Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска поднесе оставка на функцијата неколку месеци по обелоденувањето дека оддавала службена тајнаво предметот „Адитив“. Надлежните органи отворија истрага, а Обвинителството неодамна поднесе обвинение против Димитровска за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“ и за компјутерски фалсификат. Наводите беа дека вработен во Државниот завод за ревизија полагал ...

Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг од вчера е во посета на земјата. Од фотографиите што на Фејсбук ги објави Општествено-културниот центар Тетово се гледа дека Тунберг вчера ја посетила оваа организација. Таа се сретнала со локални и меѓународни волонтери што изминатите денови работат на подготовките за отварање на новиот простор на Општествено-културиот центар во Тетово, што ќе служи како инклузивен ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално го започна процесот на пријавување за учество во младинските натпреварувања за претстојната сезона 2025/2026. Отворени се пријавите за следните категории: Рокот за пријавување за лигите за петлиња и помлади петлиња е 27 јули, додека за детските лиги е 6 август. Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани клубови, вклучително и оние кои досега не учествувале, да се ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг. Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија. Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати во тимот. „За жал, ова не е Тенис Центар“, ...

Израелски тенкови во понеделникот за првпат влегоа во јужните и источните делови на палестинскиот град Деир ал-Балах во Газа – подрачје за кое, според израелски извори, војската смета дека можеби се држат некои од преостанатите заложници од страна на Хамас, објави Гардијан. Медицински екипи од Газа соопштија дека најмалку тројца Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени од тенковски гранати што погодиле 8 куќи и 3 џамии во реонот. Нападот ...

Интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и претставува опасен преседан на мешање во самостојноста на обвинителската власт, оценува Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во својот официјален одговор доставен до Собранието. Тој писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмина пратеници на партијата Левица, обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што ја извршува. Интерпелацијата, поднесена од ...

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред. „Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен ...

Поранешната пратеничка Лилјана Поповска поднесе до Уставен суд Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17.07.2022 година во Софија потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Поповска во иницијативата предлага ништовност на ...

Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот. „Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Од Секорот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека првопријавената, како директорка на Специјализираната болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска повторно го актуелизираше прашањетo за воведување закон за личен банкрот на јавната работна средба во Стопанската комора. Тој смета дека не може до бесконечност да се толерираат луѓе кои не во состојба да ги подмируваат своите обврски. Сите развиени земји, потсети Славески, имаат регулатива за личен банкрот. – Тоа можеби е повеќе прашање за Министерството за финансии, но заедно може да ...

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ ќе формира партија бидејќи тоа е единствен начин независните да учествуваат на претстојните локални избори. Овој чекор од „Зелен хуман град“ го прават бидејќи големите партии од власта и опозицијата лани здружено донесоа измени на Изборниот законик со кој се зголемува прагот на потребни потписи за нивно учество на изборите. Ова законски решение во март годинава го укина Уставниот суд, но оттогаш не е ...

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис по денешната средба во Атина порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи. На средбата е заклучено дека почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи меѓу Македонија и Грција, како и досега, ќе се засноваат на меѓусебно разбирање ...

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот. По претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар ...

Во обид да се спротивстават на обидите на партиите да ги истиснат независните иницијативи од изборниот процес, повеќе граѓански движења и активисти се здружуваат во заедничка, формално регистрирана платформа. Тие најавуваат заедничко делување на претстојните избори со цел да понудат вистинска алтернатива која ќе ги претставува интересите на граѓаните. Во оваа нова платформа веќе се приклучени иницијативите „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош ...

Крајот на сагата помеѓу шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш и Арсенал се ближи кон крајот. Наскоро двете страни ќе склучат петгодишно партнерство. Според добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо, Арсенал постигнал договор со шевдскиот напаѓач. На крајот, Спортинг од Лисабон ја прифатил понудата на лондонскиот клуб од 63,5 милиони евра, со потенцијални бонуси кои би можеле да изнесуваат дополнителни 10 милиони. Сагата околу Џокерес и Арсенал ...

Екипата на Шкендија одигра меч без голови против романскиот ФСЦН (поранешна Стеауа). Првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите одигран во Скопје заврши со пролетниот резултат 0-0. Тетовци офанзивно го почнаа натпреварот и во воведните 10-тина минути создадоиа 2-3 шанси. Сепак недостасуваше завршницата, па резултатот остана почетниот 0-0. Во продолжението романската екипа беше онаа која ја контролираше играта., а Шкендија ...

