Граѓанските иницијативи само со 2 собрани потписи ќе може да учествуваат на локалните избори, одлучи Државната изборна комисија која донесе правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи. Овој правилник ќе важи само за претстојните избори за кои првиот круг е закажан за 19 октомври а вториот круг на 2 ноември. Правилникот беше усвоен со шест гласа „за“, а единствена против ...

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата. На централната свеченост се обратија: ...

Од 1 април наваму, полицијата уапсила вкупно 39 луѓе кои се осомничени дека предизвикале пожар и палеле оган на отворено каде што има опасност од пожари, соопшти МВР. „Во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на ...

Изминатите два дена во скопскиот Кривичен суд биле одложени речиси сите притворски предмети кои уредно биле насрочени, со навремена достава на покани за странките, информираа денеска од Судот. Како причина наведуваат дека е тоа што од затворот во Шутка не биле спроведени притворените лица на закажаните рочишта. Поради ова, од Основниот кривичен суд Скопје денеска упатиле писмо до управата на Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ ...

На повидок ли е германски предлог кој историско – идентитетските прашања помеѓу Македонија и Бугарија ќе ги стави надвор од процесот на преговори? Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за Канал 5 откри дека европските центри прават притисок врз Софија да вети дека нема да поставува билатерални условувања и дека веќе се бара механизам за да се спроведе тоа. Германија ја презела обврската за предлогот да се ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во превентивна кампања за заштита на постарите граѓани од измами денеска со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во градскиот парк ја реализираше превентивно-едукативната акција „Внимавај телефонски измами“, насочена кон едукација на нашите постари граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами. Преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа ...

Изложба со 21 фотографија од балкански рисови фотографирани во Македонија, Албанија и Косово, вчера на17 август беше отворена во хотелот „Неда“ во Галичник, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). На изложбата говореше раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој кажа дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид. „Балканскиот рис е апекс-предатор, ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, повторно оди на свадба со службени возила и обезбедување, овојпат во Кондово. На видеото во продолжение се гледа колоната возила која го обезбедува Гаши. Ова не е првпат претседателот Гаши да ги искористува државните ресурси за приватни потреби. Претходно спикерот со колона возила ја помина границата со Косово, каде исто така беше на свадба. Тогаш реакција имаше само од јавноста, додека надлежните ...

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера. Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес. Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути. Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата ...

Попладнево беа одиграни два нови натпревари од 2.коло во ПМФЛ, двата во Скопје, и тоа со победи на гостинските екипи. Шампионот Шкендија и ја определува улогата на фаворит и на гостувањето во Ѓорче Петров ја победи Македонија со 1-3. Тетовци победата ја најавија уште во осмата минута со голот на Адеми. Работата им ја олесна Кабаркс кој во 17. минута заработи директен црвен картон па македонија во продолжение играше со играш помалку. Во второто ...

Фудбалерите на Арсенал го преживеаја и славеа на гостувањето кај Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со минимални 0-1 (0-1). Моментот кој го реши натпреварот од првото коло на Премиер лигата беше голот на Рикардо Калафиори, а иако „црвените ѓаволи“ во продолжението доминираа и го стиснаа ривалот во целост, не успеаја резултатски да се вратат. „Топчиите“ тргнаа отворено од стартот, додека Јунајтед ја чекаше својата шанса попретпазливо. За нијанса ...

Кремљ денеска го потврди распоредот за очекуваната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, со разговори што треба да започнат во петок околу 11:30 часот по локално време (21:30 по македонско време). Војната на Русија против Украина ќе биде главна тема на агендата, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. По консултациите, Трамп и Путин ќе одржат заедничка прес-конференција. ...

МВР не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани за да учествуваат на ,,Маршот за ангелите”. Кочани под блокада за време на „Маршот за ангелите“. Со оваа постапка, директно се нарушува уставно загарантираното право на слободно движење и правото на мирен протест, две од темелните демократски вредности гарантирани со Уставот. Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и ...

Евгенија Нацулиду, претставничка на организацијата „Крсте Мисирков“ за македонската заедница во Грција, вели дека оваа заедница претставува една од најзапоставените и најзагрозените малцинства во Европа. Во интервју за „Приморска дневник“, таа истакна дека грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата. „Официјалната позиција е дека во Грција нема малцинства, освен муслиманската заедница во Западна Тракија, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Берлин за да учествува на онлајн-разговори со европските сојузници и американскиот претседател Доналд Трамп, пред предвидената средба в петок на високо ниво меѓу САД и Русија за војната во Украина. Зеленски беше пречекан од германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој ги организираше видео-конференциските средби за да се осигура дека Киев и неговите европски партнери ќе бидат информирани ...

