Многу родители ќе поминуваат време со своите деца на плажа за време на летните одмори. Сепак, поминувањето време покрај море носи и одредени ризици, поради што една докторка од итна медицинска помош одлучи да ги предупреди родителите за она што таа го смета за најголема опасност за децата додека се на плажа. Д-р Саманта Ридер е специјалист за итна медицинска помош која работи како докторка и често споделува едукативна содржина на социјалните ...

Фудбалерот Ерлинг Халанд стана неочекувано лице на објава што им го објаснува менструалниот циклус на мажите на едноставен и хумористичен начин. Компанијата Hiya Healthcare со седиште во Дубаи, која се занимава со здравствени услуги и консалтинг, ги искористи неговите фотографии на Инстаграм за да ги прикаже четирите фази од циклусот, а објавата брзо се прошири низ социјалните мрежи. Објавата е наменета, како што напишаа авторите, „за мажи ...

На предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. „Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и Русудан Табатаџе, шефица на Одделот за владеење на правото и човекови права при Мисијата на ОБСЕ. На состанокот беше направен осврт на досегашната соработка во подготовката на реформските закони и на активностите за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028. Министерот Шасивари изрази ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски ...

Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв контакт поврзан со епидемијата, а министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека тоа укажува на смирување на состојбата. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемијата ќе има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар“, изјави Клековски. Според него, намалувањето на бројот на новорегистрирани ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели ...

СДСМ побара кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар. На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека институциите реагирале доцна и не ја информирале навреме јавноста. „По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност“, изјави Кузеска.  ...

Силен ветер и големи бранови однесоа две тинејџерки кои пловеле со СУП даски во Охридското Езеро на два километри од брегот. Девојчињата викале и барале помош. За среќа ги слушнале луѓе од брегот и полицијата ги спасила. Според информациите на СВР Охрид, вчера во 19:55 часот во полиција било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското Езеро на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со ...

Во земјава се потврдени три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број евидентирани случаи годинава се искачи на 11. Министерот за здравство, Сашо Клековски соопшти дека двајца од новозаболените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е сместен на Клиниката за неврологија. „Покрај случаите поврзани со престој во Грција, сега имаме и случаи кај лица кои не патувале надвор од државата и се од ...

За многумина, чистата и миризлива постелнина е синоним за уреден дом, но пријатниот мирис по перењето не мора да значи дека сите нечистотии се отстранети. Програмата на 40 степени е една од најчесто користените, меѓутоа, експертите предупредуваат дека не е секогаш доволна за темелно перење постелнина. Во текот на ноќта, потта, мртвите клетки на кожата и влагата остануваат на чаршафите и навлаките за перници, особено во текот на летото кога ...

Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под силен притисок од УЕФА, која сериозно ја разгледува можноста за бојкот на Светското првенство поради плановите за предавање на дел од комерцијалните права на ФИФА на приватни инвеститори. Пред неколку месеци, Инфантино тесно соработуваше со американскиот претседател Доналд Трамп, а дури сега стана јасно што стои зад таа соработка. Првиот човек на ФИФА сака да го одвои комерцијалниот дел од ...

Повеќето луѓе го динстаат кромидот на вообичаен начин – го сечкаат, го ставаат во загреано масло и чекаат да омекне. Сепак, професионалните готвачи користат едноставен трик што може значително да го подобри вкусот на јадењето и да го скрати времето на подготовка. За време на динстањето, тие додаваат прстофат сода бикарбона и малку шеќер во кромидот. Оваа комбинација го забрзува омекнувањето на кромидот, го прави посочен и придонесува за ...

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ. „Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...

Полицијата поднесе кривична пријава против професор на Стоматолошкиот факултет кој е и потпретседател на Стоматолошката комора и против претседателот на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство за примање поткуп. Според информациите на МВР, тие примиле пари од студентка за да се стекне со Уверение за положен стручен испит во областа на ...

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските ...

Полицијата уапси две лица од гостиварско за организирање борби на кучиња, следува соодветна пријава. Синоќа во 01:30 часот, полициски службеници ги уапсија Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Според информациите на МВР, претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група ...

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчии, со цел да се поддржат занаетчиските дејности кои бележат континуирано намалување и да се придонесе за зачувување на традиционалните занаети. За мерката информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека занаетите се важен дел од традицијата, културата и идентитетот на градот. „Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска ...

Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди стана најбрзиот бел човек во историјата на атлетиката. Делницата од 100 метри ја истрча за 9,85 секунди. Кенеди го постигна најголемиот успех во својата кариера освојувајќи сребрен медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов. 22-годишниот Австралиец имаше одличен почеток и беше во водство до 60-тиот метар, но во финишот беше престигнат од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со време од 9,83 секунди, што ...

Ребалансот на буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ребалансот на буџетот не документ на паника и не е отстапување од економската политика, туку е навремено приспособување на буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 ...

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со известување ...

Бразилскиот фудбал доби една од најнеобичните дисциплински одлуки во последните години. Дефанзивецот на Интернационал, Виктор Габриел, нема да може да игра сè додека напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пек, не се опорави од скршената нога и не добие дозвола да се врати на тренинзите. Одлуката ја донесе Врховниот спортски суд на Бразил, највисокото независно тело задолжено за дисциплински постапки во фудбалот. Габриел беше казнет со суспензија од ...

Опозициските партии Левица и СДСМ излегоа со одделни реакции против Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој влезе во собраниска постапка. Двете партии го оспоруваат предвидениот начин на трошење на јавните средства, додека Левица отвора и прашања за назначувањето на Марјан Цветковски за директор на фондацијата што треба да го спроведува проектот. Од Левица тврдат дека градоначалникот ...

Работниот ден во ресторанот „Сендан Шокудо“ во јапонскиот град Јацуширо се приближувал кон крајот кога силен земјотрес ја затресол целата зграда. Предмети паѓале од полиците, а садовите се распрснале на парчиња. Тоа бил вовед во катастрофата што во вторникот вечерта ја погоди префектурата Кумамото, каде што во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер загинаа најмалку 13 лица, објавува Би-Би-Си. Сопственичката на ресторанот, ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на системските закони, особено на Законот за јавните набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства. Реакцијата на ДКСК доаѓа по информациите и јавните реакции во врска со Предлог-законот за ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш покажа дека неговото семејство е негов врвен приоритет, дури и кога станува збор за незамисливи финансиски понуди. Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, откри дека неговиот клуб се обидел да го доведе Меси откако тој го напушти ПСЖ, нудејќи му договор каков што спортскиот свет никогаш порано не видел. Според него, Ал-Итихад му понудил на легендарниот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти ...

Сè уште младиот бразилски ас, 22-годишниот Савињо, според последните информации од Англија, донел конечна одлука тоа каде сака да игра во новата сезона. Тој не беше редовен стартер во тимот на Манчестер Сити минатата сезона, забележа 36 настапи во сите натпреварувања. Во овие натпревари, крилниот напаѓач помина вкупно 1502 минути, постигна четири гола и имаше две асистенции. Сега бара нов предизвик и сака да го напушти „Етихад“. Експертот ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
24%
1013
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
6.5
26%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 33ᴼ
2.06
24%
1012
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
26%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.29
22%
1015
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
2.1
29%
1012
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
7.72
36%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 32ᴼ
5.14
44%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
27%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
5.14
23%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
8.75
68%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Иридиум

252383.36

Бакар

13.28

Платина

56103.05

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Паладиум

41731.67

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Сребро

2080.30

Алуминиум

3.25

Родиум

282926.57

Калај

56.34