Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Соединетите Американски Држави и Израел денеска започнаа воени напади врз Иран, таргетирајќи го неговото раководство. Техеран одговори со контранапади врз американски цели низ Блискиот Исток, а двете страни најавуваат дека ова е само почеток на непријателствата. Иран најавува уште посилен одговор – командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе биде употребено досега невидено вооружување, пренесува ...
Дури 31,2 отсто од децата во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 13,7 проценти од нив живеат со дебелина – покажуваат наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата кои денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод светскиот Ден на дебелината. Наодите покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 години. „Според студијата, 31,2 отсто од ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради, како што велат, системските пропусти кои не успеале да ја превенираат трагедијата во скопски Карпош, каде што 31-годишна жена и нејзиното шестгодишно дете паднаа од балкон. Покрај оставка од Тошковски, од „Бихаќка“ бараат и соодветна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службеници од МВР, ...
Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека во Македонија во последниот квартал од 2025 имало 10.615 слободни работни места, додека пополнети биле 484.385. „Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 изнесува 2,14 отсто, а најголем број слободни работни места, 2.387, има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба“, соопштува ДЗС. Пелагонискиот регион има највисока стапка ...
За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион. „За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме ...
Тројца полицајци, кои се обвинети дека правеле акциски контроли во кабарето „Пулс“ во Кочани, а прекршоците ги пишувале на кафулето „Класик“, кое имало блокирана сметка, денеска не ја признаа вината. Денеска во Кривичниот суд почна судењето по поднесен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Одделот за гонење на полицајци кое ги товари за злоупотреба на службената положба. Сите тројца работеле ...
Едно лице е задржано во полициска станица по трагичниот настан во скопско Тафталиџе, кога мајка и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон од зграда. Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална негова кривична одговорност, кој е партнер на жената и татко на девојчето. „ОЈО Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на ...
Австралиската влада им нареди на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Израел и Либан да ги напуштат овие две блискоисточни земји, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Владата, исто така, понуди доброволно заминување на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар, соопшти официјалното ...
Состојбата во моментов е стабилна и безбедна – тоа е генералната оценка од синоќешната седница на Советот за безбедност, кој расправаше за безбедносната состојба во Македонија по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските напади кон земјите во Персискиот залив, во кои има американски бази. „Состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и ...
Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА) постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и додаваат дека со посебно внимание ја следат состојбата со актуелната ...
Формирање управувачко тело за заштита, воспоставување чуварска и инспекциска служба, зонирање на подрачјето околу Дојранското Езеро и распределба на дозволени и недозволени активности во зоните, како и строго управување со милот и талогот од пречистителните станици, се поважните мерки што ги пропишува предлог-планот за управување со споменикот на природата – Дојранското Езеро – за периодот 2026 – 2035. Станува збор за прв плански документ за ...
Двата денешни натпревари од 20.коло во Првата лига, одиграни во Кавадарци и Гостивар понудија интересен фудбал. На дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш беше домаќин на Силекс, гостите од Кратово славеа со 0-1. Првата голема шанса, уште во 3.минута, ја имаа гостите, кога Додев од 11.меѕри непречен од никого, биеше крај голот. Истиот фудбалер се закани и во 33.минута, а епилогот остана без ефект. Стојанов пак беше оној кој упати две закани по голот ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по триумфот на дербито со Челзи (2:1) во 28-то коло од Премиер лигата беше задоволен од крајниот исход. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Тие се тим на високо ниво, многу добро подготвен од нивниот тренер. Мислам дека направивме некои одлични работи во текот на целиот натпревар. Голот што го примивме беше разочарувачки, но го имавме целото второ полувреме пред нас. Требаше да ја контролираме топката ...
Пакистан и Авганистан влегоа во сериозна ескалација на конфликтот откако пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Мухамад Асиф, прогласи дека односите меѓу двете земји преминале во „отворена војна“ по повеќедневни судири и размена на воздушни и артилериски напади. Пакистан ги обвини талибаните дека ги толерираат и поддржуваат екстремистичките групи што изведуваат напади врз пакистанската територија, што дополнително ја влоши безбедносната ...
