„Мицкоски, „како инженер“, ни соопшти дека дата-центрите биле „новата нафта“ и дека Македонија морала меѓу првите да го јава бранот. Проблемот е што држава не се води со фрази од технолошки конференции. Особено не држава која сè уште нема обезбедено ниту енергетска самостојност, стабилна инфраструктура и гаранции дека нејзините природни ресурси нема да станат евтина суровина за туѓ приватен профит“, велат од партијата Левица. „Кога една ...

Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце. „Денес не ...

Македонија продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, а нашите репрезентативи досега освоија вкупно пет медали. По трите одличја освоени од македонските борачи, нова бронза за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ, додека боксерот Ален Рустемовски со фантастичен настап се пласираше во полуфиналето и веќе има загарантирано најмалку бронзен медал. Вероника Консевиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 57 ...

Италијанецот Лука Марини ќе ја продолжи својата кариера во тимот „Teh3“, со кој потпиша двегодишен договор, потврди францускиот тим. Преминувањето на Марини во „Tech3“ беше познато со недели, но потврдата дојде дури пред Големата награда на Арагон оваа недела. Интересно е што помладиот брат на Валентино Роси речиси остана без ангажман во кралската класа, бидејќи немаше место во Хонда и првично не беше разгледуван од „Teh3“. Сè се промени ...

Не секој знак добива две децении среќа, а три од нив влегуваат во фаза во која парите, љубовта и успехот радикално се менуваат. Прочитајте кои се тие. Постојат периоди што траат две недели и оние што оставаат трага со години, а 20 години среќа спаѓаат во оваа втора група. Три хороскопски знаци влегуваат во фаза што може да го промени начинот на кој гледаат на парите, љубовта и сопствениот живот. Овој период не е само за парите. Заедно со ...

„Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар. Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо. Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот“, кажа Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ...

„Денес и официјално ги започнуваме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце, една од најзначајните инфраструктурни артерии за поврзување на Северна Македонија со Косово“, извести Влен. „Повеќе од една деценија, овој автопат беше повеќе политичко ветување отколку конкретна реалност. Редовно служеше како изборен аргумент; неколкупати беше „пресечена лентата“ за почеток на работите, многупати беше предвидуван во државниот буџет, ...

Доколку сакате промена во вашата фризура, но не сакате драстично шишање или сосема нова боја, постои тренд кој би можел да биде совршен избор за вас. Светот на убавината и модата го освои tortoiseshell коса, односно боја која носи топлина, сјај и мултидимензионален изглед кој изгледа природно, а воедно привлекува и внимание. Tortoiseshell ефектот вклучува мешање на топли тонови како темно чоколадо, карамела, мед, килибарни и бронзени ...

Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги чинат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот, праша Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба од СДСМ. „Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на ...

Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. „Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: Фонтаната во населбата Бардовци; Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; Фонтаната на плоштадот Делфина ...

Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка. „Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој ...

Геенералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати јавен повик до Апелациониот суд да постапи во „Талир 2“ и рече дека случајот не смее да заврши со спас на Никола Груевски. „Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за ...

Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. „Нашата обврска не е само да ја санираме ...

Њукасл Јунајтед го договори трансферот на Нико Гонзалез од Манчестер Сити вреден 60 милиони евра Шпанскиот играч за врска (24) пристигна во Сити од Порто, но по само 18 месеци се најде надвор од сериозните планови на клубот. Ова лето, Сити го донесе Ајуб Буади од Лил за 100 милиони евра, додека потрошија 135 милиони за Елиот Андерсон. Гонзалез претходно изјави дека не сака да го напушти „Етихад“, но се премисли откако доби гаранции дека ќе ...

Извори блиски до Том Круз откриваат за „Дејли меил“ дека актерот сака трајна врска, но дека снимањето филмови е на прво место и дека тој останува длабоко посветен на саентологијата. Актерот Том Круз можеби е една од најголемите филмски ѕвезди во светот, мултимилионер и едно од најпрепознатливите лица во Холивуд, но според луѓе блиски до него, постои еден дел од неговиот живот кој останува фрустрирачки нерешен – љубовта. Извори блиски до ...

Кајли Џенер отворено проговори за тоа дали планира да има деца со актерот Тимоти Шаламет, со кого е во врска три години, и го откри своето мислење за сурогат мајчинството. Таа е мајка на осумгодишната Сторми и четиригодишната Еир, кои ги доби со нејзиниот поранешен партнер, раперот Травис Скот. Во интервју со пријателката Ирис Палмер во ријалити серијата на Клое Кардашијан „Девојките“, Џенер откри дека трето дете засега не е во плановите. ...

