
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, Златна бубамара на популарноста, оваа година ќе се одржи на 19-ти февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети, информираат од организацијата на настанот. Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ...
Во косовското село Главник, во близина на Подуево, пронајден е опожарен автомобил со српски регистарски таблички со остатоци од човечки коски, потврди обвинителството во Приштина. Како што пренесува Блиц.рс, обвинителството соопшти дека инцидентот се случил вчера и дека при преглед на опожарениот автомобил е утврдено дека внатре има остатоци од коски. Обвинителот, како што пишува понатаму Блиц, ангажирал форензичар, кој потврдил дека се работи ...
Сосема гол маж денеска го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, нарушувајќи го спокојот на луѓето кои шетаат по кејот, но и граѓаните кои се нашле во центарот на градот, објави „А1он“. Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“ протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре. Снимки од несекојдневниот инцидент се објавени на социјалните мрежи. Според она што се гледа на ...
Министерството за внатрешни работи, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, започна предистражна постапка за истрага која се однесува на злоупотреби и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи на МВР. Истрагата се фокусира на спроведена јавна набавка во полицијата, за која се сомнева дека била злоупотребена. До сега се извршени претреси на 16 различни локации, на основа ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски, ноќта ќе ја помине во помициска станица, а утре ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Приведувањето на Мирчевски следи откако Финансиската полиција во координација Основното јавно обвинителство Скопје денеска против него поднесе кривична пријава со која тој се товари за четири кривични дела. Имено, Мирчески се товари за примање поткуп, ...
Меланија Трамп се буди во 6 часот наутро и си прави кафе, а еве како изгледа нејзиниот живот зад затворени врати. „Секогаш сум воодушевен кога слушам луѓе кои воопшто не ја познаваат ја нарекуваат Меланија“, вели Ерве Пјер, стилист задолжен за изгледот на првата дама на Америка Меланија Трамп. „Иако тесно соработуваме, јас секогаш и се обраќам со „Госпоѓа“ или „Госпоѓа Трамп“, објаснува Ерве роден во Франција, која претходно ги стилизираше ...
Сојузниците на САД очекуваат администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го претстави долгоочекуваниот план за ставање крај на руската војна против Украина на Минхенската безбедносна конференција во Германија следната недела, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Нацртот, според извори на Блумберг, на сојузниците ќе им го претстави специјалниот претставник на Трамп за Украина, Кит Келог. Како што ...
Хусеин Мусави, политички советник на генералниот секретар на либанската група Хезболах, денеска ги нарече плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за евакуација на Палестинците од Појасот Газа „криминални наредби“, се вели во соопштението на Хезболах. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ќе ја преземат Газа откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место и таа е економски развиена, објави Ројтерс. Ова го ...
Психолошките тестови на личноста ни помагаат, пред сè, да размислиме за себе и да донесеме заклучоци за нашата личност и карактерни особини. Многу луѓе прибегнуваат кон ваквите тестови од обична љубопитност, за да дознаат повеќе за својот карактер, пишува „Сенса“. Понекогаш, тестовите за личност откриваат скриена особина за која можеби не сте биле свесни, а овој тест ви овозможува да извлечете заклучоци за вашите предности и слабости. Па, кое ...
Белграѓанката Милка Бауковиќ-Радивојевиќ денеска наполни 110 години, а на социјалните мрежи беше објавена нејзина фотографија со славенички торти и свеќи со бројките од нејзината возраст. Баба Милка е родена на 5 февруари 1915 година во селото Папиќи кај Сисак, кое денеска се наоѓа во Хрватска, а во тоа време, во виорот на Првата светска војна, било дел од Австроунгарската Империја. Според евиденцијата на меѓународната организација International ...
Популарната пејачка Лепа Брена очигледно се опорави од скршеницата на ногата. Таа на својот Инстаграм сподели неколку видеа на кои се гледа како повторно оди без проблем, по повредата со која се здоби на нејзиниот концерт во декември минатата година. Имено, пејачката доживеа несреќа на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб кога врз неа падна член од нејзиниот тим. Брена во таа прилика се здоби со скршеница на скочниот зглоб, ...
