
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Поранешниот висок функционер Артан Груби сподели роденденски честитки од блиски пријатели и роднини, во својата прва јавна активност по неколкумесечното исчезнување. И покрај објавата, Груби не откри каде се наоѓа, ниту кога би можел да се врати во земјава. Груби на 15 декември 2024 година ја напушти Македонија во рамки на т.н. „приватна посета“, но неговото подоцнежно отсуство прерасна во сомнително бегство. Министерството за внатрешни работи ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури со кои се соочуванме деновиве. Од ИЈЗ објаснуваат дека кога амбиенталната температура се приближува или ја надминува телесната температура од околу 36,7 степени, телото потешко се лади. Високата релативна влажност дополнително го попречува испарувањето на потта, со што се намалува способноста за саморегулација. Ова може да ...
Преспанското Езеро со последни сили се бори за живот. Освен губитокот на вода кој од година во година е се поголем, овој природен басен се соочува со се поголемо загадување од прекумерната употреба на пестициди врз овоштарниците во Преспа. Според анализите на Министерството за животна средина овоштарите употребуваат фунгициди, инсектициди и хербициди или околу 65 тони пестициди годишно. Во повеќе наврати во езерото завршуваа и непродадените ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нејзините дисциплинци конечно донесоа одлука за неодиграниот меч меѓу Алкалоид и АЕК во финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Грчкиот тим не истрча на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и поради тоа ЕХФ отвори случај кој дури денеска доби официјална завршница. Алкалоид го доби натпреварот со службени 10-0 и си оглед на тоа што претходно славеше и во Атина, тимот предводен од Кире Лазаров е освојувач ...
Шпанија како актуелен европски шампион се избори за нова победа над Франција, па така во репризата на полуфиналето од континенталниот собир, избраниците на Луис де ла Фуенте денеска славеа со 5:4 во Штутгарт. Во една спектакуларна фудбалска претстава, двете селекции се погрижија за вистинско уживање во полуфиналето во Лигата на нации, а на крајот заслужено е тоа што Шпанија ќе ја гледаме во финалето во Минхен против селекцијата на Португалија. ...
Банкарскиот систем е стабилен, вели гувернерот Славески. „Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за Македонската информативна агенција (МИА), потенцирајќи дека фиксниот девизен курс и натаму ќе биде цврста основа на макроекономската стабилност во земјата. Гувернерот истакна дека режимот на девизен курс којшто го ...
Скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија. Економските мерки и политики преземени и спроведени од Владата, даваат резултати. Трет квартал по ред, македонската економија бележи раст на БДП од 3 или повеќе од 3 проценти. И тоа се случува во период кога еден од нашите најголеми трговски партнери, Германија се соочува со сериозни предизвици, затоа што нејзината економија е во стагнација. Тоа покажува дека со добро ...
Бугарските политичари извршија притисок врз Европскиот парламент да го одложи извештајот за пристапувањето на Македонија во Европската Унија, обвинувајќи го пратеникот задолжен за извештајот Томас Вајц дека е премногу близок до земјата-кандидат, пишува „Политико“. И покрај договорот меѓу главните политички семејства за усвојување на извештај за напредокот што го постигна балканската земја на патот кон пристапување во ЕУ, пратениците во среда го ...
Зголемен е бројот на повици за реагирање поради последици од изложување на сонце – велат од Итната медицинска помош . Од таму апелираат граѓаните, особено хронично болните и старите и изнемоштени лица да ги почитуваат препораките бидејќи работат со ограничен капацитет. „Последната недела, како што се затопли времето имаме значи зачестени повици, да кажеме од таквите пациенти коишто се жалат на здравствени проблеми. Затоа, ги замолуваме да ...
Холандската влада падна утрово кога Герт Вилдерс, лидер на крајнодесничарската партија ПВВ, ја напушти владејачката коалиција поради несогласувања за плановите за азил, објавија холандските медиуми. „Нема потписи за нашите планови за азил, нема промени во главниот коалициски договор. ПВВ ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалните медиуми. На прес-конференција минатата недела Вилдерс презентира план од десет точки за намалување на ...
Последните двајца пациенти кои се лекуваа на Ургентниот клинички центар во Белград, повредени во пожарот во Кочани, денес се пуштени од болничко лекување. Се работи за 23-годишно момче и 24-годишна девојка, кои своето лекување ќе го продолжат во Македонија. Докторот Милан Стојчиќ, раководител на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Клиничкиот центар рече дека со тоа сите 17 пациенти кои биле примени на 16 и 17 март годинава се ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Алкалоид (23:29) во денешното дерби на македонската машка ракометна Супер лига и во позитивна атмосфера ќе го дочекаат дербито за титула со Вардар. Битолчани настапија без Филип Кузмановски, но сепак стигнаа до победата на гостински терен, нешто што им беше потребно по поразот во финалето на Купот од најголемиот ривал Вардар. Пелистер уште на полувреме водеше со 14:18, Алкалоид во продолжението еднаш ...