Комесарот за правда на ЕУ изјави дека е шокиран од токсичноста и опасностите од некои од производите што ги продаваат „Шеин„ и “Тему“. Неговите коментари доаѓаат во време на репресија на Брисел врз популарните кинески платформи за малопродажба. 12 милиони пакети со ниска вредност пристигнуваат во ЕУ секој ден од онлајн трговци надвор од блокот. Комесарот Мајкл Мекграт вети дека ќе преземе мерки против продажбата на стоки што очигледно го кршат ...

Сменета е програмата за седмо одделение од основното образование и во неа повторно е вратен предметот Историја, рече вечерва од Велес, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Во новата програма повторно е вратен предметот Историја што го укина претходната влада. Учебникот е во печатење“,кажа таа. Повтори и дека по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странските јазици – англиски, германски, француски и ...

Во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август. „Целта на ...

Опозициската партија Левица остро реагираше на односот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кон европската резолуција со Бугарија, обвинувајќи ја партијата на Мицкоски за “поклекнување пред бугарскиот империјализам” и “тргување со идентитетот и историјата на македонскиот народ”. Во своето соопштение, Левица предупредува дека македонскиот јазик и идентитет, наместо да бидат категорично заштитени како неспорни прашања, се ставаат на маса како дел од ...

Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. – Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските планини, на 2000 метри надморска височина шумочуварите на Национални Шуми пронашле и остраниле триесетина автомобилски гуми и картон подготвени за потпалување и предизвикување пожар. -Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово ...

Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) одлучи официјално да го промени името на актуелните светски клупски шампиони и да им ја „одземе“ таа титула откако Челзи го освои првото Светско клупско првенство во формат со 32 клуба. Светското клупско првенство се игра од 2000 година и го играа само шампионите на континентите. Од 2025 година, Светското клупско првенство ќе се игра со 32 екипи. Првото издание во новиот формат го освои Челзи, кој победи ...

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан). Првиот меч од втората рунда, против Лозана,Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје. Реваншот во Швајцарија на програмата е на 31 јули. Во третата рунда, Вардар исто така би бил домаќин на првиот ...

По интензивните борби во јужна Сирија, вклучувајќи ја и директната израелска воена интервенција, САД потврдија дека Израел и Сирија постигнале договор за прекин на огнот, пишува „Тајмс оф Израел“. Американскиот амбасадор во Анкара и специјален пратеник на САД за Сирија, Том Барак, изјави дека договорот е поддржан и од соседните земји – Турција, Јордан и други регионални сили. Тој ги повика сите страни во конфликтот да ги прекинат ...

Осумнаесетгодишен австриски државјанин по потекло од Македонија е уапсен во Австрија под обвинение дека планирал да направи бомба за да изврши терористички напад. Според австриските медиуми, властите почнале да го следат во средина на овој месец откако добиле дојава од странска разузнавачка агенција. Тој на интернет покажувал интерес за правење експлозивни направи и за напаѓање објекти на западот и неговите планови се сметале за конкретни. ...

Денес се одржа 15-тата етапа од Тур де Франс, по која е јасно дека Тадеј Погачар незапирливо се движи кон нова титула пред Јонас Вингегор. Денешната етапа се возеше по ридест терен од Мурет до Каркасон во должина од 169,3 километри. Денес славеше соиграчот на Погачар од тимот на ОАЕ Тим Емирати-XRG, Тим Веленс, кој ја помина патеката за 3 часа, 34 минути и 9 секунди, и беше 1 минута и 28 секунди побрз од Виктор Кампенартс (Визма-Лиз а Бајк), и 1 ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години славеше над Словачка со 65:64 на последниот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ереван. Ова беше интересна битка, израмнето соочување во кое нашите кошаркари подобро се снајдоа и запишаа триумф со кој го освоија 17. место на турнирот. За избраниците на Самарџиев ова беше четврта победа на седмиот меч на шампионатот, триумф во кој се истакна Луканоски со дабл-дабл учинок од ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1020
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.1
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.7
94%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Алуминиум

2.95

Бакар

11.02

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Сребро

2159.30

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Платина

64478.87

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04