Оскар Пјастри, возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци. Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше. По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор за ...

Сериозен скандал го потресе македонскиот фудбал откако Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава против седум лица поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ од Гевгелија и ФК „Башкими“ од Куманово, одигран на 6 мај 2025 година во Гевгелија. Полициската акција е спроведена по наредба на Основен суд Гевгелија, а претходно биле обезбедени информации и докази од предистражната постапка. При претрес на две локации ...

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. „Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?!? Јас лично го ...

СДС молчи за тоа зошто со парите од Еразмус + купуваа судии како Нанев и што всушност бараа за возврат, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Заев преку Лидија Димова, доделија грант од Националната агенција Еразмус + во вредност од 120 илјади евра, па ни помалку ни повеќе, судијата Лазар Нанев, кој беше дел од Судскиот совет и е втор човек по Наќе Георгиев, да биде дел од една коруптивна шема. Дали со овој проект и ...

Иако мнозинството и СДСМ даде виза 0,5 проценти од запишаните избирачи да е потребно да се соберат од група граѓани за кандидатура на локалните избори, Собранието не обезбеди бадентерово мнозинство, оддносно Европскиот фронт гласаше против. Измените нна Изборниот законик со кои требаше да се регулира учеството на независните кандидат не поминаа во Собранието. Иако мнозинството и опозициските СДСМ и Левица даде виза 0,5 проценти од запишаните ...

Жителите на Преспа повторно излегоа на протести и блокади против, уништувањето на природните ресурси во регионот. Иницијативата „Зелена народна стража“ информира дека вчера, 16 август, во селото Љубојно се одржаа блокади на патот што води кон шумата каде се врши сеча. „Сложно и сѐ е можно! Кога народот го брани својот дом, ни еден потпис од некој си надлежен не може да застане на патот,“ стои во соопштението на иницијативата. Активистите ...

Зелен Хуман Град се незадоволни од случувањата со измените на Изборниот законик во Собранието, со кои првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%. Пратениците без ДУИ вчера не ги изгласаа измените, бидејќи не беше обезбеден Бадентер и сега се чека Упатството на ДИК за на хартија да се види дали треба или не собирање ...

Грчките власти објавија јавен повик за аплицирање за државна стипендија за додипломски студии на грчките јавни универзитети, почнувајќи од академската 2025/2026 година. Меѓу понудените програми се: грчки јазик и литература, историја и археологија, заштита на антиквитети и уметнички дела, новинарство и медиуми, теологија (вклучувајќи исламски студии), право, економија, политички науки, медицина и здравствени науки. Познавањето на грчкиот јазик е ...

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници вчеравечер на натпреварот со Романија. – Овој млад тим покажа карактер, по три дена имавме некаков менталитет и карактер кој мора да ни оди нагоре. Затоа мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме. Романија го имаше резултатот, но ние не се предадовме до крај. Затоа уште еднаш потенцирам дека сум ...

Екипата на Ливерпул со тешка победа над Борнмут (4-2) ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата. Актуелниот првак „играше на бранови“, повторно покажа слабости кои противникот ги искористи, но за разлика од средбата против Кристал Палас во Комјунити Шилд, овојпат успеа да одговори и во завршницата да дојде до посакуваните три бода. „Црвените“ дадоа голови во вистински време, летното засилување Екитике стрелаше во 37 минута, а потоа беше ...

Шпанија, како и повеќе земји од југоисточна Европа, е зафатена од исклучителен топлотен бран, поради што постојано избувнуваат и шумски пожари. Повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани поради шумски пожар во близина на шпанското одморалиште Тарифа, популарна дестинација за германските туристи. Меѓу погодените се посетители на плажа, гости на одморалишта и жители во областа Плаја де Атлантера и Плаја де Болонија, околу 25 километри северозападно од ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше на презентација на новопристигнатата опрема во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, донација од САД. На презентацијата присуствуваше и Амбасадорката на САД, Анџела Агелер. „Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество коешто ќе напредува и ...

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на ...

Од ТАВ Македонија утрово информираа дека ноќеска во 02:50 часот на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнала дојава за бомба, со што сите летови биле привремено запрени до 6 часот, по што се воспоставило дека заканата е лажна. „Рано утринава, 16.8.2025г., околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје. ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви. -Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Прв пат во Македонија, ќе се откупува ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.78
93%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
98%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1015
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
92%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Бакар

11.02

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Злато

139515.92

Сребро

2159.30

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Платина

64478.87

Цинк

3.04