Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Министерот за здравство, Сашко Клековски, денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече. Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо, обвинија од СДСМ. Од партијата велат дека Клековски признал појава на жолтица, нешто што, ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините. „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати. „Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има посебна симболика за ...
Истражувањата покажуваат дека три црвени сокови можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и со тоа да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцев удар и мозочен удар. Високиот крвен притисок, или хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми кај возрасните. Тоа е состојба во која срцето мора посилно да пумпа крв низ телото, што со текот на времето става дополнителен товар на крвните садови и ...
Преносна батерија се запали во патнички авион на „Чајна Истерн Ерлајнс“ веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром Гуиџанг Лонгдонгбао во Кина, но никој не е повреден во инцидентот. Пожарот избувнал на летот кој летал од Ланџоу до Гуијанг, објави порталот „Саут Чајна Морнинг Пост“. Според кинеските медиуми, батерија во рачниот багаж на патникот се запалила додека авионот бил паркиран на терминалот. Екипажот во кабината брзо реагирал и ...
Тела на пет новороденчиња беа пронајдени денес во семејниот дом на еден пар во Оринџ, јужна Франција. Според извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случи само еден ден откако мајката вчера роди здраво бебе, објавува „Ле Паризиен“. Извор запознаен со случајот вели дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го родила своето трето дете. Тоа била уште една бременост што ја ...
По концертите во Охрид и Скопје, македонското музичко востание продолжува во Битола. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот ќе приредат голем концерт под отворено небо во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја. Битолчани и публиката од цела Македонија ќе имаат можност да бидат дел од вечер посветена на македонската песна, традиција и култура. На сцената ќе настапи Влатко ...
Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) објави дека поднело обвинение против поранешен висок функционер на Министерството за надворешни работи за проневера на 37 милиони гривни (околу 1,28 милиони долари) странски донации наменети за поддршка на Украина. Според истражителите, парите потоа биле перени со помош на неговите наводни соработници. НАБУ го обвини Олександр Банков, кој беше државен секретар на украинското ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, истакна на прес-конференција Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што ...
Винисиус Жуниор (26) се соочува со сериозно предупредување дека неговата тактика во преговорите со Реал Мадрид би можела да значи и крај на кариерата во клубот, по примерот на поранешниот капитен Серхио Рамос. Преговорите за нов договор се во застој, а сегашниот трае уште една година. Ситуацијата ја следи Арсенал, кој е подготвен да му понуди на Бразилецот статус на еден од најплатените играчи во светот. Стручњаците веруваат дека ...
Градоначалникот на Москва објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дронови биле уништени на пристапот ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ. „СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар, кажа на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Филипче ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи ...
Роузи Хантингтон Вајтли ужива во одморот заедно со Џејсон Стејтам и нејзините деца, а среќното семејство моментално е на Малта, каде што Роузи повторно позира во предизвикувачко бикини. Убавицата ја покажа својата извајана фигура во серија мали бикини за време на луксузниот семеен одмор. Моделот (39) моментално ужива на Малта со актерот (59) и нивните две деца – деветгодишниот син Џеко и четиригодишната ќерка Изабела. Двојката веќе објави ...
Бејли, едногодишна пудлица, беше извлечена од урнатините под кои преживеа 29 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Венецуела и сега се опоравува со ветеринарна нега. Миленичето го пронајдоа членови на спасувачката бригада за време на отстранувањето и проверката на урнатините, објавува „Диарио де Морелос“. Според спасувачите, животното страдало од тешка дехидратација и глад кога било ослободено. По спасувањето, Бејли е префрлено во ...
Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана нов селектор на Франција. Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешан на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Дешан ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, ...
Универзумот донесе силна одлука и ќе ги награди тројцата свои омилени со чистата среќа што долго ја заслужуваа. Чекаа долго време, а сега искушението е завршено, бидејќи влегуваат во најубавиот период од годината! Среќата конечно им се насмевна на Овните, Лавовите и Вагите. За нив, грижите одат во заборав, бидејќи патот е отворен кон неограничено изобилство и искрена љубов. Овој август им носи повеќе среќа на избраните хороскопски знаци ...
Националниот медицински истражувачки центар за радиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство, заедно со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, го доби првото одобрение во светот за mRNA антитуморска вакцина, која би можела да стане достапна за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом, беше објавено на веб-страницата на Националниот медицински истражувачки центар за ...
Од сезоната 2026/27, официјално стапи на сила долгонајавуваната забрана за рекламирање на обложувалници на предната страна од дресовите на клубовите од Премиер лигата. За прв пат по многу години, ниту еден од 20-те клубови од англиската Премиер лига нема лого на обложувалница на градите од својот дрес. Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалната политика на англискиот фудбал во последните години. Во текот на ...
Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...
За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и ...
„Тасним“, иранска телевизиска станица блиска до иранската Револуционерна гарда, синоќа објави видео во кое повикува на атентат врз Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, и нивниот син Барон. Видеото е насловено како „Каде да се убие Меланија Трамп“. Во видеото се тврди дека неговите автори имаат „доверливи информации“ за движењата на првата дама. Како доказ за нејзиното присуство на локација, тие наведуваат ...
Миле Свилар стави крај на шпекулациите што го поврзуваа со Јувентус во претходните денови и јасно изјави дека својата иднина ја гледа исклучиво во Рома. По продолжувањето на договорот со римскиот клуб, Свилар истакна дека не обрнал внимание на гласините за можен трансфер во редовите на големиот ривал. „Не знам, тоа не е прашање што ме засега. За мене, отсекогаш постоела само Рома, тоа веќе треба да биде јасно по продолжувањето на договорот. ...
Мохамед Салах (34) пред неколку недели заврши успешен деветгодишен период во Ливерпул. Египетскиот напаѓач е без клуб од 30 јуни, а сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Кога беше објавено дека го напушта „Енфилд“, речиси сите претпоставуваа дека ќе оди во Саудиска Арабија, каде што претходно се обидуваа да го доведат. Сепак, во меѓувреме се појавија нови можности што го привлекоа играчот. Поранешниот фудбалер на Рома ...
Џон Стоунс е во финални преговори со Интер. Англискиот дефанзивец е слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити на крајот на јуни. Бројни европски клубови, вклучувајќи ги Челзи и Јувентус, покажаа интерес за 32-годишниот стопер. Сепак, италијанскиот шампион во моментов е најблиску до неговиот потпис по разговорот со играчот. Интер наводно му понудил двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона. Стоунс ...
Холивудскиот актер Кевин Спејси го прослави својот 67-ми роденден во Дубровник. Прославата се одржа во неделата вечер во ресторанот „Прото“, каде што актерот вечераше во друштво на пријатели, меѓу кои и хрватскиот режисер Јаков Седлар, негов долгогодишен пријател и соработник, пишува Dubrovnik Daily. View this post on Instagram A post shared by 𝗣𝗿𝗼𝘁𝗼 𝗙𝗶𝘀𝗵 𝗥𝗲𝘀𝘁𝗮𝘂𝗿𝗮𝗻𝘁 (@proto_fishrestaurant_dubrovnik) Спејси, кој ...