Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од активната кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник тренер во Звезда. Поради мојата животна ситуација, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од лудото возење“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги помина изминатите две сезони во Црвена Звезда ...
Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Диего Мореира. Клубот од „Сан Сиро“ на Стразбур ќе му плати 45 милиони евра, дополнителни пет милиони францускиот клуб може да заработи преку бонусите. Мореира беше меѓу најбараните играчи во текот на целиот преоден рок. Германски и италијански клубови сериозно се бореа за неговите услуги. Рома упати официјална понуда од фиксни 35 милиони евра, со 10 милиони преку бонуси и 10 отсто од ...
Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“. Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба. Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката за уште една сезона. ...
Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го објавија името на нивната ќерка, која се роди пред две недели. Девојчето, нивното трето дете и помлада сестра на петгодишниот Август и тригодишниот Ернест, се вика Аделаида Елизабет Анина Бруксбанк. Јуџин го откри името на Инстаграм, каде што сподели и неколку нови фотографии од девојчето. „Нашето мало девојче пристигна пред точно две недели. Оттогаш уживаме во мирни семејни моменти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор со САД за неговата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да прифати услови што, според мислењето на Трамп, би го спречиле да развива нуклеарно оружје. На прашањето дали двете страни се поблиску до конечно решение по принципиелниот договор во јуни, Трамп потврди дека Иран е подготвен да преговара, но не и да се согласи со условите на САД. „Тие ...
Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си побара од судот во Флорида да издаде судски покани за членовите на семејството на Доналд Трамп. Овој потег е дел од правната одбрана во тужбата што Трамп ја поднесе против Би-Би-Си барајќи 10 милијарди долари отштета за клевета, според судскиот поднесок објавен во петок, објави CBS News. Правниот тим на Би-Би-Си побара од Окружниот суд во Јужниот округ на Флорида да одобри доставување судски ...
Кражбата на четири слики од ренесансниот мајстор Антонело да Месина може да биде поврзана со организиран криминал и ја доведува во прашање безбедноста на музејот во родниот град на уметникот, изјави во понеделник локален службеник, објави „Ројтерс“. Енцо Карузо, советник за култура во Месина, верува дека е тешко да се разбере како крадците успеале да ги отстранат делата за само неколку минути без да го знаат деталниот распоред на музејот. ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината. „Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе платам казна доколку е потребно“, рече ...
Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности, и -поради водоводен приклучок од ф ...
Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во целосна офанзивна поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со Соединетите Американски Држави, изјави денес за „Ројтерс“ висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормутски теснец е целосно запрен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон завршување на ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Од Обвинителството соопштија дека обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, ...
Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато во вредност од 4 милијарди долари, кое се наоѓа во трезорите на британската централна банка од 2018 година. Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус дојде по две недели преговори со посредство на САД, а целта е да се деблокираат средствата до кои Венецуела нема пристап откако ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како ...
Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од ...
СДСМ објави видео од експлозија на бомба во двор за кој тврдат дека е на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. „Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, прашаа преку соопштение до јавност од СДСМ. За утре најавија дека ќе објават детали кои свиркачи ги доствиле во партијата. СДСМ објави видео од експлозија на бомба во двор за кој тврдат дека е на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на ...
Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ја презеде функцијата како 26-ти министер за здравство во ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување ...
Холивудската актерка Хајден Панетиер, позната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Полицијата објави дека нема знаци на насилство. Детективите потврдија за „Дејли Меил“ дека интервенирале вчера попладне по повик до службите за итни случаи. Повикот го упатил познаник на актерката, кој пријавил дека таа не покажува знаци на живот. Полицијата и болничарите пристигнале во станбениот комплекс во Гринвил, ...
Четири лица, од кои тројца потешко, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци. Несреќата се случила околу 21:45 часот кога автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се ...
Американски турист почина откако бил погоден од гром додека планинарел на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име не е објавено од властите, бил на активниот вулкан вчера кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми. Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле починатиот околу 20 часот по локално време. Тој бил во ограничена зона која повремено се користи за пристапување до врвот на вулканот. Тој бил однесен со ...
Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...
Мајка пријавила во полиција дека негувателка ја повредила нејзината ќерка во градинка во Хром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишна жена пријавила дека на 14 август, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка, односно дека ја стиснала за ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото/Depositphotos Мајка пријавила во полиција дека ...
Полицијата поднесе кривична пријава против вработена во градинка во Берово затоа што згазила дете. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06 јули, првопријавената, вработена во Општинската ...
По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион. На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење. Музичката вечер ќе ...
Денес почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...
Серхио Бускетс се врати во Барселона, каде што ќе биде помошник тренер на резервниот тим на каталонскиот клуб. Поранешниот играч од средниот ред ќе се приклучи на тренерскиот штаб на Барселона Атлетик, предводен од Хулијано Белети. Ова ќе биде негов прв ангажман по завршувањето на кариерата, а во исто време ќе работи на стекнување на потребните тренерски лиценци. Бускетс се пензионираше на крајот од сезоната 2025 во МЛС по две и пол години ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години, соопшти компанијата. По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу ...