Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во текот на вчерашниот ден се случи непријатен инцидент. Првите двајца пожарникари коишто пристигнаа со помало противпожарно возило кај објект, штала, во којашто се чувала поголема количина тутун, во близина на Прилеп, биле нападнати од сопственикот, информираше Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што објасни Ангелов, сопственикот нервозно се приближил до пожарникарите и со буткање во пределот на градите, ги отстранувал и спречувал ...
Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот на анимирање на филмот „Лефти и Рајти си најдоа дом”. Посетата имаше за цел да ја покаже континуираната поддршка на Агенцијата за филм во создавањето на содржини наменети за деца. Ликовите и позадините го добија својот финален изглед, а актерите веќе им ги позајмија своите гласови. Готов е и аниматикот, односно ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со ...
На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што информираше денеска директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија. Директорот додаде дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со ...
Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Како што информираат од Фондот, станува збор за лек од особено значење за пациентите со ...
Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...
Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13 август во 19 часот во СВР Скопје, 45-годишниот М.Г. од Скопје пријавил дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Полицијата постапува по пријава ...
Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот не обезбедува доволно правни гаранции при проверката на возраста и заштитата на слободата на изразување. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно ја поддржуваше забраната и сакаше таа да стапи во сила уште со почетокот на новата учебна година. Уставниот совет не оцени дека самата граница од ...
Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија откако претходно денес беше соопштено дека водата е безбедна за пиење. „Власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете. Според информациите од полицијата, на 14 јуни во Тетово, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената на улица со нивното тримесечно бебе. Потоа, првопријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на ...
Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во болница, а седум се во тешка состојба. Снимките направени од морето покажуваат каква ...
Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...
Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов соопшти дека во примероците вода за пиење земени од седум мерни места во Гостивар и околината, како и во изворот Вруток не се најдени бактерии и од денес водата може да се користи за пиење. Тој кажа дека водата ...
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село Колари. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 7:50 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д.К. од Скопје, и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Л.К. од ...
Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен скопјанец. Од МВР информираат дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С. на 13 август во 13:45 часот. Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека О.С. во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за царинската документација ...
Петнаесетгодишник од Охрид е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Ј. од село Калишта, Струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата ...
Големиот пожар што синоќа во текот на вечерта избувна во Локва Рогозница, во текот на ноќта се прошири кон Омиш, Хрватска, и ги зафати подрачјата над самиот град, стигнувајќи во близина на центарот. Огнот загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани. Од теренот пристигнуваат снимки од голема материјална штета, изгорени автомобили и објекти. Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле ...
Барселона подготвува алтернативни решенија во нападот, откако трансферот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид станува сè потежок за реализација. Според наводите, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го сака Жорж Микаутадзе како опција за нападот, бидејќи смета дека обесштетувањето од 60 милиони евра е превисоко. Германскиот стратег наводно бара подостапен напаѓач кој би прифатил улога во ротацијата, а една од опциите е Луис Суарез од ...
Се чувствувате старо? Момчето од спотот за „Бејби шарк“ денес има 17 години и се обидува да изгради музичка кариера. Парк Геон-рунг имал само шест години кога во 2016 година се појавил во спотот за „Бејби шарк денс“. Видеото во меѓувреме надминало 17 милијарди прегледи на „Јутуб“ и станало најгледаното видео на платформата. Десет години подоцна, Геон-рунг се враќа на сцената под името „Бејби шарк бој“. Во соработка со „Д пинкфонг компани“, ...
Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме ...
Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски . Во Центарот ...
Речиси 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, додека големиот пожар беснеел на подрачјето на Омиш и Макарска. Според хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура, голем број луѓе, во страв од огнот, се засолниле во морето и на пловила. Акцијата за спасување започнала во 23:40 часот. Во спасувањето учествувале сите расположливи пловила на Капетанијата на пристаништата ...
Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, според првично изнесените информации на прес-конференцијата. Кај најтешко ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагира на кривичната пријава што СДСМ денеска ја поднесе против него и против полициски службеници од СВР Струмица, поврзана со објавувањето податоци за лицата вклучени во инцидентот во Ново Село. Манасиевски вели дека во реакцијата на СДСМ има една многу важна работа, а тоа е што партијата не ги демантира информациите што тој ги објавил. „СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што ...
„Skopje is calling!“ – со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Повеќе од 3.000 врвни танчери од 26 европски земји ќе настапат во Спортскиот центар „Борис ...
Полските власти спречиле руски план за убиство на американски државјанин од украинско потекло во Варшава, изјави полскиот премиер, Доналд Туск. Според него, ова е прв познат случај во кој Русија се обидела да изврши напад врз американски државјанин на територијата на друга членка на НАТО. Осомничениот, за кого се наведува дека бил регрутиран од руските тајни служби, е уапсен на 7 август и ќе остане во притвор три месеци. Туск рече дека ...
Американскиот Стејт департмент го задржа второто ниво на безбедносно предупредување за патување во Германија, со совет до американските граѓани да бидат „особено внимателни“. Главната причина за предупредувањето е зголемената опасност од тероризам. Во препораката се наведува дека терористички групи и поединци претставуваат постојана закана во Германија и Европа, а нападите може да се случат без најава или со многу кратко предупредување. ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...