
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Пред земјотресот живеевме на улицата „Народен фронт“, карши некогашната злогласна „Криминална полиција“ , така ја викаа. Денес тоа е улицата „Наум Наумовски – Борче“. Нашата куќа, како и стотици други се наоѓаа, или пак им беше дворно место, сегашниот булевар „Партизански одреди“. Кога сето тоа се разурна и луѓето ги раселија по новите населби, осамна најубавиот булевар во главниот град, скопјани го нарекоа „Партизанска“. Беше голем престиж да ...
Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе го „превртел светот наопаку“, пренесува Anadolu. Орбан смета дека претстојат тешки месеци за Европа бидејќи повеќето бирократи во Брисел мислат дека можат да побегнат од претстојното „торнадо на Трамп“. „Вчера го одржавме првиот самит на ЕУ во Брисел по инаугурацијата на претседателот Трамп. Тоа беше чуден собир. Секој во Брисел може да го види како ...
Како што пренесува грчкиот портал Πρώτο Θέμα, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар. Претходно во понеделникот грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите на Санторини да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“. „Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да ...
Секоја претпоставка дека Северноатлантската алијанса може да постои без Соединетите Американски Држави не функционира од многу причини, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер во Брисел. – Глупава е помислата дека НАТО може да функционира без САД, од повеќе причини. Ако ја погледнете ситуацијата во Украина, тоа не е само проблем меѓу Украина и Русија… Ова што се случува е ...
Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП. Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. ...
Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има нови предизвици и растечки неизвесности, така што ...
Аманда Радељак, актерка по потекло од Босна и Херцеговина, го прекина доделувањето на Данските филмски награди за да го привлече вниманието на геноцидот врз Палестинците. Таа изјави дека нејзиниот говор не бил планиран, но дека има нешто што би сакала да им каже на присутните. Водителката и го дозволила тоа. „Пред да побегнат нашите драги политичари, можете да им кажете во Кристијансборг дека не сакаме нашите даночни пари да се трошат за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бара Украина да ги снабдува САД со ретки метали како услов за помош на земјата разорена од војна, објави новинската агенција АФП. „Сакаме да склучиме договор со Украина каде тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме со нивните ретки метали и други работи“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. Тој се пожали дека Европа не обезбедила исто ниво на помош за Украина како САД. Тој нагласи дека ...
Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател, е обвинет за нелегален лов на диви патки во Италија и наводно застрелал многу редок вид во заштитено подрачје, јавуваат италијанските медиуми. Случајот, во чиј фокус е видео на кое се гледа како Трамп Помладиот пука во патки додека лови во венецијанската лагуна, треба да биде прикажан пред италијанскиот парламент. Партијата Зелена Европа (Europa Verde) поднесе жалба за случајот до ...
Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград го разгледа повикот за дијалог упатен од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на 3 февруари 2025 година и, изразувајќи го единството на Универзитетот, донесе одлука да не го прифати повикот во вакви околности, се вели во соопштението. „Низата недоследности во јавните изјави на претставниците на државните органи не убедува дека дијалогот кој би довел до исполнување на студентските ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска преку писмено соопштение ја повика министерката за образование и на наука Весна Јаневска да ја повлече предложената реформа на гимназиското образование, која, како што велат од партијата, предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Според СДСМ, концепцијата што се турка без доволно консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката ...
По серијата репортажи од светските туристички центри, овој пат решивме да посетиме една локација во наша непосредна близина, но која уште при првата средба нѐ освои. Станува збор за Михајлово, новоотворен скијачки центар, сместен на околу 40 километри од Кавадарци, во пазувите на Кожуф, чија реализација стана можна благодарение на иницијативата на Општина Кавадарци и нејзините први луѓе. Според она што ни го соопштија нашите вредни домаќини, ...
Кавадарци е убав, зелен и спортски град! Општина Кавадарци доби две нови спортски игралишта, фудбалско и кошаркарско кои се во склоп на СОУ ,,Киро Спанџов Брко’’. Со ова, Општина Кавадарци уште еднаш докажа дека младите може да спортуваат, да се дружат и да создаваат спомени за паметење во одлични спортски услови. Унапредување на училишниот спорт и подобрување на условите за одржување на часовите по физичко и здравствено образование, но и ...
Tелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 1 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага ...
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Жена (22) со нож нападна двајца мажи во центарот на Софија, јавуваат бугарските медиуми. Како што соопштија од Управата за внатрешни работи, жената е приведена, а нападот се случил на булеварот „Витоша“. Директорот на Управата за внатрешни работи – Љубомир Николов рече дека жената што е осомничена дека го извршила нападот имала психички проблеми. „Има очигледни психички абнормалности и ѝ е поставена сериозна дијагноза. Жената нападнала тројца ...
Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност. Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе. Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на ...
Демократското Движење на Изет Меџити продолжува со консолидација и зајакнување на своето присуство на терен, проширувајќи ги и зајакнувајќи ги своите организациски структури. Во оваа насока, официјално беше формиран месниот огранок „Тели“ во населбата Гази Баба, како дел од општинската организација во Чаир, што претставува значаен чекор кон достојно претставување и политичка активност во овој регион. Во ентузијастична атмосфера и со големо ...
Од Министерството за здравство за „Фокус“ информираат дека денеска се очекува да биде разрешена директорката на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Каролина Симоновска. Според информациите, за оваа одлука се чекало потпис од министерот за здравство Арбен Таравари, а на местото на Симоновска, информациите се дека ќе застане професорката Катерина Бошковска. Вчера Симоновска преку соопштение ја информираше ...
Петар Ристов – момчето на младата Фросина Кулакова која несреќно го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се огласи на социјалните мрежи. Тој напиша емотивен текст и сподели компилација на фотографии и видеа од убавите моменти поминати со Фросина. Упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена. – Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска положи свежо цвеќе во црквата Св. Спас во Скопје и на целата македонска јавност и го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак – Гоце Делчев. – Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и ...
МВР информира дека вчера во ОВР Кочани било пријавено дека на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с. Оризари – с. Пресека со маало „Јовевци“ кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с. Стар Караорман, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на тв 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа. „Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлајн игри на среќа нема ниту една ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е зголемен бројот на заболени од рак на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле, а како еден од клучните фактори се наведува загадувањето на воздухот. Според проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), ракот на белите дробови кај непушачите се смета за петта водечка причина за смрт од рак во светот. Студијата објавена во научното списание Lancet Respiratory ...
Претседателката на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиоска упати отворено писмо по повод „прекинатите договори на дело и стотици медицински сестри кои во моментов се без работа“. Писмото го пренесуваме во целост: „По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари осомничениот на другo лице му продал половина грам кокаин за 2500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека општинските служби денеска со механизација го исчистија сметот во населбата Крњево и улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец, како дел од големата акција за чистење на општината. „Продолжуваме со подобрување на хигиената во Центар, утрово нашите служби го исчистија сметот во населбата Крњево и на улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец. Се грижиме за чисто, ...
На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица ...