Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава против А.Т., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, кој бил вработен како помлад полицаец во Полициската станица Центар при СВР Скопје, на 24 мај 2026 година околу 02:53 часот, во ...
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор. Во 12:00 часот во село Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од село Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а на 6 август околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачјето помеѓу селата ...
На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојувале двајцата со нивните пет малолетни деца. При увидот било констатирано дека во домот немало основни услови за живот и одгледување на ...
На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 7 ...
Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и нож. Со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од село Камењане. „По преземените мерки, на 8 август во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово бил лишен од слобода А.Р.(20). Пет минути подоцна, во 01:30 часот, во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од село Ново Село и А.Б.(23) од село Горно ...
Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје ...
Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид. „Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде ...
Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. С.Ѓ. бил однесен во полициска станица, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд-отсуство, соопшти МВР. По целосното документирање ...
Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички превоз. Шест патници се потешко, а 14 полесно повредени, дознава Хина од хрватското Министерство за здравство. Во патничкиот воз во моментот на судирот имало околу 20 патници. На терен се полицијата и итната медицинска помош. Пругата е затворена за сообраќај. Копривничко-крижевскиот жупан ...
Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале товарен воз на HŽ Cargo и патнички воз на HŽ Putnički prijevoz. Според последните информации од хрватското Министерство за здравство, повредени се 20 лица, од кои шест потешко, а 14 полесно. Во патничкиот воз во моментот на несреќата имало околу 20 патници. Во Општата болница во Бјеловар биле згрижени седум ...
СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во повеќе населени места ...
Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез изрази желба да замине ова лето, клубот е решен да го задржи во „Метрополитано“, пишува „Goal.com“. Барселона покажа најголем интерес за Алварез, а Реал Мадрид, Арсенал и Пари Сен Жермен беа споменати и како можни дестинации. „Ситуацијата е многу ...
Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова лето. Се споменуваше можноста за трансфер во Барселона, ...
Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во Белград, каде што украинскиот претседател престојува во прва официјална посета. Вучиќ порача дека Србија ја поддржува Повелбата на Обединетите нации и територијалниот интегритет на сите земји членки, вклучително и на Украина. „Што се однесува до нас, ќе продолжиме да водиме таква принципиелна политика и по ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, Вучиќ рече дека Србија и Украина не разговарале за каква било воена соработка, пренесе „Еуроњуз“. „Ние денес не разговаравме за каква било воена соработка. Што ќе биде кога ќе заврши војната, тоа е друга работа. А што се однесува до ...
Преговорите меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредли Баркола не напреднаа далеку. Вдпечаток е дека тие нема да бидат успешни. Ливерпул испрати понуда вредна 115 милиони евра, но Пари Сен Жермен бара 150 милион, без бонуси. „Скај Спорт“, објави дека двата клуба имале прелиминарни разговори за трансферот на Бредли Баркола, но дека разликата во износот на пари што Ливерпул е подготвен да го понуди и оној што го бара Пари Сен ...
Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус. Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи ...
Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, ...
Барселона и Ливерпул постигнаа договор за едногодишна позајмица на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо. Високиот стопер е член на Барса седум години, за „блауграна“ одигра над 200 натпревари во сите натпреварувања. Станува збор за играч кој официјално е капитен на каталонскиот клуб. Ливерпул ќе има опција да го откупи договорот на 27-годишниот стопер. Се веруваше дека Араухо ќе остане во Барса по исклучително тешката сезона во која ...
Британски „Телеграф“ објавуви бомбастична ексклузива под наслов „Љубовницата на Џани Инфантино платена со пари од УЕФА“. „Телеграф“ тврди дека добил докази дека пари од УЕФА и биле исплатени на наводната љубовница на Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на Европската фудбалска унија (УЕФА). Станува збор за шестцифрена сума. Неименуваната жена ги добила парите по наводна афера со Инфантина додека тој бил генерален секретар на ...
Социјалдемократскиот сојуз и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Ефимов. „Тој практично со ...
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се потсети на еден од најтешките порази во неговата кариера, елиминацијата од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Тој призна дека овој неуспех толку многу го погодил што почнал да се сомнева во сопствените способности. Ѓоковиќ пристигна во Рио како прв тенисер во светот и во моментот кога беше на врвот на својата кариера. Неколку недели ...
Социјалдемократската младина (СДММ) бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага поради, како што тврди, неовластено изнесување и објавување податоци од документи на Полициската станица Струмица, поврзани со настаните во Ново Село. На прес-конференција, Христијан Ефтимов од СДММ обвини дека ВМРО на прес-конференција објавило податоци од полициски документи до кои, според него, партијата немала право на пристап и кои се воделе како ...
Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. ...
Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денес положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован ...
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што се повредени шест лица, а повеќе од 50.000 објекти останаа без електрична енергија. Кина во меѓувреме затвори пристаништа и го прекина траектниот сообраќај во пресрет на очекуваното пристигнување на тајфунот на нејзиниот источен брег. Пет постари лица се повредени на Окинава, од кои три паднале поради силниот ветер, додека уште едно лице е повредено во префектурата ...
Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта – Сизрањ во Самарската област и Илски во Краснодарскиот крај. Во двата објекта избувнале пожари. Во рафинеријата во Сизрањ избувнал пожар од големи размери, откако локалните жители пријавиле десетина експлозии меѓу 3:50 и 4:30 часот. Над постројката се издигнал густ црн чад. ❗️Large-scale fire at the oil refinery in 🇷🇺Syzran. At least three hits on the plant. ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, велат од Влен преку соопштение. „На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето ...
Кај повеќе од 240 луѓе низ Европа годинава е потврдено дека се заразени со вирусот Западен Нил, според неделниот извештај што во петокот го објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека 139 случаи се регистрирани во Италија, а 61 во Грција. Другите случаи на зараза се регистрирани во Шпанија, каде што има 17, додека во Македонија забележана е бројката од 13 лица. Според последните информации со кои ...