Уставниот суд утврди дека на пратеникот Сали Мурати му е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата и правото на политичкото дејствување на начин што од страна на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија не се проследени пратеничките прашања до Министерството за култура и туризам и министерот за внатрешни работи поднесени во писмена форма од страна на подносителот на барањето на 5 август 2024 година. Уставниот ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работна средба со претставници на Светска Банка, на која се разговараше за активностите поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира со поддршка на Светска Банка. Проектот опфаќа три компоненти: промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги; проширување на пристапот и подобрување на ...

Општина Центар информира дека општинските служби денеска ги исчистија улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев. Чистењето на улиците и јавните површини на територија на централното градско подрачје е клучно за квалитетот на живот на нашите граѓани. „Интензивно работиме на чистење на јавните површини во Центар. Службите на општината денеска ги чистеа улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев во централното градско подрачје, вчера ја исчистија и ...

На 05.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон. При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ќе ги ...

Дритан Беџети, кадар од партијата Алтернатива на Африм Гаши, девет месеци ја извршувал функцијата директор на Фондот за ПИОМ без согласност на Влада, обвинија утрово од Левица преку соопштение. Според партијата, неговото, како што велат, (не)работење засега е проследено со две кривични пријави, додека извештајот на ДЗР потврдува основи за прекршочна и кривична одговорност од кадарот на Гаши. -Ревизорскиот извештај наведува именување на Беџети ...

Полициски службеници од Одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за крим-полиција и за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, вчера (05.02.) по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтиери. На средбата беше потврдена добрата континуирана соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи која се одвива во духот традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји. Во разговорот двете страни се осврнаа на моменталните проекти на соработка преку ИПА програмата во насока на ...

Министерот Владо Мисајловски денеска (5 февруари) во Министерство за одбрана се сретна со новоназначениот амбасадор на Италија, Паоло Палминтери и одбранбеното аташе, полковникот Кристијан Маргерити. Мисајловски му посака добредојде на амбасадорот Палминтери и му порача дека Министерството е целосно посветено на развојот на македонско – италијанската одбранбена соработка како соработка помеѓу две сојузнички земји во НАТО. „Високиот степен на ...

Според генералниот менаџер на „Костал Македонија”, германска компанија за производство на делови и на компоненти за автомобилската индустрија, не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси. Во најновото издание на подкастот ...

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска ја истакна важноста од воздржување од „секаква форма на етничко чистење“ на Палестинците во услови на прекин на огнот во Појасот Газа, јави Анадолија. Говорејќи на состанокот организиран од Комитетот на ОН за остварување на неотуѓивите права на палестинскиот народ, Гутереш рече дека тоа се однесува на правото на Палестинците „едноставно да живеат како луѓе во својата земја“. ...

ДУИ изрази загриженост за состојбата со застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана и Армијата на РСМ. Пратеникот Талат Џафери обвини за дискриминација, нагласувајќи дека Албанците се исклучени од клучни позиции и се деградираат искусни офицери. Според последните податоци, ниту еден Албанец не е поставен на важни позиции во министерството и армискиот врв, а многу Албанци се исфрлени од програми за едукација и унапредување. Џафери ...

Обвинителството се уште презема мерки и прибира докази за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вели дека казната треба да има одредена цел и влијание и јавниот обвинител во тој поглед ќе ги преземе сите дејствија на обезбедување на цврсти докази. Во конкретниов случај во поглед на лицето што го прегази девојчето, Коцевски вели дека тој се наоѓа во ...

Соработката меѓу НАТО и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и справувањето со заедничките предизвици, беа главни теми на средбата на заменичката генерална секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска со финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен, чија земја е и актуелен претседавач на ОБСЕ. Како што соопшти НАТО, на средбата Шекеринска ја поздравила одлуката на Валтонен Киев да биде нејзина прва дестинација за ...

Агенцијата за катастар на недвижности информира дека од денеска официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот. Со новата апликација се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен во реално ...

Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите ланци маркети, соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. – Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни ...

Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има „8 Септември“, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО). Владата размислува да ја реорганизира Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје во регионален центар и да ја паузира идејата за нов клинички центар, откри директорот на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), Сашо Клековски, презентирајќи ...

Од ССК бараат Владата и институциите да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат добавувачите да манипулираат со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените што би се направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) бара транспарентност и фер одредување на цените низ ...

Премиерот Мицкоски очекува преку дијалог производителите, дистрибуитерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите. Но, истовремено очекува преку дијалог ...

Оваа тема, реформите во правосудството, бара надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат. Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил ...

Судот во Стара Загора осуди 47-годишен возач на 18 месеци затвор поради управување на возило со 3,04 промили алкохол во крвта, соопшти судскиот прес-центар. Осудениот, идентификуван со иницијалите Б.Е., призна вина и ќе плати казна од 500 лева (околу 250 евра), како и 2.120 лева – вредноста на возилото со кое управувал во алкохолизирана состојба. Прекршокот се случил на 20 октомври минатата година во општина Опан. Алкотестот „Дрегер 7510“ ...

Бугарија целосно спровела само седум од 28-те препораки на Групата држави против корупцијата (GRECO) при Советот на Европа, се наведува во првиот извештај за усогласеноста на земјата со препораките дадени пред три години за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот во власта и полицијата. Според извештајот, 11 препораки се делумно спроведени, а 10 остануваат неисполнети, пренесува БТА. Иако се преземени законски и политички ...

Силен земјотрес е регистриран меѓу островите Санторини и Аморгос по неколку дена континуирани потреси во оваа област. Поради стравувањата од голем земјотрес, на што предупредуваат грчките власти, повеќе од 11.000 луѓе веќе го напуштија Санторини, од кои 7.000 со траект, а 4.000 со авион. Синоќешниот земјотрес имал јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, со што е најсилен откако почнаа тресењата во морето пред неколку дена. Се случил на ...

Изминатата ноќ на грчкиот остров Санторини беше најтешка во последните неколку дена бидејќи околу 20 земјотреси со јачина над четири степени според Рихтеровата скала ја потресоа областа од еден часот по полноќ. Последниот голем земјотрес е регистриран во 07.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,5 степени. Силен земјотрес (4,8 степени според Рихтеровата скала) ја погоди областа Санторини во 05:51 часот. Земјотресите ...

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа на друго место, неговиот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и отпуштањата на федералните службеници се меѓу главните моменти во западниот печат. Додека седеше до претседателот Трамп во вторникот, Нетанјаху носеше насмевка на лицето што ретко се гледаше за време на претходната администрација, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“. ...

Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба. Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми. „Неколку училишта во Загреб добија дојави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, ...

Секој нов закон кој ќе овозможи Собранието да разрешува членови на Судски совет ќе донесе политичко влијание во ова тело, смета првиот човек на советот Александар Камбовски. Вакви слични пракси со негативно искуство како што посочи, имало и во изминативе 3 децении. И ние сме дел од работната група за промена на законот, но сме изречито против законодавната власт да може да менува наши членови, Во однос на судските реформи, Камбовски најави дека ...

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче по најавите на премиерот Христијан Мицкоски за иницијативата за гласање интерпелација на членовите на ...

Работниците на велешка „Колска“ излегоа на предупредувачки протест пред влезната капија на фабриката и истакнаа дека доколку до петок не добијат декемвриска плата и К-15 во спротивно ќе има блокада на железничкиот превоз во понеделник. Педесетина работници, утрово, пред влезната капија на фабриката застанаа за да побараат декемвриска плата, платени придонеси и регрес за годишен одмор за двете изминати години коишто законски им следува но никако ...

На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен ...

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава на инцидент, кој се случил вчера во операциона сала во Клиничката болница во Штип. Како што дознаваме, се работи за двајца доктори, кои оперирале на двајца различни пациенти. -На 05.02.2025 во 12.45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, соопшти СВР. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
29%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
43%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
43%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
25%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.32
18%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
52%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
26%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
30%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
25%
1011
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
8.75
40%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1014
Currency

61.525

Currency

53.6698

Currency

71.9019

Currency

34.4218

Currency

38.6408

Currency

65.2709

Currency

7.38335

Currency

0.67526

Currency

0.36442

Currency

0.52469

Currency

1.33664

Currency

0.61478

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61