Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Дваесет и петгодишната Михал Посен од Лондон веќе две години живее во Кумамото, каде што работи како наставничка по англиски јазик. „Земјотресот се случи додека бев дома. Телевизорот падна врз мене, огледалото се скрши, а патиштата околу мене се оштетени“, изјави таа за BBC. Додека последователните потреси постојано продолжуваат, таа подготвува торби за евакуација. Вели дека жителите се особено загрижени бидејќи Кумамото пред десет години ...
Специјалната известувачка на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, повторно ги повика државите веднаш да ја прекинат трговската размена со Израел и да воведат ембарго за испорака на оружје. Таа порача дека владите требало порано да ги послушаат предупредувањата за развојот на ситуацијата. Повикот следува по изјавата на поранешниот израелски амбасадор во Франција, Ели Барнави, кој оцени дека во ...
Според астролозите, Водолијата е хороскопскиот знак што најмногу се издвојува по својата интелигенција, благодарение на аналитичкото размислување, креативноста и способноста да гледа „надвор од рамките“. Родените во овој знак, велат астролошките толкувања, се визионери кои лесно поврзуваат сложени идеи, ги преиспитуваат авторитетите и постојано бараат нови решенија. Нивната сила не е само во училишниот успех, туку и во апстрактното ...
Опасноста од пожарот во месноста „Дорутовец“ кај Велес е намалена по интервенцијата на противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникарите од ТППЕ Велес, месното население од селото Чалошево и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“. Сепак, пожарот се проширил во правец на патот Велес–Штип. Поради густиот чад што ветерот го носи кон автопатот, Главниот штаб за управување со кризи побарал поддршка од ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“. По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени, јавува УХМР. Под влијание на топол бран во наредните денови следува период на сончево ...
Безбедносна камера на Универзитетот во Кумамото го снимила моментот на силното потресување за време на денешниот силен земјотрес што го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува агенцијата „Анадолија“. Снимката ја објави лабораторијата Суенага при Факултетот за образование на Универзитетот во Кумамото. На неа се гледа како просторијата силно се тресе за време на земјотресот што ја погоди префектурата. Американскиот геолошки завод ...
Има загинати при уривањето на трговскиот центар „Aeon Mall Kumamoto“ во јапонскиот град Кумамото, по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени што го погоди островот Кјушу, јавуваат јапонските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според ТВ Асахи, полицијата потврдила дека има повеќе загинати, додека јавниот сервис NHK претходно објави дека со меѓу 20 и 30 вработени во трговскиот центар е изгубен контакт. Спасувачките екипи се ...
По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, реагира СДСМ. „Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците. ...
Само неколку дена откако Гостивар беше ставен пред ризик од хепатит А, жолтица и други заразни заболувања поради фекално загадената вода, ДПМНЕ објави соопштение во кое се пофали со „историски“ капитални инвестиции во водоснабдување, канализација и пречистителни станици. Во нивното соопштение нема ниту збор за тоа како држава што тврди дека инвестира стотици милиони евра во водната инфраструктура дозволи илјадници граѓани со недели да ...
Француските власти денес наредија евакуација на туристичките места на атлантскиот брег, од каде што речиси 4.000 луѓе мораа да ја напуштат загрозената област, додека враќањето на високите температури се заканува да ги комплицира напорите на пожарникарите кои се обидуваат да спречат повторно ширење на голем пожар западно од Бордо. Досега околу 330.000 луѓе се раселени во Франција и Шпанија. Во меѓувреме, Шпанија се соочува со својот четврти ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Силен земјотрес денес го погоди југозападниот дел на Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради, избувнување пожари и најмалку 50 лица хоспитализирани, објави јапонскиот радиодифузер NHK. Премиерот Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема материјална штета и дека властите сè уште ја проценуваат големината на катастрофата. Japan quake damage seen from the air Kumamoto fire and police services are assessing damage ...
Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец, соопштија владините служби. „Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на ...
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џовани Малаго, откри дека Роберто Манчини наскоро треба да стане селектор на „Аѕурите“. По „не“-то за Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторник се одржа итен состанок на Сојузот. „Разговарав со Роберто Манчини за тоа да стане нов селектор. Чекаме негов потпис“, рече Малаго. Манчини веќе еднаш беше селектор, во периодот од 2018 до 2023 година, кога замина и набрзо ја ...
Фондот за здравствено осигурување во јули исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување а најголем дел од средствата според соопштеното биле за породилни отсуства. Од таму велат дека продолжуваат со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). „Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 ...
Утрово во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана. Н.Н. бил пренесен во Комплекс ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран нема да им дозволи на Соединетите Американски Држави да одредат кога ќе започне или кога ќе заврши војната, нагласувајќи дека одлуките на иранското државно раководство за одбраната и дипломатијата се водени исклучиво од националните интереси и националната безбедност. На прес-конференцијата, Багеи коментираше за медиумските извештаи дека Иран и ...
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не ...
Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот дом физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на ...
Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата, како што појаснуваат, беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени, кажа на прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДСМ. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ, како што рече, не ...
Цената на горивата на почетокот на август ќе се намали по двете поскапувања во јули. Премиерот Христијан Мицкоски денес, при посетата на Илинден, кажа дека очекува поголемо намалување на цените. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. И врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави дека не треба да се заборави дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. „Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за ...
Ливерпул отвори преговори со претставници на Бредли Баркола и Пари Сен Жермен. Договорот ќе зависи од тоа дали двата клуба ќе се согласат за финансискиот дел од трансферот. Францускиот репрезентативец стави до знаење дека не сака да го продолжи договорот со европскиот шампион и е отворен за преселба на „Енфилд“. Ливерпул го следи долго време, но цената што ја постави ПСЖ е многу висока. ПСЖ е подготвен да го продаде играчот, но Баркола има ...
Брзиот начин на живот честопати нè наведува да избираме брзи и практични решенија за оброци, но експертите предупредуваат дека квалитетот на исхраната директно влијае на енергијата, расположението и општото здравје. Нутриционистите истакнуваат дека дневната исхрана треба да се базира на разновидна и непреработена храна. Зеленчукот, овошјето, интегралните житарки, мешунките, рибата, јаткастите плодови и квалитетните извори на протеини треба ...
„Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам. Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна ...
Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика денеска ја одржа својата редовна седница. По зголемување на основната каматна стапка во јуни, на оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. „Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се ...
Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот, велат од СДСМ. „Денеска имаме кривични пријави. Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“. Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите, за цел која е целосно надвор од рамките на ...
Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, а во консултација со Комисијата за заразни болeсти решивме да одредиме засилен здравствен надзор за постакутната фаза, односно фокусот сега е на хепатит А и Е и на други заразни болести, изјави министерот за здравство, Сашко Клековски. „Алерт до матичните лекари и здравствените институции во Гостивар сега фокусот да го стават на следните предизвици. Сега фокусот е на хепатит А и Е и ...