Викторија Бекам ги ужива последните денови од летото со своите најблиски, а сега позираше со ќерката Харпер. Модната дизајнерка Викторија Бекам (52) викендов објави фотографии од патувањето што го направи со ќерката Харпер (15). Двете изгледаа речиси идентично во своите стилски комбинации. На фотографијата што ја објави Харпер, а која подоцна ја сподели и поранешната членка на „Спајс Грлс“, Викторија позираше во смел беж фустан со длабок ...

Словачката полиција спречи обид за палење на фабрика на украинскиот производител на дронови „Скајетон“, која се наоѓа на истокот од земјата. Полицијата вчера објави детали за операцијата со кодно име „Дрон“, според украинскиот портал Militarii. Претставник на „Скајетон“ изјави дека Русија редовно се обидува да напаѓа компании кои работат за Украина. „Русите систематски се обидуваат да ги таргетираат нашите производствени погони во Украина, ...

Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни. „Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен ...

Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две ...

Здружението на професионални фудбалери на Англија, во вторникот вечерта, ги додели наградите на најдобрите од претходната сезона. Најдобар играч е Бруно Фернандес, додека наградата за најдобра кај дамите ја освои Каџа Шо. Бруно Фернандес е првиот играч на Манчестер Јунајтед кој ја добива наградата, за која одлучуваат колегите играчи, од 2010 година, кога Вејн Руни беше лауреат. Што се однесува до Каџа Шо од Манчестер Сити, таа ја освои оваа ...

Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“, велат од Левица. „Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а ...

Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ. „Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува ...

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари го нападна Хулијан Алварез за начинот на кој се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Аргентинецот јасно ја изрази својата желба да оди во Барселона ова лето, но Атлетико одби да го пушти, а целата ситуација стана уште покомплицирана откако навивачите го исвиркаа на натпреварот против Виљареал. „Тој и неговите менаџери се идиоти. Како можете да кажете „Сакам да го напуштам клубот“? Дали е ...

Габриел Мартинели го напушта Арсенал и ја продолжува кариерата во Саудиски Ал-Хилал. Според информациите на италијанскиот новинар Алфредо Педула, клубовите се договориле за трансфер вреден 59 милиони евра, што е воедно и најскапата продажба во историјата на Арсенал. Бразилецот веќе е во Ријад, каде што треба да помине лекарски прегледи и да го потпише договорот. Статусот на Мартинели во Лондон се промени за време на летниот преоден рок. ...

Иванка Трамп и нејзиното семејство заминаа на нов одмор, каде што уживаат во своето омилено хоби, а снимките молскавично се проширија низ социјалните мрежи. Иванка Трамп (44), ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание со својот изглед, неодамна фасцинира и со своите спортски вештини. #IvankaTrump ha trascorso una giornata di surf in Costa Rica durante una vacanza con la famiglia, affrontando ...

Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, велат од СДСМ. „Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се ...

Челзи ќе ги предупреди своите навивачи за можни забрани за доаѓање на стадионот поради секташки скандирања од страна на некои навивачи за време на победата од 3:2 против Фулам. Раководството на клубот одлучи да реагира со писмо по инцидентот на натпреварот на градските ривали, пишува „Дејли Мејл“. За време на дербито на западен Лондон на стадионот „Крејвен Котиџ“, од трибината каде што се наоѓаа гостинските навивачи се слушна песната ...

Шпанската влада им се извини на жителите на Сеута за мигрантската криза што го погодува градот со недели и презентираше планови за реформа на законите за имиграција во земјата. „Сакам да им се извинам на сите што можеби се чувствувале или сè уште се чувствуваат напуштени или недоволно опслужени. Од прва рака ја видов вашата вознемиреност, вашите чувства на напуштеност и несигурност“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес пред ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ратклиф вчера остварил ненадејна и тајна посета на Москва, беше потврдено вчера. Тоа е неговото прво јавно познато патување во руската престолнина, а се случи во време кога САД се обидуваат да ги прекинат војните во Украина и Иран, и кога Вашингтон собира разузнавачки информации за руските подготовки за нова мобилизација и ја тестира решителноста на НАТО, пишува The Wall ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Платина

49319.25