Актерот Кирк Даглас, кој е починат на денешен ден во 2020 година, морал да ја одбие улогата на Тито во филмот „Битка на Сутјеска“. Во 1973 година, кога филмот бил сниман, тој веќе бил ангажиран во два големи проекти, па режисерот Стјепан Делиќ го ангажирал Ричард Бартон, пишува „24 сата“. Во игра биле и други познати актери: Марлон Брандо, Пол Њуман, Питер О’Тул, Марчело Мастројани, Жан Пол Белмондо… Тито годишно гледал околу 160 филмови на ...
Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран се најде во центарот на вниманието кој се пресели во Ал Наср се најде во центарот на вниманието откако одлучи да не живее во Саудиска Арабија и секој ден да патува 90 минути со авион за на тренинг. Дуран беше најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок, меѓутоа поради строгите закони во Саудиска Арабија ќе живее во Бахреин. Причината е што фудбалерот сака да живее заедно со својата девојка, а во Саудиска Арабија ...
По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата. Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија. Поранешниот директор на СОЗР, ...
Преговорите се прекинати поради несогласувања како да бидат распределени министерствата Вистински земјотрес ја погоди австриската политичка сцена кога Слободарската партија на Австрија (ФПО) и Австриската народна партија (ОВП) ги прекинаа преговорите за коалициска влада поради несогласувања околу распределбата на министерствата. Двајцата партиски лидери, Херберт Кикл од ФПО и Кристијан Штокер од ОВП, се соочија со сериозни предизвици на клучните ...
Сто и четворица индиски државјани депортирани од САД пристигнаа во Амритсар во индиската сојузна држава Панџаб со воен транспортер што летнал од Тексас. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индискиот премиер Нарендра Моди прифатил индиските државјани што нелегално пристигнале во САД, вкупно околу 18.000, да бидат депортирани со воени авиони. На воениот дел од аеродромот во Армитсар веќе биле поставени посебни центри за регистрација ...
Украинската армија ќе формира единици составени од роботизирани борбени возила, што ќе ги испраќа во битка, најави денеска министерот за одбрана Рустем Умеров, пренесe Киев Индипендет. Украинското Министерство за одбрана, на својот канал Телеграм објави фотографии од роботизираните возила со монтирани митралези. Возилата без екипаж, особено беспилотните летала, станаа клучно оружје во војната со Русија, што започна во 2022 година. Сега двете ...
Которчанецот Жељко Бојаниќ, жителите на Никшиќ Радоје Жути Живковиќ и Здравко Перуновиќ се осудени на доживотен затвор во Турција, а истата казна им е изречена на директните извршители на убиството на Јован Вукотиќ – Јакуб Доган и Емирџан Сумер. Поранешниот апсолутен водач на кланот Шкаљарскиот клан, которчанецот Јован Вукотиќ, беше убиен во Турција на 8 септември 2022 година, објави Вјести. Бојаниќ, Живковиќ и Перуновиќ наводно се високи ...
На социјалните мрежи оваа недела стана вирално видео од двајца руски војници како јаваат коњи на калливо поле во Украина. Армијата од Втората светска војна во сета своја слава. Се враќаме во времето на Руската империја – комплетно со коњаница и регрутирање на припадници на националните малцинства како топовско месо. Овие војници се од Република Саха, регион неверојатно богат со природни ресурси. „Сепак, домородните народи Саха водат војна во ...
Управата за финансиска полиција (УФП) соопшти дека до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднела кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчески, кој е осомничен за четири кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата. Пријавата е и против сопственик на фирма од Скопје, за сторено кривично дело ...
Постои загриженост дека серијата земјотреси на грчкиот остров Санторини би можеле да ја најават ерупцијата на вулканот скриен под островот. Но, колкава е веројатноста за такво нешто? Санторини е „дете“ на поранешниот вулкан Тера, кој експлодирал и потонал околу 1620 година п.н.е. Тоа бил еден од најмоќните вулкански настани во историјата за кои знаеме, пишува „Дејли мејл“. Вулканска ерупција на Санторини – крајот на минојската цивилизација? ...
