На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека 13 август 2001 година не е само значаен датум во современата историја на Северна Македонија, туку момент кој го промени текот на државата и им даде можност на илјадници семејства повторно да размислуваат за иднината. Во својот говор, Ферати истакна дека некои денови остануваат запишани ...

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја кората, нежно притиснете го плодот и помирисајте го. Прво, обрнете внимание на изгледот. Квалитетниот домат не треба да има темни дамки, големи пукнатини или оштетувања. Ако кората е кашеста или плодот е видливо вдлабнат, подобро е да го прескокнете. Потоа нежно притиснете го со прстите. Добриот, зрел домат треба да ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува. „Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но ...

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак од Халкидики. „Хотелиерите на Халкидики и Солун, во соработка со Министерството за туризам и цивилна заштита, ја активираа платформата на Грчката хотелска комора за сместување на сите погодени од пожарот. Колегите можат да објават колку празни соби има во моментов за сместување на оние на кои им е потребна помош“, нагласи ...

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето во нуклеарната централа Пакш, изјави денес премиерот Петер Маѓар. „Започнавме со изградба на ниска брана што трајно ќе придонесе за зголемување на нивото на водата на Дунав“, изјави Маѓар за новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта. Само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата сè ...

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар и дека изгубиле сè. Парот успеал да спаси само едно од нивните кучиња. Тие рекле дека се во шок од загубата и од глетката како исчезнува сè што создале за неколку моменти. View this post on Instagram A post shared by ΤΑ ΝΕΑ (@tanea.gr) фото/ЕПА Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил ...

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија на „Speedrunner Jet“, објавија грчките медиуми откако овој дел на Грција беше зафатен со големи пожари. Вкупно, во операцијата учествуваат два брода на крајбрежната стража, приватни бродови, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови и еден туристички брод. Покрај по воден пат, туристите и жителите се ...

ВЛЕН изрази сочуство за смртта на директорот на телевизија Алсат, Лирим Хајредини. „Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на ...

Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации ...

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега, прашуваат од ВЛЕН. „Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам ...

СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места, изјави Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција. Таа посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата. ...

Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната. Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина која последен пат била видена вчера околу ...

По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, ...

На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата ...

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи. „Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на ...

Голем пожар избувна денеска во областа на Сивири и Фурка на алкидики, а поради брзото ширење на огнот грчките власти издадоа повеќе пораки преку системот 112 за евакуација на населението и посетителите. Пожарот избувнал во ниска вегетација, но силниот ветер придонел за негово брзо ширење. Според најновите информации од грчките медиуми, пламените јазици стигнале до првите куќи во Сивири, а има и информации за изгорени објекти. View this post ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека е сериозно загрижена поради поднесувањето „политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука“. Реакцијата следи откако претдхоно денес Обвинителството покрена обвинение против 8 лица за случајот со злоупотреби во Државна лотарија, меѓу кои и за екс-вицепремиерот од редовите на Интегративците, Артан Груби. „По две години истрага, јавноста заслужува да ...

Едукативниот ден е дел од подготовките на македонската делегација за настапот на најголемиот медитерански спортски собир, кој ќе се одржи од 21 август до 3 септември во Таранто, со цел спортистите да добијат дополнителни знаења за полесно справување со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, ...

Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината Кожуф, додека Д.Т. (62) од Кавадарци, вработен во Шумско стопанство Гевгелија, сечел дрва, едно од дрвјата паднало врз него. Од здобиените повреди тој починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината ...

Шеесет и петгодишен работник од Скопје загина во несреќа на работното место во општина Аеродром. Случајот бил пријавен вчера околу 12:25 часот во полицијата од екипа на Итната медицинска помош, од каде било известено дека во круг на фирма има починато лице. Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. За случајот биле известени јавен обвинител и трудов ...

Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал. Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба. При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. А.З. бил ...

Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, кај Пештани, бил извлечен давеник. Екипа на Итната медицинска помош констатирала дека лицето починало, при што немало видливи повреди. Утврдено е дека станува збор за Б.Д. (46) од Грузија. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице. Со картичката, преку интернет апликација, таа извршила 47 трансакции во вкупна ...

Скопското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби, со барање за продолжување на куќниот притвор како второобвинет за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинението е поднесено против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. „Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања ...

Пожар избувна денеска во Сивири, на Касандра во Халкидики, поради што грчките власти издадоа предупредување преку системот 112 за оддалечување на населението и посетителите од подрачјето. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) „Шумски пожар во вашето подрачје. Доколку се наоѓате во Сивири, Халкидики, оддалечете се кон Мола Калива и следете ги упатствата на надлежните“, стои во пораката на ...

Документацијата за ширењето на лажната порака дека водата во скопскиот водовод е загадена со бактеријата ешерихија коли, која Јавното претпријатие „Водовод и канализација- Скопје“ ја предаде во полиција, е за две лица. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека тоа се податоците, заедно со докази, до кои успеало да дојде јавното претпријатие, но очекуваат полицијата да пронајде повеќе лица. „Пријавата е за две лица. ’Водовод и канализација’ ...

Капацитетот на турските аеродроми во последните 24 години пораснал од 55 милиони на речиси 400 милиони патници годишно, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Бројот на активни аеродроми е зголемен од 26 на 58, а бројот на патници годишно до крајот на 2025 година достигнал 247,1 милион, наспроти околу 34 милиони во 2002 година. Турција денес реализира повеќе од 2,5 милиони летови годишно кон 356 ...

Вчера бил најтежок ден од почетокот на сезоната на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот биле изгаснати 46 пожари, додека шест останале активни и денеска. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари. Еден од најтешките пожари е во близина на Прилеп, покрај патот кон Битола. Иако пожарот се шири во ...

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Христијан Мицкоски порача дека документот е дел од поновата историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Мицкоски оцени дека кон Рамковниот договор треба да се гледа со зрелост, почит кон различните ставови во општеството и одговорност кон иднината. „Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. ...

Со свечена седница во Владата денеска беше одбележана 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, при што претставници на Владата порачаа дека договорот е историско достигнување, но и обврска за градење стабилна, еднаква и просперитетна држава. Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оцени дека договорот го ставил крајот на конфликтот од 2001 година и воспоставил нов пристап во функционирањето на државата, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
46%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.7
44%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
41%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
50%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
54%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
38%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
44%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
53%
1015
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Алуминиум

3.25

Платина

56103.05

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Цинк

0.00

Сребро

2080.30

Злато

140678.81

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Бакар

13.28

Паладиум

41731.67