Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
На 24.08.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснење на пожар во атар на село Арматуш и село Мегленци, општина Новаци, биле пронајдени две гранати. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на 25.08.2026 и било констатирано дека се работи за две артилериски гранати со калибар од 155 мм, односно 75 мм кои потекнуваат од Првата светска војна. На 24.08.2026 ...
Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 21-годишниот Б.О. од Чашка. Според пријавеното на очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полициски службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање ...
Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, 49-годишниот С.С. од Скопје, пријавил дека, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Според пријавеното, претходно лицето се обидело да влезе небезбедно во автобусот, односно додека бил во движење на булевар, но тој не застанал со автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ),Симонида Кацарска на која се дискутираше за актуелните реформи во правосудството и законските решенија кои произлегуваат од Реформската агенда и Поглавјето 23. Беше истакната важноста од отворен дијалог и вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето и спроведувањето на реформите, како и спроведувањето на Секторската развојна ...
Вчера во 09:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Пирок, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген ап“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од село Пирок и трактор со тетовски регистарски ознаки управуван од Џ.А.(54) од село Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило ...
Вчера во 18:00 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода 23-годишниот А.Ѓ. од Пробиштип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, мобилен телефон и парични средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. Вчера во 18:00 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го ...
Вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е ...
Во моментот имаме 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, извести денес министерот за здравство Сашо Клековски. Од нив 50 се потврдени случаи, три се сомнителни случаи хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. „Од овој вкупен број на 53, 52 се со невроинвазивна форма. Еден е без невроинвазивна форма и тој е меѓу оние што се сметаат за излекувани и отпуштени. Од овие 52 со невроинвазивна форма, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното ...
Ливерпул најверојатно ќе се откаже од Јакуба Минте од Брајтон, откако „галебите“ ја одбија втората понуда од „Енфилд“ од 70.000.000 евра, тврдат медиумите на островот. Гигантот од „Енфилд“ мора да се засили на позицијата крилен напаѓач, па ќе ги фрли сите карти на крајот од преодниот рок за да ги доведе Бредли Баркола и Ибрахима Ембаје од Пари Сен Жермен. Баркола е сè уште приоритет на Ливерпул, а „Лекип“ пишува дека ПСЖ го држи францускиот ...
Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината. Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во ...
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти. Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем. Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да го продаде ова лето. Делап се мачеше минатата сезона прво со повреда на ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра. „Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава“, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на ...
„Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, кажа Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и ...
Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на мароканскиот вундеркинд Ајуб Буади. Лил доби 95.000.000 евра за фиксниот дел од компензацијата, а може да добие уште 5.000.000 преку бонуси. Мароканецот пристигнува за да пополни една од дупките создадени со заминувањата на Родри, Рејндерс и Гонзалез. Мароканецот има само 18 години и потпиша договор до 2031 година. Тој е второто големо засилување за Манчестер Сити откако Елиот Андерсон ...
Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...
„Добредојдовте на еден проект којшто за сите нас е историски — проект којшто во вистинска смисла на зборот историски, изминативе повеќе од две децении ни беше претставуван дека само што не почнал да се реализира. Но, еве, денеска сите сме овде сведоци на почетокот на реализацијата на овој проект, нешто што оваа Влада го имаше како свој приоритет пред некои 25-26 месеци кога беше избрана во македонското Собрание“, кажа премиерот Христијан ...
Американскиот рапер Еминем се збогува со Доли Партон во емотивна објава на социјалните мрежи, споделувајќи писмо што легендарната кантри пејачка му го испратила по повод неговото приклучување во Рокенрол куќата на славните. Еминем призна дека никогаш немал можност да ја запознае Доли лично, но нејзината порака оставила силен впечаток врз него. „Жал ми е што никогаш не се сретнавме, но кога ја добив оваа порака од Доли, навистина ме погоди. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, со Орден на слободата на Украина, што е објавено со претседателски декрет. Киев, исто така, бара согласност од Маск да го користи Starlink на дроновите што делуваат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и Соединетите ...
Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч ...
СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека цените достигнале високи нивоа. „СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во ...
Перењето завеси често завршува со истиот проблем – наместо чисти и прави, тие излегуваат од машината изгужвани, што значи долга сесија на пеглање. Сепак, постои едноставен трик што може да им помогне на завесите да се гужваат помалку за време на перењето. Обичен бел алкохолен оцет може да се користи наместо омекнувач за одредени видови ткаенини. Околу 100 милилитри се истураат во преградата наменета за омекнувач. Оцетот може да помогне во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес се одржува на 26 и 27 август во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна ...
Продолжуваме со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред во Општина Аеродром. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, извести градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески. „Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно ...
Вчера во 17:00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско. При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис. Додека, при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното ...
Демократската обнова на Македонија (ДОМ) бара санацијата и обновата на опожарените шуми да бидат прва обврска по секој пожар — со јасна институционална одговорност, стручни планови и целосна транспарентност — за да се оневозможи комерцијална сеча на опожарените дрва. Според партијата, пожарот на Китка, како и низата пожари низ Македонија, покажуваат дека одговорноста на државата мора да започне со стручна и транспарентна обнова на шумскиот ...
Едно од десет деца (10% од децата) на возраст од 12 до 17 години што користат интернет во Северна Македонија – околу 12.000 деца – биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологијата во една единствена година, според новиот извештај Disrupting harm (Спречување на штетата) во Северна Македонија, во кој се истакнува итната потреба од поцврсти системи за превенција, заштита и поддршка на децата. Сексуалната ...