Премините под булеварот Александар Македонски со години се недопрени од Општина Гази Баба и од Град Скопје, оставени валкани, разурнати, смрдливи, а навечер дури и морбидни за минувачите поради недостигот на осветлување во вечерните часови. Во Скопје денеска постојат три подземи премини, од кои два се сместени во населбата Автокоманда. Премините се направени пред скоро половина век и теоретски, нивната улога за олеснување на траекторијата на ...
Најмалку 11 лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, и петмина се тешко повредени во масовно пукање во центар за образование за возрасни западно од Стокхолм, при што официјални лица предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми, пренесува Асошиејтед Прес. Официјалните лица изјавија дека три жени и двајца мажи, кои се со тешки повреди од огнено оружје, подлегнале на операција во Универзитетската болница Оребро. Сите биле во ранети, но ...
Предлогот на претседателот Доналд Трамп за тоа дека САД треба да ја „преземат“ Газа и трајно да ги преселат Палестинците беше брзо одбиен и осуден од сојузниците и противниците на САД, пренесува Асошиејтед Прес. Предлогот на Трамп беше изнесен на конференција за новинарите во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, кој се насмевнуваше неколку пати додека претседателот го детализираше планот за изградба на нови населби за ...
Администрацијата на Трамп во вторникот соопшти дека ќе ги повлече речиси сите вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) со што речиси ќе стави крај на шестдецениската мисија за зајакнување на американската безбедност преку борба против гладот, финансирање на образованието и справување со епидемии, пренесува Асошиејтед Прес. Администрацијата ги извести сите вработени на УСАИД преку е-пошта, и известување објавено онлајн на ...
Поштенската служба на САД (USPS) денес соопшти дека ќе бидат суспендирани сите пратки кои доаѓаат од Кина и Хонг Конг. Но по само неколку часа, изјавено беше дека ќе продолжат со прифаќање на влезни пратки и пакети од Кина и Хонг Конг, пренесува Си-Ен-Би-Си. „USPS и Царинската и граничната заштита работат заедно за да имплементираат ефикасен механизам за наплата на новите царини за Кина, со цел да се минимизираат прекините во испораката на ...
Ако сведочиме на конечниот залез на либералниот меѓународен поредок, кои се тогаш алтернативите за уредување на светот во иднина? Можна ли е монархистичка реставрација насекаде, како што посакува рускиот идеолог Дугин? Зошто европските авторитарни лидери од крајната десница гледаат далеку на Исток? Има ли либералниот капитализам вакцина против заканите по демократското уредување на општеството? Пишува: Стојан Синадинов Унгарскиот премиер Виктор ...
Озбек Ајваз е млад и креативен скулптор кој во старото железо гледа нова уметност. Наместо да дозволи металниот отпад да заврши заборавен, тој му дава нов живот преку своите уникатни скулптури. Неговите дела не се само визуелно впечатливи, туку носат и силна порака за одржливост и еколошка свест. Започнал уште во студентските денови, експериментирајќи со метал што го наоѓал насекаде низ Скопје. Од првата скулптура создадена од собрани материјали ...
Денеска Работниците на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП), граѓаните и студентите тргнаа на заеднички протестен марш од депото на претпријатието во белградската населба Дорќол кона градското Собрание, каде што ќе им ги предадат своите четири барања на градските власти, пренесува ТВ Н1. Работниците на ГСП бараат од градоначалникот на Белград, претседателот на Собранието на градот и в.д. секретарот на Секретаријатот за јавен превоз да ги ...
Кривични пријави добиле четири лица зашто фалсификувале исправи, за да платат помали увозни давачки при увоз на глисери и едно возило, со што нанеле штета на буџетот од 143.453 денари, соопшти Царинската управа. Освен тоа, инспекторите уште во еден случај утврдиле грубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за внес на товарно моторно возило во државата, при што за истото е избегнато плаќање увозни ...