
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025г., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година. Во Охрид, акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување на издувните гасови од сообраќајот, а извршен е вонреден инспекциски надзор на две ...
Службите на Општина Центар започнаа акција за чистење на голема дива депонија во Буњаковец, на локацијата позади катната гаража. Станува збор за јавен простор, нелегално заграден и узурпиран, кој од несовесни лица бил користен за одложување смет и мешан комунален отпад. Инспекциските служби на самото место затекнаа огромна количина отпад кој бил собиран, претставувајќи потенцијално жариште на зарази и закана за здравјето на жителите, особено ...
Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на церемонијата по повод доделувањето на уверенија на VIII -та генерација слушатели кои ја завршија почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители . Посакувајќи им успех, министерот Филков во своето обраќање посочи дека стручното, етичкото постапување е повеќе од клучно во овие моменти кога сме соочени со предизвици и кога недовербата во правосудството е голема. ,,Вашиот интегритет и ...
Почитувани читатели, во денешната колумна посветена на стечајот на Еуростандард банка ќе пишувам за мојата упорност и непоколебливост во потрага за вистината и во име на правдата. Деновиве, за жал тагата нѐ обедини. Сведоци сме дека граѓанската свест, полека но сигурно се буди. Граѓаните со сета своја хуманост, но и голем револт, застанаа зад несреќното семејство давајќи им поддршка во најтешките моменти. Секој нормален човек би изреагирал со ...
Мерсел Биљали Мегаломанијата во почетокот прави да блеснете, а потоа на твоето чело ќе ја наслика целта со црвена боја! – вели една изрека. Посебниот емисар на Трамп за специјални состојби во светот – Ричард Гренел, со тешка артилерија го гранатираше косовскиот премиер Албин Курти, дека „тој не е кредибилен партнер за САД“ и дека „меѓународната заедница е обедината против него“. Што остана од него ќе видиме во наредниот месец. Во официјална ...
На Македонија ќе ѝ пресуди децениската партизација на системот, а не надворешните и внатрешни непријатели кои секој што ќе дојде на власт ги покажува со прст. Тоа е отприлика приказната за нашата држава кажана во една реченици. Двете водечки партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неделата (2.02) си разменија по десетина соопштенија за тоа кој е виновен што возач кој системот „систематски“ го пропуштал за сторени кривични дела, на крајот предизвика ...
За првпат, во еден од своите први говори, истовремено критикувајќи ја позицијата на администрацијата на (поранешниот американски претседател) Бајден за украинската криза, претседателот (на САД) Трамп отворено кажа дека една од главните грешки е вовлекувањето на Украина во НАТО, рече шефот на руската дипломатија.Русија го поздравува ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази разбирање за загриженоста на Москва во врска со ...
Економистот и поранешен министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, упати поддршка до студентите во Србија кои протестираат веќе три месеци барајќи одговорност за падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. „Српските студенти одлучија дека е доста. Сега треба да дадат политички израз на она што следува. Ќе им биде потребна храброст и јасna цел. Верувам дека тие го имаат и едното и другото. Нека ни ...
Пратеникот Манол Пејков од „Демократска Бугарија“ и пратениците од „Преродба“ повторно се пресметаа во Народното собрание, објавија бугарските медиуми. Не е јасно што го испровоцирало, но камерите во пленарната сала го уловија Славчо Крумов од „Преродба“ како неколкупати посегнува кон Пејков. А лидерот на ГЕРБ и пратеник Бојко Борисов во собраниските ходници коментираше: „Таму нешто се обвинуваат за алкохолот рано наутро“. Непосредно пред ова, ...
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација кај 12-годишно дете со коска од донор, кое претходно е оперирано поради деформитет на левото стапало со користење шраф, информираат денеска од Министерството за здравство (МЗ). Оттаму велат дека за оваа интервенција е одлучено откако кај детето повторно се појавува деформитет. Тимот на доктори што ја изврши трансплантацијата кај 12-годишно дете „Се одлучи да се извади ставениот шраф и да се ...
Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 година е највисок обединувачки, развоен и визионерски документ за следните 20 годин и треба да овозможи фундаментална трансформација на земјата, рече денеска премиерот Мицкоски пред амбасадорите и претставниците на донаторската заедница. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на донаторска конференција од амбасадорите и од претставниците на донаторската заедница побара партнерства и заеднички ...
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека обвинителството постапило по сите стандардни процедури во случајот со прегазената Фросина Кулакова. Тој рече дека постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Во вечерашното гостување на Телевизија Телма, Бубевски изјави дека обвинителството ги презело сите неопходни мерки за прибирање и анализа на доказниот ...