Селекцијата на Португалија е финалист во Лигата на Нации. Вечерва во Минхен на “Алијанц Арената“, Роналдо и другарите славеа со 2:1 против домашната селекција на Германија и тоа откако “панцерите“ водеа со 1:0 со голот на Вирц во 48.минута. Потоа Португалците заиграа одлични и со головите на Консеисао и Роналдо, за само пет минути, во 63. и 68.минута, направија пресврт и дојдоа до победата. Ова за Роналдо беше 220 настап за Португалија и 137 ...
При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа од ДСЗИ. – Имајќи предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесе иницијатива до министерот за здравство, ...
Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два ...
Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоа формална претставка до Владата, барајќи итна акција за повторно прогласувње и заштита на Националниот парк „Маврово“ во согласност со законските одредби. Тие изразуваат загриженост поради долгиот процес на трансформирање на НП „Маврово“ според постојното законодавство и меѓународните стандарди. Тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата на ова критично подрачје и ја попречува ...
Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб ...
Амбасадорот на Европската унија во државава, Михалос Рокас, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, ќе го прослават Светскиот ден на животната средина со иницирање на активности финансирани од ЕУ, во вкупна вредност од 7 милиони евра. Овие средства се наменети за изградба на системи за собирање отпадни води и инсталации за нивна обработка во селата Претор, Стење, Крани, Долно ...
Повод: Одложено гласањето во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), за усвојување на предлог-извештајот за Македонија По предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вчера го одложи гласањето за усвојување на предлог-извештајот за напредокот на пристапниот процес на Македонија, за 24 јуни. Изготвувачот на споменатиот извештај, Томас Вајц, во образложението на предлогот ...
енцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Засилена е контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на Светската организација за здравствена ...
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Зелен хуман град во Советот на Град Скопје денеска не дозволија да се расправа за дивоградбите во Општина Чаир. По барање на градоначалничката Данела Арсовска беше свикана вонредна седница, но бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Зелен хуман град не гласаа или беа воздржани за дневниот ред, немаше мнозинство, па седницата не се одржа. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваа Арсовска да се обрати од ...
На предлог на известувачот за Македонија, Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП на денешната седница требаше да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ...
Иницијативата „Support Kocani“ речиси три месеци макотрпно собира средства, но и медикаменти за повредените во трагедијата во „Пулс“. Пожртвуваноста на младите кои се здружија со цел да помогнат на секој еден кој има последици од кобниот 16 март, продолжува. Контактираат со компании, иселеници, странци кои им испраќаат по цели куфери со потребни работи за преврски. „Денес стигна уште една донација од сограѓани во Чикаго, лепенки за лечење на ...
По трагичната смрт на тригодишно дете кое било хоспитализирано во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци, денеска во установата се спроведува вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Воедно, болницата информира дека е формирана и внатрешна комисија која ќе ги испитува сите околности поврзани со случајот. Од болницата соопштија дека со „огромна тага и жал“ ја информираат јавноста за смртта ...
Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата. -Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа седум се во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во моментов нема јасни информации за тоа што ќе предложи руската страна на најавените преговори во Истанбул, закажани за понеделник. „Ние го немаме тоа, Турција го нема, САД го немаат тоа, а ниту другите партнери. Засега не изгледа многу сериозно“, рече Зеленски. Тој истакна дека во петокот разговарал за ова со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека „сите сакаат Русија да ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига, која за нашите репрезентативци започнува овој викенд со турнир во словачката престолнина Братислава. По две недели напорна работа, селекторот Јошко Миленкоски им даде краток одмор на одбојкарите, па викендов имаа два дена слободни. Но веќе од понеделник изутрина, тимот се врати во Струмица, каде акцентот сега е ...
Симоне Инзаги ја напушта клупата Интер по взаемен договор, објавија официјално од клубот. Тој ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија како тренер на Ал-Хилал. Ова е епилогот по денешната средба помеѓу тренерот, претседателот Џузепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аузилио. Поранешниот напаѓач го напушта „Џузепе Меаца“ по четири сезони. Во тој период освои шест трофеи, меѓу кои една титула и два Купа на Италија. Под негово водство ...
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку писмено соопштение му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, во кое го обвинува дека му дозволил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нелегално да легализира дивоградби. Арсовска вели дека Мицкоски дозволил Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ја заплашат и да ѝ се закануваат за да се повлече од разоткривање на, како што вели, криминалот што го прават во ...
На земјиштето до Собранието кон Домот на АРМ, кое е тревник и наместа асфалт и кое е на површина од 1,5 хектари, ќе се забранат градежни активности и протести, собирања и манифестации. Се прогласува за безбедносна зона. Со закон во иднина се забранува продажба на ова земјиштето кое моментално е продадено, но всушност се пропишува како ќе му се земе на купувачот, а парите што ги уплатил ќе му бидат вратени. Тоа место беше купено за градба на ...