Во саботата во Претор и Сливница успешно се одржа инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, реализиран од страна на Здружението Иклуалити од Скопје, во партнерство со Здружението Иднина на традицијата од Ресен. Во мирна и позитивна атмосфера, преку 50 учесници возеа долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, уживајќи во природата, движењето и заедничкото ...

Кошаркарската секција на Реал Мадрид официјално објави на својата веб-страница дека е постигнат нов договор со Ели Ендиаје. Сенегалскиот крилен центар, а доколку е потребно и центар, ќе биде играч на Реал Мадрид во следните две сезони, односно до летото 2028 година. Ели играше за Реал Мадрид четири сезони, од 2021 до 2025 година, и освои осум трофеи. Титулата шампион на Евролигата, три титули во шпанското првенство, Кралскиот куп и три ...

Новата сезона на англиската Премиер лига започнува со натпреварот помеѓу Арсенал и Ковентри во петок, а организаторите на натпреварувањето воведоа четири нови правила. За разлика од неодамна завршеното Светско првенство, во Англија нема да има пауза за освежување. Официјално се потврдени четири промени, кои се однесуваат на справувањето со повредите на играчите, извршувањето на прекините, времетраењето на замените и употребата на ВАР ...

Интер оваа недела повторно ќе разговара со Ливерпул, за трансферот на играчот од средниот ред Кертис Џонс, објавија италијанските медиуми. Според „Кориере дело Спорт“, „Тутоспорт“ и „Спорт Медијасет“, англискиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Интер, но двата клуба сè уште не нашле заеднички јазик во врска со обештетувањето. Ливерпул бара 40.000.000 евра за 25-годишниот играч од средниот ред, додека Интер не е подготвен да ја ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...

Манчестер Сити е во напредни преговори со Лил во врска со трансферот на Ајуб Буади, еден од најголемите млади таленти на европскиот фудбал, за кого францускиот клуб бара дури 100 милиони евра. Англискиот гигант сака да го комплетира трансферот во текот на оваа недела, откако беше договорено заминувањето на Родри во Барселона за околу 76 милиони евра. Буади има само 18 години, но веќе е стандарден член на првиот тим на Лил и член на ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, утрово извести дека во саботата бил регистриран трет смртен случај на заразен со западнонилска треска во земјва. „Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски. Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години имаше и други претходни заболувања, а вториот смртен случај беше ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај ...

Поранешниот фудбалер на Болоња, Џон Лукуми, потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година. Во соопштението беше објавено дека Јувентус ќе исплати отштета на Болоња од 20 милиони евра за репрезентативецот на Колумбија. Исто така, се наведува дека се предвидени бонуси за колумбискиот фудбалер во максимален износ од два милиони евра, што ќе зависи од исполнувањето на одредени спортски цели. Лукуми (28) пристигна во Болоња во 2022 година ...

Мета веќе се соочи со неколку негативни пресуди за начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното работење. Постапката е покрената врз основа на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува Би-Би-Си. Во тужбата се тврди дека Мета ги прекршила федералните и државните закони што ја штитат ...

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда се очекува, претежно во планинските региони, да има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени, соопшти УХМР. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ...

Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...

„СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува“, прашува Маја Борозан од СДСМ. „Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со ...

Во големиот пожар што ги опустоши областите Локва Рогозница и Омиш во ноќта меѓу 13 и 14 август, целосно изгореа 106 возила, 28 куќи и 45 пловила, соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. Седум комерцијални згради, три угостителски објекти и шест помошни згради до семејни куќи, исто така, целосно изгореа. „Исто така, целосно изгореа 45 пловила што беа извлечени на брегот“, изјави Бобан за Хина. Други 43 куќи се ...

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

„Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце“, велат од ВЛЕН. „Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја ...

Украина би можела да користи балистички ракети од домашно производство за да напаѓа цели длабоко во Русија во следните три до шест месеци, изјави поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров за CBS News. „Мораме да ја победиме Русија во секој технолошки циклус и мора да донесуваме одлуки 24 часа на ден, седум дена во неделата“, рече Федоров. Тој додаде дека Украина брзо развива нови технологии, но предупреди дека Русија исто ...

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонски „Спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси го освои најголемиот трофеј во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека тоа било круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е ...

„Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме ...

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Како што известува Општината, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за ...

„Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции ...

Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја ...

„Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем“, велат од партијата Левица. „ММФ може да препорачува, но ако утре работниците треба да работат повеќе години за да ...

Датумот на раѓање може да биде повеќе од само дел од информацијата што е запишана во документи. Во астрологијата и нумерологијата, се верува дека денот, месецот и годината на раѓање можат да откријат одредени особини, преференции и начини на кои лицето пристапува кон врските, работата и секојдневниот живот. Иако ваквите толкувања не се научно потврдени, многумина ги сметаат за интересни како начин за забава и самоанализа. Вашиот датум на ...

Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син на задното седиште. Починал од срцев удар ...

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, нема да стане ново засилување за Јувентус, кој се откажа од трансферот на аргентинскиот репрезентативец бидејќи неговата понуда од 10 милиони евра беше одбиена. Астон Вила се договори за трансфер на голманот на Парма, Зајон Сузуки, што Јувентус го препозна како можност, за малку пари да го потпише 33-годишникот. „Златната ракавица“ на Светското првенство во 2022 година беше на радарот на клубот од ...

Џенифер Лопез, Хејли Бибер… Можеби и вие можете да ја направите промената, но само ако сте бринета. Постои причина зошто ги сакаме фотографиите направени пред зајдисонце. За време на таканаречениот златен час, светлината станува помека и потопла, кожата изгледа посветла, а косата добива златни прамени. А што ако овој ефект врз косата трае цел ден? Golden Hour Brunette, боја која стана еден од најпосакуваните трендови за бринетите ова лето, ...

Познатата холивудска ѕвезда Никол Кидман отворено зборуваше за најновото издание на британскиот „Вог“, откривајќи што ја „мачеше“ јавноста со години. Таа беше во брак со Том Круз од 1990 година, а се разведоа во 2001 година. Таа имаше 23 години кога му рече „да“, а тој имаше 28. Пет години по пропаѓањето на бракот за кој многумина мислеа дека ќе трае цел живот, и официјалниот развод, Никол Кидман се омажи за музичарот Кит Урбан во 2006 ...

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода 67-годишниот Б.С. од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34