Пријавениот драмски текст треба да биде неизведуван и да биде оригинално авторско дело, а не драматизација или адаптација на романи, новели или мотиви на постојни драмски дела. Драмски театар Скопје од оваа година ја востановува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години возраст. Наградата за најдобар драмски текст од македонски автор до триесет години ќе го носи името „Горан Стефановски“ и ќе ...
Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција. Меѓуградски автобус се излизгал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер. Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција. „Возачот на автобусот изгубил контрола, а возилото се излизгало од патот ...
Рашида Тлаиб, единствената палестинско-американска членка на американскиот Конгрес, го обвини Трамп дека „отворено повикува на етничко чистење“. „Тој е сосема добро што ги задржува федералните средства на вработените Американци додека финансирањето на израелската влада продолжува да тече“, рече Тлаиб, демократка од Мичиген. Тлаиб беше критична кон начинот на кој поранешниот американски претседател Џо Бајден се справи со конфликтот Израел-Хамас. ...
Палестинската милитантна група Хамас реагираше на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на Газа и принудното преселување на Палестинците. Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, изјави портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми. „Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови да поминат. Она што се бара е крај на окупацијата и агресијата врз нашиот народ, а не ...
Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, а појдовните и дојдовните летови се откажани, пренесуваат италијанските медиуми. Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим денеска беше привремено прекинат поради пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми. Поради ...
Македонското земјоделство се соочува со сериозна криза поради недостиг на работна сила, стареење на земјоделците и слаб интерес кај младите. Сè повеќе ниви остануваат необработени, а увозот на храна расте. Доколку не се преземат итни мерки за модернизација, финансиска поддршка и подобрување на руралните услови за живот, земјоделството може да стане неодржливо. Дали механизмите што ги предлагаат експертите и земјоделците ќе бидат доволни за да се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината речиси тригодишна војна со Русија, но нагласи дека САД и Европа исто така ќе мора да учествуваат во разговорите. Зеленски, кој долго време ги повикуваше сите руски сили да ја напуштат Украина како предуслов, во последните недели зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај. ...
Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“, закажан е за во сабота во Неготино, информираа вечерва организаторите на настанот, на Фејсбук група посветена на овој град. Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите. – Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, ...
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО: Министерката за образование и наука Проф.Д-р Весна Јаневска Од Советот на родители на ООУ„Лазо Ангеловски“ Аеродром, Скопје ОТВОРЕНО ПИСМО Почитувана! Долг временски период сме сведоци како Совет на родители на нефункционирањето на системот во справувањето со врсничкото насилство. За жал на наше големо разочарување и по деновите, неделите, месеците кои ги побаравте од нас како временски период за разрешување на ситуацијата во ...
Инспекциските служби во Општина Струмица им изрекоа казни на две компании од 9.000 евра и 500 евра за управителот на правниот субјект, бидејќи го загадуваат воздухот. Како што соопшти Министерството за животна средина, вонредни инспекциски надзори се извршени на пет инсталации и издадени се четири решенија (задолжување за вршење на мерења на емисии од стационирани извори, продолжување на Б-Интегрирана еколошка дозвола) и едно решение со опомена ...
На 04.02.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во ...
Денеска од Скопје кон Куманово ќе се обрати првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града, објави вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека патувањето ќе трае 41 минута. „Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот ...
Поминаа седум дена откако нема никаков траг од 28-годишниот кик боксер од Неготино, Миле Тодоров. Момчето за последен пат било забележано на 30-ти јануари наутро, во Кавадарци, а неговиот мобилен телефон беше пронајден покрај реката Луда Мара, во областа позната како Три багрема, на патот помеѓу Кавадарци и Неготино. Семејството на Миле за „Фокус“ вели дека и денес потрагата по него масовно се одвива. Биле ангажирани кучиња трагачи, службени ...
По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста. Камбовски посочи дека утре Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа ...
Палестинските власти категорично го отфрлија предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Појасот Газа, јави ДПА. -Палестинското раководство зазема цврст став дека решението со две држави, засновано на постоење на две држави и доследно на меѓународното право, е гаранција за безбедност, стабилност и мир, напиша денеска на „Х“, Хусеин ал-Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека на своите советници им оставил детални инструкции да го уништат Иран доколку биде убиен во атентат, пренесува АП. „Ако го сторат тоа, ќе бидат избришани од лицето на земјата“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која и се наредува на американската влада да изврши максимален притисок врз Техеран. – Оставив инструкции, ако се обидат ќе бидат уништени, ...
Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија, имајќи предвид дека самиот си забрани да учествува во нив, се празни зборови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Подготвеноста мора да се заснова на нешто, не може да се заснова на законска забрана за такви преговори, рече Песков денеска на својот дневен брифинг. -Анализата на нашата земја… покажува дека господинот Зеленски има големи правни ...