уште три оосмничени лица, на барање на Обвинителството. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, како што оттаму соопштија вечерва, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на ...
На само 47 години почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ги потресе бројните пријатели, познаници и спортски работници, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните мрежи. Со години работеше како коментатор за ТВ Арена Спорт, беше препознатлив по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ. Особено е запаметен по легендарниот пренос на кошаркарската репрезентација на ...
Странски разузнавачки агенции инсталирале шпионски софтвер на паметните телефони на високи руски функционери со цел да ги прислушуваат и шпионираат, објави денеска Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Податоците се извлечени од паметни телефони со помош на технологија од американските ИТ компании Fastly и Cloudflare, објавија руските медиуми. „Прислушувањето на телефоните на високи руски функционери со помош на шпионски софтвер стана ...
Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски наведе дека „планот за долгорочни санкции“ се спроведува чекор по чекор и дека нападите имале значително влијание врз руската енергетска инфраструктура. Тој додаде дека околу 40 отсто од примарниот ...
Норвешката фудбалска федерација (НФФ) побара од Етичкиот комитет на ФИФА да го истражи доделувањето на Наградата за мир од страна на светската фудбалска федерација на американскиот претседател Доналд Трамп. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му ја додели на Трамп инаугуративната Награда за мир за време на ждрепката за Светското првенство на 6 декември. ФИФА никогаш не откри како Трамп бил избран за првата награда. Неколку месеци подоцна, ...
СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико. Тоа ќе биде најголемото Светско првенство во историјата. Ќе има 48 репрезентации, поделени во 12 групи од по четири, од кои најдобрите две и осумте најдобри третопласирани екипи од сите групи ќе влезат во осминафиналето. Американските медиуми често прават ранг-листи во нивните главни спортови: американски фудбал, кошарка, ...
Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...