Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст – додека тие зборуваат за „колапс“, растат индустријата, извозот и капиталните инвестиции, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат да создадат слика дека македонската економија е во криза, мешајќи го нивото на цените со инфлацијата и номиналните со реалните показатели. Официјалните бројки покажуваат нешто сосема друго. ...
„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа“, велат од СДСМ. „Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар. Граѓаните од цела ...
Европскиот шампион Пари Сен Жермен и победникот на Лигата на Европа, Астон Вила, ќе се борат за трофејот од Суперкупот на УЕФА. Кој ќе биде поуспешен од двајцата големи шпански тренери – Луис Енрике или Унаи Емери? Купот го бранат ПСЖ. Натпреварот ќе се игра во Салцбург од 21:00 часот. Ова ќе биде 51-во издание на Суперкупот на УЕФА, а европските шампиони досега беа поуспешни. Односот е 30:20 во победи. ПСЖ предводени од Луис Енрике сакаат ...
Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ за прв пат во Белград, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот, пишува „Политико“. Одговорот од Косово пристигна речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис ...
„СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. „Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за ...
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, реагираат од Влен на соопштението на ДУИ. Велат дека Недим Рама го пријавил својот имот, а дека ДУИ се крие зад соопштенија составени од ...
„Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на ...
Доаѓаат затемнување на сонцето и метеорски дожд кои сериозно би можеле да ја потресат нашата рутина, а еве како астролозите го толкуваат овој небесен хаос. На 12 август 2026 година нè очекуваат затемнување на сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди, а според астролошките толкувања, овие небесни феномени би можеле да донесат промени и интересни настани за секој хороскопски знак. Затемнувањата и метеорските дождови често го привлекуваат ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и ...
„Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој гарантира ...
Епидемија на западнонилска треска е прогласена во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери. Од вирусот досега се заболени 26 лица, а еден пациент починал. Од Министерството за здравство велат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска. Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, ...
„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „За жал, ...
Еден од најдобрите фудбалери на 21 век, Кристијано Роналдо, се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез. Двојката ја круниса својата 10-годишна врска со брак. Свадбената церемонија се одржа во Каскаис во близина на Лисабон. А голгетерот на Ал Насра објави слика на својот Инстаграм, на која се гледаат две раце со венчални прстени. За само половина час, сликата доби дури три милиони лајкови. Двојката се запознала пред 10 години во ...
Едно лице загина, а 172 беа спасени откако избувна пожар на ферибот што пловеше од Бали рано во среда. Несреќата се случи во морето покрај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште ја пребаруваат областа за евентуално исчезнати лица, објави Ројтерс. Спасувачка операција Фериботот КМ Путри Јасмин исплови од пристаништето Падангбаи на Бали кон пристаништето Лембар во Ломбок. Според Мухамед Харијади, раководител на локалната служба за ...
Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе отпатувале во Шпанија за да го набљудуваат целосното затемнување на сонцето денес, а хотелите во таа земја објавија дека патници од многу земји од светот го резервирале својот смештај неколку месеци однапред. Се очекува дека повеќе од 300.000 од нив ќе се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да го бараат најдоброто место за набљудување на затемнувањето на сонцето, а ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и две помали канцеларии. Со реализацијата ...
УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. УХМР за наредните денови најави пороен ...
Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда, објавија српските медиуми. Станковиќ поднел оставка по елиминацијата од Хапоел Бер Шева и се збогувал со играчите во соблекувалната, со што практично ставил крај на неговиот втор мандат на црвено-белата клупа. Црвена Звезда објави непосредно пред полноќ, а во текот на денот по состанокот на Управниот одбор на клубот, а се очекува одлуката на Станковиќ да биде потврдена на тој состанок. На ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, објавува Euronews. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. ...
Европската Унија ќе испрати два милиони евра помош за Колумбија за да ѝ помогне да се опорави од катастрофалниот земјотрес што ја погоди јужноамериканската земја во неделата. Ова го објави во вторник претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Euronews. Одговорот на Европската Унија „Додека операциите за пребарување и спасување се во тек, ЕУ ја поддржува Колумбија со сите расположиви ресурси“, рече фон дер Лајен. ...
„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или ...
Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните ...
Откако потпиша за Челзи, Пеп Чаварија беше претставен во специјално видео во кое пие кафе. 🎥 Pep Chavarría's welcome video featuring Alonso's Cafe. (Source: @ChelseaFC) pic.twitter.com/SdBSfdv9Mr https://t.co/10qIL76xMs — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2026 Челзи го донесе Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, а шпанскиот лев бек потпиша договор до 2031 година. Лондонскиот клуб ќе му плати околу 19 милиони евра. Чаварија има 28 ...
Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес (26). Еден од хероите на Светското првенство на Шпанија сега е на еден чекор од заминување во Париз, а договорот вреди вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се согласија за клучните услови по интензивните преговори, пишува Catalan Sport. Преговорите не беа лесни. ПСЖ прво ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус десет милиони бонуси, но ...
Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој е во сериозни финансиски проблеми. Информацијата ја објави францускиот L’Équipe, а доаѓа во време кога иднината на клубот од Кнежевството е целосно неизвесна. Монако минува низ една од најтешките финансиски кризи во својата историја. Долговите беа проценети на 24 милиони евра во јуни, а клубот веќе се ...
Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и покажа завидна фигура. Латинската дива, која го прослави својот 57-ми роденден во јули, блескаше во стариот холивудски стил на фотографиите. Посебен акцент стави на затегнатиот стомак, додека целиот стајлинг го комплетираше со очила за сонце и елегантна бела квадратна чанта. Лопез објави и полароидна фотографија на која ...
Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од, како што велат, сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. „Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на ...