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергентите во формулирањето на цените на другите производи. Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет, обвинувајќи дека минималната плата се обидува да се усогласи „на мала врата“ со зголемување од околу 1.600 денари. Според него, ваквото решение не одговара на реалниот раст на трошоците за живот и претставува формално, а не суштинско подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов порача дека ако ова ...
Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопштија од Министерството за надворшени работи. Од таму велат дека се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. „Согласно податоците добиени од ...
PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN Macedonians in the Diaspora began more widespread organization as late as after the First World War. In the period between the two world Wars there was a noticeable movement and activity on a national scale. In the beginning many Macedonian emigrants, especially from Aegean Macedonia, had joined the Macedonian Patriot Organization (“Makedonska patrioticheska organizacija”) known ...
Одлично издание на двете мега – ѕвезди на Лејкерси, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Токму затоа ЛА Лејкерс убедливо ги победија ослабените Голден Стејт Вориорс со 129-101 утринава. Лука Дончиќ го предводеше победничкиот тим со 26 поени, осум асистенции и шест скока, и Леброн Џејмс, кој додаде 22 поени, девет асистенции и седум скока. Вориорс имаа големи проблеми во нападот бидејќи играа без Стеф Кари, кој се опоравува од повреда на десното колено ...
Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени). „Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан Матески во 80.минута, откако ...
САД ги испратија своите најсовремени борбени авиони во Израел, за прв пат за евентуална воена мисија. Распоредувањето на моќните авиони доаѓа во време кога двете земји се подготвуваат за потенцијална војна со Иран, објави „Волстрит журнал“. Распоредувањето на ловците Ф-22 Раптор оваа недела ќе им овозможи на САД подобро да ја заштитат израелската територија и американските сили на Блискиот Исток од можна иранска одмазда доколку американскиот ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски ЕМирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите. „Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност, по извршените консултации околу актуелната состојба во регионот и светот. Главна тема на состанокот ќе бидат безбедносните рефлексии врз Македонија по последните воени ескалации. „Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток“, соопштија од ...
Поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин да бидат внимателни и редовно да ги следат официјалните информации. Од Владата информираат дека граѓаните треба строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции во земјите домаќини. Надлежното ...
Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе. -Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 став ...
Речиси една година по трагичниот пожар во т.н кабаре „Пулс“, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани ги известува граѓаните дека започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот. Сите повредени лица, членови на семејствата на починатите, како и посетителите кои биле присутни во објектот на 16 март 2025 година, можат да ги подигнат предметите. Просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ бр. ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус. „Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави ...
Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 се одржа во Нион, Швајцарија, напладне. Осумте победници од плејофот во нокаут фазата им се придружија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел од натпреварувањето, дефинирајќи го патот до големото финале во Будимпешта. Парови од осминафиналето: Манчестер Сити – Реал Мадрид Бодо/Глимт – Спортинг ПСЖ – Челзи Њукасл – Барселона Ливерпул – ...
Македонската кошаркарска репрезентација забележа побеа на домашен терен над Луксембург со резултат 79-70, трет триумф во низа за нашите кошаркари кои се зацврстија уште повеќе на чело на табелата во својата група. Очекувано, Македонија покажа квалитет за да се одлепи резултатски по една четвртина, а потоа искуство за рутински да ја одржат позитивата за нови бодови со кои нашата кошарка ќе се врати чекор поблиску до друштвото каде што припаѓа. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во своето годишно обраќање до нацијата ги пофали економските достигнувања на Соединетите Американски Држави (САД), за кои рече дека земјата ја донеле до нејзината златна доба, а зборуваше и за односот со Венецуела и со Иран. Како што пренесуваат светските медиуми, тој во ниту еден момент не ја споменал аферата со сексуалниот престапник Џефри Епстин, во која, според досегашните информации, се вклучени ...